Според мене, навистина фин дечко нема никогаш да речи дека е фин дечко и дека заслужува девојка што ќе ја сфати неговата вредност. Фините дечковци се фини со дела, а "најс гајс" секогаш се јаки прво на зборови, се фалат како се тие едни од ретките денес и треба да им се клањаш. Фините дечковци и да се одбиени се однесуваат зрело кон тоа и се повлекуваат, а "фините" фрлаат тантруми, се пасивно агресивни, вреѓаат и во краен случај се физички насилни. Фините дечковци навистина почитуваат девојка и ја третираат како што треба бидејќи знаат како да се однесуваат, "фините" дечковци се скриени нарцисоидни манипулатори. Недијагностицирани синови со trust issues кои потајно го мразат женскиот род. Од мое скромно искуство со мажи во животот, сум имала двајца кои ради нивната финоќа не ја поминале фазата од пријателство во дејтинг. Едниот пасивно агресивно се повлече и не ми пиша цела недела јер лут, бидејќи тој еден ден не ми се одеше каде што тој сакаше, а фин мирен тивок го мислиш, а другиот почна да се кара со мене како девојките денеска сакале само лоши момци, клошари што ги третираат ко ѓубре, додека тие фините ко него биле газени, тој се трудел, бил финансиски стабилен, ќе ме сакал и гледал. Еднаш и подарок сакаше да ми купи и кога одбив бидејќи ми беше незгодно, не се ни дејтавме, почна да ми кажува во смисла како не ми било срам што не сум го ценела, подарок не се одбивало. Секако после тоа не излегов пак на кафе. Сум имала неубаво искуство и со "лоши момци", ама овие финиве секогаш ми биле некст левел. Мислам веќе се научив да ги гледам оддалеку и едноставно гоустнување треба за вакви ко ќе почнат да даваат симптоми на "најс гај".
@Trexane на кои конкретно мислиш кога велиш "првите" и "вторите"? Ми треба малку поќе контекст, не разбирам.
Сум дала да, свесно. Дали се покажало возможно за мене? Не, и тоа повеќе пати. Цената е сопственото здравје.
Демонке, маај тагови да видам дека вакви прекрасни теми се отворени Најс гајс се мажи кои суштински се мизогинични и тоа многу, само самите не се свесни за истото. Имаат уверувања што сакаат жените и се обидуваат да ги прават тие работи со цел да дојдат до девојка. Но, ако загребеш под површината, или уште подобар, најдобар "тест" е - одбиј го, промени датум за гледање, направи некоја измена "по твое" и ќе доживееш страшна опозиција, а често и ако доволно е тригернат ќе ги каже сите бљувотини кои ги мисли. Најчеста и најкористена реченица: е ти не сакаш добар дечко, сите сакате сељаци кои ве тепаат, ќе завршиш сама и ќе ти биде криво... и сл. Ко тоа што не ме тепа да треба да е не знам, бонус поени? А не нешто што не треба ни да зборуваме дека не смее? Дека се подразбира? Тоа дека не ме изневерува, не ме пцуе, нели се подразбира? Кога ова однесување стана "бонус"? Добриот дечко, суштински добриот, слуша. Не постои совршен човек, но ако веќе се гледам со некого и зборувам со него за разни важни работи за мене очекувам емпатија и слушање и разбирање за сето она што го зборувам. И да се разбереме, добриот дечко/маж секогаш е феминист. Ако не е, не е добар. Најс гај е типот што ќе те лавбомба, ама и ќе искоментира некое срање за "прелибералните", "лесни жени", "не си како другите жени", "ти си вајф материјал", "порано беше подобро, баба и дедо 70 години во брак се..." и слично. Тоа е не само неедуцирано, туку и tone deaf размислување што е многу сериозно црвено знаме за маж 25+ годишен. А да не зборувам за моја генерација и постари, може и небото да ми го даде, џабе ако не сфаќа што му се зборува и ако до сега не научил дека жена порадо ќе остане сама, отколку да биде со било кого за да не биде сама.
Само ќе додам. "Најс гај" можи да прај "перформативен" феминизам. Нешто налик на "pick me", а уствари пак во сржта да проѕира мизогинија.
Да, да, ама ќе се "издаде" лесно затоа што рака под рака одат овие размислувања. Затоа што можеш да го прашаш прашање за кое не размислувал, а од мое искуство често не размислуваат за презимиња, на пример До сега сум имала доста драматични реакции на муабетот "јас засекогаш ќе го задржам моето презиме без да додавам и менувам ништо, а и децата сакам да носат и мое презиме", обично се тотално изненадени Оти феминизмот не го ни сфаќаат, размислуваат површно и оттаму всушност и потекнува тоа "глумење феминизам" кога коментираат колку се против насилство и слично, но тоа се работи кои се подразбираат, не треба ни да ги дискутираме, нема бонус поени другар што не ми маваш шамари Ама сè што задира во "машкоста" и "глава на семејство", обично е силен тригер
Ме интересираше, ако добро те сфатив никој ид нив не чини.. како да разграничиме кои се ок момци, а кои не? Тука ме збуни и затоа те прашав.
Па членката конкретно збора за отворено лоши дечки и "прикриено" лоши. Зато и прашав за дообјаснување. Нормално ни едните ни другите не се ок од нив.
Едноставно е Старкче. Колку човекот навистина е феминист, колку навистина сфаќа и поддржува секаква рамноправност? Ако го одбиеш, не досаѓа, не замара, не бара објаснувања, не чувствува дека нешто "му должиш" затоа што бил "добар". Ако му кажеш "не", сфаќа дека НЕ си заинтересирана, со упорност и "удварање" нема да те предомисли. И најважно, не чувствува потреба да ДОКАЖЕ дека е добар. Не очекува пофалби за тоа што се однесува како нормално човечко битие, не очекува баш ништо за возврат за ова. Не мисли дека жените сакаат "лоши момци" и "бета мажиња". Не се чуди што жените НЕ им веруваат на мажите за својата безбедност генерално. Има уште многу, ама не си жена, "чувство за чувство е", искуството прави брзо да ги препознаваме.
Ова особено лошо се манифестира на Балканот оти во менталитетот ни е да правиме хаос ако нешто не е по наше. Многу викаат, вие жените сте криви не е можно да не си ги покаже роговите. Ако кажам дека бившиот и во фамилија и на работа буквално скаруваше и смируваше луѓе за лична корист и тоа врски со децении што биле... Многу се потценети овие типови, имаат способност комплетно да изглумат цела личност и карактер и да го одржуваат сѐ додека работите им се одвиваат по нивен терк. Буквално братучед му се лутеше на оној на којшто овој му вика да не праи муабет, а самиот праи муабет. Мајка му родена ради лични калкулации би продал. Макијавели. Дури откако се разделивме, некои работи мораа да се обелоденат што првично не беше план од толку што голем дел беа измамени да веруваат дека јас сум лошата
Баш ова. Оној кој ќе го каже ова, знам дека не е имал работа со манипулатор/ најс гај/итн.... Таквите мажи се буквално способни да се претворат во сосема друга личност само за да те придобијат и да те фатат во стапицата. Абе нема да го приметиш оти му фали даска во главата, маската подоцна му паѓа. Ама тоа е. Имаат среќа овие шо не налетале на таков.
Леле, немав појма дека задржување на презиме без додавки и придавки било таков чин на феминизам и задирање во машкост. Мислам, мое презиме, мои чевли, моја фризура- како е тоа нечија туѓа одлука Значи ваљда сите дечковци швеѓани ми биле,случајно родени во мк Абе викам јас Каме, порано поарно беше
И оваа тема и минатата отворена мислам беше за маносфера или слично тотално ги утнавте. Пробувате од женска гледна точка да ги објасните мажите. Некако не оди работата. Темите се интересни, ама ги носите во друг правец, како вие одговара на вас. На англиски има два збора за добар, на македонски само еден збор. Ова е многу важно, а не е спомнато тука. Инаку, на темата, ќе напишам само една мисла: If you scratch a coward, you will find a tyrant Женски форум е, не сакам да се мешам, само вие во заблуда сте. Поздрав
Не сите мажи. Ама, by all means пиши кој дел го пропуштаме. Дека, барем јас, вака би го комуницирала ова. Пред се зошто мене така ме засега. Зошто на потежок начин сум научила да распознавам овај тип мажи, од онај тип кој нема да ми наштети и така прам селекција. И радо би некое девојче да прочита и да препознај и да си спаси нерви и време, него да учи на свое искуство. Ама, ако тебе те "засега" друг аспект и е во склоп на темата - тогаш искомуницирај го. Нормално, ако сакаш.
Ред флег за мене е исто така тип што се однесува со понизен тон кон келнер или општо на улица без никаква култура тогаш е само културен и ок со луѓе каде што има корист. Пример со тебе, додека не те искористи, дали врска или секс..
Женски форум е, не сака да се меша али ќе лапрда пола страна и на крај нишо нема да каже. Барем да ни менсплејнеше ко прав муж, а не да арчи букви за џабе. Мех, мужи. Нејсе, слободно напушти ја ливадава. Петиција Фемина у Ливада да се преимени. Иначе, пример најс гај пример ти е тип шо мрзи најс гајс пред жени ( за полесно да го умочи ), али коа ќе му каеш нешо шо не му чини одма ти кажуе исфустрирана си, нарцисоидна си и ќе заклучи дека и ние жените многу феминизам сме сакале. И после ќе се теши оти никоја не го зимала за муж оти жените сакале само клошари , а не некој најс гај као него. Пример де, не дека се десило. Поздрав.