Фини момци/дечки (nice guys)

Дискусија во 'Сингл' започната од theowndemon, 24 април 2025.

  1. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Овие се мажите што се клањаат на фразата "nice guys finish last". Ќе ја тетовираат, ќе ја урамат, ќе стаат и магнет на фрижидер, како света поука им е.

    Овие се мажите што се мислат дека се овци на пасиште, уствари волкот се маскирани како овца.

    Ако имате налетано на инстаграм страната @mazhite.se.smeshni, ќе најдете и добри примери какви се овие мажи.
    Screenshot_20250427_090647_Instagram.jpg
    Screenshot_20250427_090624_Instagram.jpg
    Секоја комуникација со жена, што не е мајка им, иде добро на почеток. Се додека не го одбиете за секс на прв дејт, тогаш ќе ви се испонаша. Колку бил фин, како може на него да не му иде со жени, како неможе да си најде партнерка за цел живот итн.
     
    На Waverly Raven, GirlLove, Dentina и 12 други им се допаѓа ова.
  2. autumn leaves

    autumn leaves Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2025
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    156
    Сакам љубезност кај машки, но оваа категорија фини машки за кои што се зборува у темава се фејк.
    Еден суптилен знак преку кој може да се провали кој е фејкнајс е самодовербата. Обично љубезност која не е фејк е пропратена со висока самодоверба.
    Овој тип на мажи - волци во овчја кожа се несигурни лузери кои имаат многу ниска самодоверба и анксиозност и вината секогаш ја префрлаат на женското или на останатите и најчесто се огромни кукавици. Така да ноу тенкс.
     
    На senjorita-v, GirlLove, Tinaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  3. makakosi

    makakosi Активен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Машки
    Ајде да ти одговорам, конечно имам време, дека сакам да напишам некој збор повеќе.

    Те цитирам тебе затоа што ти ме цитираше мене на убав начин, беше директна ама не остра како другите што ме цитираа. Ова ти е убава карактеристика и се надевам дека си ваква искрено и надвор од форумот. А другите што ме цитираа пробаа со ниски страсти да ме нападнат, а без да образложат, сакам кажам - не знам речам е нивното.

    Искрено, толку имам да пишам што не знам од каде да почнам, па ќе почнам со виц:

    Само Чак Норис знае од каде почнува кругот :D

    На оваа тема и слично, на машко-женски односи и генерално теми за мажи и жени имам прочитано повеќе книги отколку што тие другите што ме цитирале имаат IQ заедно, барем за оваа тема. Не ги навредувам, само по она што го пишале се гледа како размислуваат (за жал). Имам читано дека ме интересира, не дека ќе ги студирам жени или мажи, туку ми се нашле книгите на киндл за читање па сум ги прочитал. А и пратам по некоја личност на јутуб на овие теми, така да знам да кажам некој збор. Така да овие теми кога ќе ги разговарам или дискутирам ми е толку лесно, фудбалски кажано наместен ми е пенал и голманот е тргнат од голот.

    Пишав и во тој пост што ме цитираше нешто на англиски, ама ај сега на македонски:

    Не постојат nice guys.

    На англиски за ДОБАР е GOOD и NICE. Ти тоа што си го пишала е повеќе за фини момци, во смисла KIND.
    Тоа е повеќе за фини луѓе, генерално. Nice може да е зајак, дека зајакот не претставува опасност. А сите машки - ова ти го кажувам како машко - имаат способност да се опасни. Нешто како волк во јагнешка кожа, ама не е така. Тој што е nice guy, таков е претежно со сите и не избрал да е таков. За машко да е nice guy е многу лоша работа. Од секогаш било така. А поради тоа што ја имаме како пол способноста да сме опасни, насилни, не сме nice guys. Имам една многу добра мисла прочитано пред некоја година:

    it's better to be a warrior in the garden than a gardener in the war

    Тој што е nice guy сигурно не станал некој ден и рекол - од денес сум nice guy. Туку околностите го направиле да е таков. Обично таквите машки избегнуваат конфликт, не се расправаат, немаат свое ЈАС, едноставно не знаат што сакаат. И кога ќе се пуштат на женско да речиме, очекуваат дека се добри со секој, така и да им биде возвратено. Ама кога ќе бидат одбиени, ќе ги видиш дека не се такви, не сите нормално. Е сега зошто е така има еден куп причини. Родители, фамилија, брат/сестра, пријатели, роднини (ова може е чудно ама имам фанстатичен пример за ова), општо околината го направила да е таков.

    А ти реков дека не ги разбираш мажите и дека не можеш да ги објасниш поради тоа што не знаеш како функционираме.

    Само еден пример

    Здраво машко има во просек од 13 до 20 пати повеќе тестостерон од здраво женско.
    Неодамна на еден американски подкаст зборуваше една жена која се натпреварувала во бодибилдинг и истата имала земено некоја хемија неколку недели пред натпреварувањето - дали стимуланси, дали стероиди - не ми текнува. Ама било за зголемување на тестостерон за да има повеќе мускул. Нормално ова е се проверено без последици. И поради тоа што имала неколку пати повеќе тестостерон од нормално за женско, во тие неколку недели била нонстоп напалена и самата кажува дека се пуштала и на машки и на женски, имала јак нагон и не можела да се контролира. И рече во подкастот дека во тој период барем на кратко осетила како е да имас толку тестостерон во телото. А замисли како му е на мажите со ете 15 пати повеќе од жените.

    И тие nice guys го имаат истото ниво како и секој маж а нема каде да го извадат, па се случуваат глупости.

    Порано за да мажите имаат женска или да се женат, генерално требало да имаат две работи - да изгледаат пристојно и да имаат работа. Толку. Ама дојде феминизмот и се уништи. Мажите не се променија, туку се променија жените, почнаа да бараат преку лебот погача и имаме тоа што имаме денес, да секој втор брак или секоја втора жена е несреќна. Мажите кој ги прашува, ние сме на дното на општеството. Гледај што се случува во Америка, јас сум во Германија и гледам, а за жал се тоа иди и кај нас.

    Една добра книга за оваа тема е:

    No More Mr Nice Guy by Dr. Robert A. Glover

    Кога мажите ќе си ја превземат улогата во животот и општо, нивниот живот во свои раце, тогаш и самите мажи се посреќни, а и жените околу нив се посреќни.

    За состојбата во светот криви сме само ние мажите, тоа мене ми е јасно. Не да сме криви, сме за ќотек дури не ни дојде паметот. Сите проблеми идат од нас. И јас како машко тука спаѓам, нема исклучок. Сите сме за никаде. Ама така сме растени, тоа има големо влијание. Ама тоа е друга тема.

    Криво ми е што жените трпат поради ова, дека жените имаат доволно маки во животот и не им требаат и вакви работи од мажите. Ама во Македонија каде што нема можност секое машко да се тргне да живее настрана од фамилијата и да си гради свој живот, не може да се променат работите. По 2-3 генерации живеат во една куќа и како тогаш младите ќе си го средат животот? Знаеме како е и поради тоа има еден куп проблеми и браковите пукаат. Барем во моја околина е така, дека самите мажи се nice guys и кога станува збор за нивниот брак. Се мешаат трети лица во бракот и готово. Не читам по други теми дека не ме интересира, ама претпоставувам дека и во темите каде што се зборува за љубовни или семејни проблеми се мешаат трети лица, а ако мажите дигнат рачна, т.е. созреат малку, не би постоеле 90% од тие теми и проблеми. Претежно почнав да ја читам темата Македонки во Германија, дека кога имам пребарувано на гугл за некои работи во врска со документи и визи и слично, гугл меѓу другите резултати ми вадеше и резултати од овој форум, од темата за Германија. Дека живеам на север и планирам да се преселам или на друго место во Германија или да се вратам во Македонија. Ама тоа е друга работа

    И штом жена спомне дека е феминист, или каже дека сака маж феминист, толку е од муабетот. Секој збор после тоа е залудно кажан, дека тие си живеат во нивни посебен свет и не може човек ништо да им докаже. Уште една книга ќе споменам тука, во врска со феминизам - што за мене е најголемиот убиец во историјата. Сеуште немам сретнато феминистка да ми одговори на прашањето што е феминизам и кои се целите на феминизмот (не е една цел).

    Книгата е:

    Why Men Earn More by Warren Farrell

    Авторот ја напиша книгата за негова ќерка или негови ќерки, не знам колку има. Значи со добра намера.

    Жените сакаат мажот да има одговорности, ама не и авторитет во врска или брак.

    За крај, две мисли од Апостол Павле и Апостол Јаков од посланијата:

    Апостол Павле:

    Мажи, сакајте ги вашите жени. Жени, почитувајте ги вашите мажи

    Апостол Јаков:

    Твоето ДА да е ДА, а твоето НЕ да е НЕ.

    Имам уште многу за пишење на темата, може не кажав многу, ама мислам дека што и да пишам е залудно, дека само си ги кршам прстите од тастатура.

    Ми текна уште нешто

    Од Игор Џамбазов - каков таков, човекот знае што зборува. Цитирам:

    - Ги сакам жените ама не можам да ги трпам повеќе од два часа. Многу барате, малку давате.

    Поздрав
     
  4. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    42.062
    [​IMG]
     
    На Nausicaa, Waverly Raven, sparklie и 16 други им се допаѓа ова.
  5. autumn leaves

    autumn leaves Активен член

    Се зачлени на:
    25 април 2025
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    156
    Он сериозно мисли дека глупиов реферат ќе му го исчита некој :D
    Каков оптимизам.
     
    На sino.o.oka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    12.762
    Пол:
    Женски
    hey, so this is insane.
     
    На eliesaab, Curious cat, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  7. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.138
    Допаѓања:
    174.920
    Пол:
    Женски
    Многу пиша, а ништо не кажа. :D

    Сем то дека веројатно неќиш жена (?) као зошто би ти сметала жена да е индивидуа, а не објект или дека е ту мач поќе од два часа? Феминизмот бил лош? Мислам сфаќам дека е лош феминизмот ако мажот не добива се шо сака, односно, ако мажот треба да понуди поќе од the bare minimum за да е одбран. Јебига, и за нас е селекција ко ќе некој се чука во гради дека нема основен респект за жена.

    И сфаќам дека реченицата на крај е цитат и пренагласвање на ситуација ама никогаш со мене не седат добро такви "мајтапи". Или во зборовите на мојата муза Dove Cameron, не ми треба некој шо не можи да ме трпи со цела моја "muchness" @makakosi

    Следно, терминот nice guy има одредено значење во "модерната" комуникација на дејтинг просторот. Така да дали ќе збораш за зајци и тестостерон... it ain't relevant boo. Пошто ... то не е темата? Темата е одреден тип на мажи, и како тие имаат ефект на жените зошто тие мажи постојат само во однос на жените. Пак ќе речам, не сите мажи оти често то се "фрла" кога се дефокусира од важна тема за жени. Сем ова. Пошто е за мажи ваљда па наеднаш одреден тип на мажи скокат дека сме зборале за сите мажи. Нема да е некој најс гај ако нема жена шо сака да ја фати.

    И последно. Самата ранливост на то како некој ти вратил "дрско" па не само шо врати дрско, па као демек ги дискредитира па уше не било навреда? Ми кажа се шо треба да знам. :D Па и во најмала рака ова и очекував. Арно само проработи апот за гла инаку не вервам дека ќе имав концентрација да прочитам (цело).
     
    На senjorita-v, Bezimenka90, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.792
    Допаѓања:
    40.682
    Пол:
    Женски
    За мажите - најс гај е ироничен термин.
    Не дека стварно сте најс туку дека верувате дека сте принцот на бел коњ, а во реалноста сте мизогинист кој се крие позади маската на мирен и тивок маж.
    Вистински најс луѓе не идат на сите да им кажуваат колку се најс додека секој потег им е искалкулиран за да имаат лична придобивка.
     
    На Nausicaa, sparklie, senjorita-v и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.186
    Допаѓања:
    56.881
    Пол:
    Женски
    Како им е? :D

    Да елаборираш повеќе што сакаш да кажиш со ова? Оти целото мислење (што некако го прочитав) сумирано ми личи дека ништо не е ок денеска оти жените не си го знаат местото и многу бараат.
     
    На senjorita-v, CameliaMiller и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.792
    Допаѓања:
    40.682
    Пол:
    Женски
    Една од целите на феминизмот е да се опаметат жените да немаат потомство со мажи со вакви размислувања. ;)
     
    На Waverly Raven, sparklie, senjorita-v и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    21.457
    Пол:
    Машки
    @makakosi

    А обратно од сето ова што го напиша дали ти си растен и учен дека со агресија и доминација, односно да имаш контрола врз жената е тоа вистинското и да ја третираш и омаловажуваш како плен?

    Оти ми даде некој таков вајб на сио овој текст полн со предрасуди каде ги навредуваш сите. Сите имаме достапни книги и интернет да прочитаме по нешто повеќе и слично. Кога ми мешаш библиски цитати со цитати од еден комарџија што не е никаков репер за семејство и фамилија. :)
     
    На senjorita-v и Dentina им се допаѓа ова.
  12. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.314
    Допаѓања:
    26.945
    Пол:
    Женски
    Бро :D
     
    На CameliaMiller, Dentina и theowndemon им се допаѓа ова.
  13. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.384
    Уште еден обожавател на Тејт се јави? Бој, о бој, баш го најде форумот. Те читаат ко букварче.
     
    На Milobebence, Waverly Raven, Калатеа и 8 други им се допаѓа ова.
  14. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.127
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Не си во тек со темава, не е во оваква смисла дискусијата. Nice guy e фраза претежно користена на интернет. Тоа се мажи што се агресивно фини до степен да ги манипулираат жените за да добијат нешто, претежно секс и врска. Тие мажи се прават жртви зошто неможат да најдат партнерка поради нивната ароганција и ако жената не потклекне на нивните барања ја напаѓаат, навредуваат.
    Вакви мажи има на Reddit, цел subredit има r/niceguys.
    Имаш и на Јутуб примери и објаснувања.
    За подобар контекст:
     
    На CameliaMiller и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.138
    Допаѓања:
    174.920
    Пол:
    Женски
    Побрзо немам лајкнато мислење од сега, видео од Jordan Theresa шо ти прај :inlove:
     
    На злоба му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    188.181
    1. Тестостеронот на светско ниво е во слободен пад, не се занесувајте многу многу
    https://www.givelegacy.com/resources/testosterone-decline-among-young-men/
    И никаков изговор не е. Замисли, дедо ми имал повеќе тестостерон од татко ми, татко ми повеќе од брат ми, и ниеден од нив не скокал од жена на жена како на трамболина, јер, well. .. aj може ќе ти текне зошто.

    2. Како лошиот феминизам ги научи жените да бидат несреќни?:^)
    Феминистка сум. Не верувам во мажи феминисти, просто такви не постојат. Живеам со еден маж 20 години, со еден нормален маж, и ниту тој ниту феминизмот не влијаат никако на мојата несреќа, баш напротив.

    И 3. Најпосле- кој им брани на кутрите мажи да созреат?
    Пак, историски. Дедо ми напраил куќа, се осамостоил, татко ми напраил куќа, се осамостоил, кај е сега таа историска тежина на осамостојување? И пак, кој уствари им брани да созреат?
     
    На Dentina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    4.746
    Пол:
    Машки
    Ова е добро прашање за двата пола.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    188.181
    Па он пишал мажи не созревале, ваЉда само они треба да созреат, што знам што сакаше да каже авторот.

    Јас, како феминистка, апсолутно сметам дека две созреани личности треба да основаат семејство, ама јас сум бабарога де]:)
     
    На Mumoftwo30, Realist1 и Stark им се допаѓа ова.
  19. SeñorPink

    SeñorPink Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2024
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Машки
    1.Океј
    2.Тресење зелени на јако, немало мажи феминисти, овај не си верувала у нив?
    3.Дедо ти дигнал куќа со комшиите на припомош, нит струја, нит вода морало да се влече, татко ти слично, само со кредитите Југословенски со 14% за цел кредит, или моите шо ми збореа, од фирма им дале кредит со 2% камата на целиот износ за целиот период, односно за кредит од 100,000 марки требало да платат 102,000 марки за 20 години.
    Јас сега да тргнам да кренам куќа, ќе ми требаат барем 500-600е по м2 изградена површина, без земјиштето и тоа ако јас се заебавам со пола од работите. Клуч на врата се движи во реонот од 900е па нагоре. Нереално е да се споредува куќата на дедо ти, куќата на татко ти и куќата денес.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.060
    Допаѓања:
    188.181
    Дедо ми купил/напраил 3 куќи, ама небитно:D. Без комшиите, со пари, од работа. Твоите амбиции и квадрати се субјективна категорија.
    И не верувам во мажи феминисти. Тужи ме. Као, за што се залага тој мажот феминист- дека може јас да бидам шеф наместо него? Ама знаеш, јас имам жена и деца, на жена ми и требаат поише пари, мора да бидам шеф. Абе ај|(