Братов рече ние што сме го цитирале немаме вкупно IQ колку што он читал за машко-женски односи, ама не сакал да вреѓа. Bruh... Дефиниција за nice guy. Маж феминист се залага за рамноправност на половите. Ова е сржта на феминизмот и не треба да си жена за да веруваш и да го поддржуваш истото.
@makakosi Гледам читам и не разбирам, сигурно малку книги имам прочитано. Што ти смета кај жена што се бори за своите права? Тебе некој да те тепа, понижува, да те гледа како сексуален обијект, да те гази, нема ли да се бориш? Место да речеш браво... И за што ти е крив тестеронот? Тоа е исто како жена да ти каже еј добив па те изневерив ради хормоните е не поради мене. Тогаш нема ли да сметаш за неверство. И не ми е јасно бе како за секоја жена што ќе помине можете да речете "еј како би ја ебел оваа", "види колкави и се", и јас гледам девојче кога ќе помине покрај мене ако видам нешто убаво на неа, не затоа што ми се присакало да ја ебам, чисто ми се допаднало нешто на неа дали убаво се дотерана, дали има убава коса, очи ама не сум ни еднаш помислил како би ја ебел. И затоа избегнувам вакво машко друштво, ако зборуваме за секс ќе се шалиме се, ама кога ќе почнат да кажуваат на која што правеле, која како се ебела, или недај боже да извади телефон и ја покаже девојка му гола... Немам зборови мислам ме разбра.. Ако некој сака да живее сам со жена му ќе даде се од себе и ќе ја одвој да не живее со твоите, ќе работи 3 работи ќе најде за почеток една мала гарсоњера ама ќе се снајде. На спрат може, под услов уште на почетокот да се разјаснат некои работи, ама на ист спрат не. Како ќе ни се вмешаат трети во бракот ако ни не дозволиме, да треба да се почитуваат и нејзините и моите родители слушај што ти зборат речи да да ама не иди по нивно ако мислиш дека не е така... И прочитај прво за што зборуваат после суди. Се збори за добри момци, ама не добри добри туку манипулираат дека се добри. Според твоето мислење, затоа што имам поинакво најверојатно сум педерче или што знам папучар или можеби само не сум начитан. Ама подобро ќе бидам било што од ова отколку да газам по било кој, особено по жена. Чекај малку ако сте свесни за тестеронот и знаете дека тој е заслужен што мажите се посилни, тогаш што се борите со некој што го нема и е послаб од вас, што кревате рака, што со насилство решавате се, тоа ли е вашата машкост? Искористи го на тој начин што ќе застанеш пред некој што е послаб и ќе се бориш за него против тие како тебе, прорив тој што ти доликува. И знај дека на форум и преку порака нема шанси да се бориш против жените како со кревање рака во живо, 10 пати се попаметни од маж.
Во врска со тестостеронот, за време на циклусот кај жените, највисоко е нивото на тестостерон. Баш тогаш се понашаме налудничаво - овај, како маж. Затоа, да не му текне на некој маж уште еднаш да нарече жена луда кога е во пмс.
Јас колку што знам биолошки се лачи хормон естроген и прогестерон. Првпат слушам за тестостерон.. Тоа ќе резултира со пореметување во телото на жената хахах Се знае кои се машки кои женски хормони.
Ноуп, и мажи и жени ги имаме истите хормони. Разликата е во количината и кој е доминантен (кај жените естроген, кај мажите тестостерон).
И тестостерон имаат и жените само во многу мала количина. Кога е покачен естрогенот телото автомацки прави баланс на хормони и го дига прогестеронот и мал дел од тестостерон. Лошото е кога ќе се вратат хормоните а еден од нив се лачи постојано а најчест е прогестеронот и етети дисбаланс на хормони и затоа често девојки или повозрасни жени често се склони кон нервоза,анксиозност и така натаму.
Тебе вака да не те учеле книги да читаш? Инаку со рефератов, кој патем ГО ПРОЧИТАВ, уште еднаш ја потврдуваш целта на темава.
Чекајте малце, објаснете на жена од 40 години, фин дечко не е фин дечко? Јас мислев ќе кажеме што е за нас фин дечко, уствари требало да кажеме колку фин е нефин. Аииии. Јас значи да ја учам новава генерација, бегај од фин дечко. Јас за малку ќе и речев, барај фин дечко. Иначе ова најс додека не добие што сака, у наше време се викаше нарцис, манипулатор, манијак, несалам, љуткав... Никогаш најс. Или фин фин и ќе ти го спопика. Не бил најс. Ова е болештија некаква. Значи ако е фин на прв состанок ( видов некоја пиша) треба да бегаме од него?!
Овој е фин во наводници. Нема врска со финоча. Ваљда сељак манипулатор е точниот превод. Абе секакви се намножија со интернетов. Ко плевел.
Тој е "фин" во својата глава. Значи се прави "како шо треба" и пак нема пи*ка за него. Епа мало сутра.
Не. Ако е фин само додека му идеш по ќеиф, а кога не му идеш по ќеиф не е фин, тогаш е "nice guy". Овие мажи најпрепознатливи се кога ќе добијат корпа и имаат тантруми Или што постојано потенцираат дека "не се како другите мажи" т.е. другите мажи се лоши, они се "добри".
Аха, да сфаќам. Само што кога јас немав дечковци, овие ги викавме лигави, злобни, манипулатори... Ќе бара секс, ќе добие и више не те сака. Никогаш немаше збор за нив во кој е содржано ,,фин". Вакви се и жените, се му оди по газот, се прави што сака, ама бара да и купува се и да ја носи секаде и да се слика на Инстаграм и да ја гледа ко да е дете. Ако не, нема секс, ќе ми плаче, хитериши, заканува .... Исти се. И нема термин ,,фини". Туку само лош термин. Оти со ова фини, правите две грешки. Првата, ако е некој ставено фин од страв го откачувате (ко што сте пишале у темата) и самиот термин фини прави да мисли некој дека е стварно фин. Да научиме да ги именуваме работите се вистински имиња. Доста се новокомпонирани збунувачки термини. Кажи, лош, манипулатор, злобен, подмолен, куп зборови има.
@Cka и се согласувам и не. Просто, најс гај. Не е само да добие секс и да те откачи, било какво недобивање на нешто што очекувал ( хвалоспеви, потврда дека е во право, ватевр тој си замислил дека заслужил) резултира со хистерични репетитивни реченици, ко оние 2 поста погоре. Го имам приметено на форумов, ќе дојдат и очекуваат тапкање по рамо, како они се супер, девојката била вештерка, обично оправдано со мистериите на хормони (кои елементарно не ги разбираат, ама убедени во спротивното), и пробај да им предочиш дека можда не е така, дека можда има и друга перспектива -а у, плачки квачки Има на форумов тема уште од 2013 или нешто , зошто добрите момци завршуваат последни. Дури сега сфатив дека било дел од синдромов. И многу зачестија вакви коментатори во последно време. Абе сељак манипулатор приучен на интернет, не може сам да ти текне толку глупости одеднаш. Просто резиме од Реин