Во собата си праам некои измени, па откако отстранив некои работи, најдов место и за да додадам фиокар. Сакам некој малечок, со 3-5 фиоки, не многу гломазен. Цената да биде околу 3000-4000 највеќе. Најдов на фб нешто, но стари понуди биле за носење нарачки од Икеа , околу 3000 беше. А сега ко што гледав по наши салони за мебел не најдов ништо такво, а и цените се премногу големи, некако се прецениле... Идеи, предлози, од кај да најдам поевтин фиокар? Размислував и за оние пластични што се, но некако не ми се допаѓаат толку многу...
Зошто не од Икеа? Еве провери тука, можеш да си одбереш и продукт од Икеа Србија, Грција или Бугарија ако не се лажам па да ти го достават ако го немаат на лагер https://odikea.com/how-to-order
@Dream-Girl Јас имам ваков фиокар подолу на сликата што е. Го купив од All for home од Неготино. Ми го пратија по карго и они си го намонтираа. Многу убаво ми се вклопи во собата затоа што и ормарот беше таква боја и си најдов и таква боичка и за фиокар. Над него си ставив и огледало и супер испадна. Пиши ми порака доколку сакаш да ти испратам слика да видиш како изгледа.
Досега немам ништо нарачувано вака онлајн од Икеа, обично во Грција купував и си го носев до тука. Имаш искуство ти околу нарачување? Инаку задоволна сум со мебел од Икеа и доста пристапни цени имаат, би земала од таму.
Не, ама и јас планирам да нарачам, конкретно полици за собата, и јас ја средувам И организаторите гледам дека им се добри, и со пристапни цени.
Јас нарачав ваков фиокар ама помал, преку страна на ФБ па они го земаат од Икеа и ти го носат. И искрено ич не сум задоволна, нема многу место (барем во помалиот) и квалитетот му е ко сама да сум го склопила на час по ОТП. Вака за ситници и за пополнување место во соба може ќе се најде, али дека е баш квалитетен фиокар не би рекла.
дрмке вака ова ти е од Икеа Има два вида Malm i kullen малмот е поскап дупло и поубав медијапан со длабоки фиоки на меко затварање јас го имам дупол 120 е куленот е поплитки фиоки од иверка и нема меко затварање и е 60 е дуплиот Ако земаш земај малм иако е дупло поскап овие на сликате се кулен ке ти пратам слика сеа
И јас би ти го препорачала белото. Можеш дури да го искомбинираш со висечки гардеробер или како и да се вика, исто од икеа и не многу скап. Еве вака:
Баш супер тема каде што можам да искажам незадоволство. Се работи за страна која одамна ја знам и сакав да си нарачам фиокар и шминкерница. https://outleton.com/mk Таман решив да нарачам тие направиле хаос со цените и им пишав порака ништо не враќаат. Зошто не си ги средуваат страните кога функционираат само со онлајн продажба Инаку Дримке не знам друга страна да ти препорачам освен оваа и тоа баш од Икеа се.Ако сакаш пробај исконтактирај ги, можеби ќе имаш среќа.
Јас имав чест, да монтирам фиокари од икеа. Искрено не ми се допаднаа. За тие пари можете да си нарачате од приватниците мајстори, да ви направат фиокари какви што сакате, по ваша желба и замисла.
Провери во Yusk, ние купивме од таму фиокар баш како што замислуваш, беше околу 4.200 денари. Има и бел и класичен дрво дезен, сами го склопувавме и прилично е квалитетен и стабилен. Вака изгледа:
јес да икеа се галабарници ама и затоа се ефтини инаку за 30 е ако ти направе махстор бела кулен погоре е ставена кажи ми и јас ке си порачам сепак и тука е она старото колку пари толку музика