Сите ИТ во МК се горе долу исти со повеќе услови од МК фирма. Приватно здравствено за вработен и член од семејството, пијалоци, овошје, закуски, релакс соби, можност за напредок, курсеви, тим билдинг, службени патувања во странство....е сега некаде и во таквите има токсична култура. Од подобрите се Netcetera, Allocate сеа се вика RLDatix, Endava....
што фали на тоа? не го капирам коментаров искрено Иначе знам луѓе задоволни од таму, и некои кои не им беше по мерак ама мислам дека се стварно ок фирма
Не е само до фирмата, зависи и на која позиција си. Не е исто да си шеф и да си вработен, во кој сектор и да си. Настрана ИТ фирмиве, лидл е прогласен за најдобар работодавец во Србија. Знам неколку луѓе што работат кај нас во лидл во дирекција, задоволни се.
Додека да поминиш интервју и да те викнат на работа ќе ти излезе германската виза Инсче со врски е и ова компанија како и секоја ма балканот а за плата ќе видиме како ќе бидат се надевам луѓето шо ќе се вработат ќе бидат задоволни. Да знаев дека имаш луѓе ќе те барав за врски
Не, немам врски. Знам само една девојка што почна да работи пред некој месец. Се префрли од банкарски сектор. Со оглед на дефицит на квалификуван кадар, тешко дека примаат 'со врски'. Инаку за лидл србија може по српски портали да прочитате
убаво си кажа членот погоре само јас ќе го подисправам- со врски се сите луѓе кои се на позиција во Лидл (нормално тие што се испод нив не баш) и да не навлагам во детали ама скоро сите што се на позиција дојдоа од едно исто работно место мислам дека девојката која што почна таму ќе и станат за некое време јасни некои работи
Имам впечаток дека горе доле исти се и дека зависи од департмент до департмент ама еве знам дека про кредит доста инвестираат во своите враб. Со обуки, академии и патувања на настани, саеми, позмавам задоволни луѓе од таму