Па шо знам, у нашиов продавачките сто години работат и кажуваат задоволни се со условите и платата, соодносно со обврските и стресот, и во споредба со другите маркети.
Talkr е outsorcing компанија што значи дека работи со странски клиенти. Од лично искуство си кажувам дека мене ми е супер и преубаво, работам за УК клиент. Работат претежно млади луѓе, преубава атмосфера, флексибилност од страна на клиентите. Ако сакаш можеш целосно од дома да работиш ако сакаш можеш нон стоп од канцеларија или комбинирано. Платите се супер, има приватно здравствено и секој месец скоро има дешавки, се собираме на пијачка итн. До сега со фирми ова ми е најпозитивното искуство.
А колку вработени се од МК? Кои услуги за outsourcing ги нудат? Каде се наоѓаат канцелариите? Дали пример доколку работиш за англиски клиент работиш за нашите празници а ги славиш нивните, работното време 10-6 или не? Со кои струки и квалификации се вработените? Дали има можност за напредок и учење?
Не знам точно колку вработени сме од МК да ти кажам, јас би препорачала аплицирај си па ќе си дознаеш горе долу сѐ што те интересира. Зависно за секој клиент е различно, не можам да ти кажам конкретно што кој нуди зошто повеќето сме за различни клиенти. Инаку претежно да, мк празници се работат УК не, и работното време на 90% ни е од 10-6.
Не дека имам долго работно искуство во мојот живот, малце повеќе од 7 години, сфатив една работа дека секоја фирма е добра додека твоите способности квалитети се на високо ниво и си тешко заменлив, секогаш ти идат по гзот и ти ги исполнуваат сите нормални барања секако.
Па не баш. Познавам многу луѓе кои биле многу професионални и давале 100% на своето работно место меѓутоа врските пресудиле. Зборувам баш за голема приватна фирма .
Нема врска дали некој дава 100%, затоа што ако некој дојде и даде 20% ама фирмата заработила повеќе пари од тој што дал 20% секако ке го ценат.
Под 100 % мислам и на тоа дека ја зголемила и продажбата и профитот на фирмата. И не можеш да ми кажеш дека некој што дава 20 % треба да го унапредат пред тој што дава 100 %.
Ако тој што дава 20% носи поголем профит од тој што дава 100% секако дека треба, а тој што дава 100% и го бркаат значи не е добар во својата работа, simple as that
Повеќето имаат токсична култура, за жал. Не знам зашто никој не збори за отпуштањата во последниот период. Сивус, РЛДатикс, Хазелт... Ваљда пошто храна и тим билдинг со неограничени пијачки во Грција е доволно да зборуваш како ти е супер на работа. Приватно здравствено е нешто што добро ја "продава" фирмата, иако најчесто е бескорисно, пошто може да го користиш на пример само за "заб кој ќе го пломбираш првпат". Ама ете, добар маркетинг и стануваш најдобар.
Јас бев кај нив на интервју, ми рекоа 32.000. Енглезите даваат можи, ама нашиве си ги прибираат паеоте6ц џеб и не продаваат ко ниска роба. То е.