Енглезот, еден од газдите, е наш зет. А процент колку земаат не знам. Нормално е да има "маржа", прашање е колкава. Шесто евра им се тешки за преговарање, или побогатите клиенти се чуваат за одредени луѓе.
Дали некој знае компанија која исплаќа над 50.000 и се работи од дома? Да не е customer service. Исто така, дали некој знае кои се стандардите за вработување во амбасада, и која е платата тамо?
Па платите на некој начин клиентите ги даваат, Талкр и Козвеј само посредуваат, и нормално зимаат процент за нив.
Секогаш различни, ги пишува во огласите. Ама знам дека и дечко ми во PXC аплицираше и платата не беше најдобра.
Да да, јасно, сите аутсорсинг се платени од клиентите, Таскфорс, Телеперформас, Концентрикс, Хелу, Транском. Значи ќе биде добро колку што е клиентот добар. Ама Каузвеј и Талкр од времето кога се тука, имаат стандардно најмали плати.
Не би рекла дека нудат ниска плата, сега не знам точно кои други оутсорсинг фирми ги има но јас сум прилично задоволна со платата. Можеш да ми пишеш во ЛП ако сакаш да ти кажам ама малце ми е глупаво да споделувам тука околу тоа.
Не не, не сакам да дебатирам околу платата и не ми е потребен податокот, на кој му треба нека те праша слободно, јас само споредувам од тоа што го знам, иако да, зависи од клиентот. На Транском платите им се јавни и им се од 50 илјади нагоре, Каузвеј или Талкр не знам дали даваат толку, барем за исти/слични позиции. Конект на пример за разлика од Таскфорс дава исто од 50 илјади нагоре (за овие со америчко време), мислам има разлика. Секако проектот е клучен.
Да имам работено во Транском ама Транском е и со германски. Јас моментално работам со УК клиент. А и секако какошто кажав зависи од клиент до клиент, некои даваат на почетокот пониска плата па како расте фирмата растеш и ти горе долу многу задоволни колеги / колешки имаме што се во фирмава 4+ години ама има и такви кои уште од старт не биле задоволни ни со плата ни услови па си барале нешто друго.
Дали е само втора смена, и колкав степен на образование и квалификации треба да се има за да се влезе во фирмава? Кои позиции ги знаеш ти на пример? Прашувам бидејќи лично сум во потрага по работа.
Сѐ зависи од која позиција и за таа позиција што се бара. Има позиции за коишто се бара втора смена, јас сум со факултет ама не беше пресуден во моето влегување во фирмава зошто веќе предходно имав искуство со тоа што се бараше. Обично на секој оглас пр си пишува што се бара и си гледаш дали се поклопува со некоја од твоите квалификации. Мислам дека сега моментално има отворена позиција за support agent ама втора смена е. Ако те интересира нешто дополнително пиши ми.
Благодарам. Ме интересира дали има позиции прва смена и кои се од прилика? Можеби најдобро да ми проследиш линк да разгледам. Фала уште еднаш.