Феминки, барав и не најдов никаде ваква тема и конкретно искуства. До сега не сум воопшто задоволна а и тешко се наоѓа жена за помош дома, па затоа овој пат решив да пробам со фирма. Една колешка ми ги предложи Бигор Клининг, доаѓаат со свои средства и машини и за 8 часа прават се цакум пакум. Дали имате искуство со оваа или некоја друга фирма?
Во последно време и јас размислувам, да најмам некоја жена што би доаѓала еднаш до два пати неделно да чисти по дома, или по потреба, но некако слабо искуства на форумов, изгледа сите наоѓаат време да се справат со обврските
Тешко се наоѓа жена. Еве јас веќе пет години барам саглам жена, не можам да најдам. Сум викала фирма за поголеми генералки со поместување мебел, редење шкафови, чистење кујни внатрешно (фрижидер, шпорет, висечки елементи и се), ама скапи ми станаа. Има доста фирми, јас од Сфера сум задоволна, три жени ми доаѓаа за 8 часа, за 90 квадрати куќа на едно ниво, до лани по 3000 ми земаа, годинава 5000 ми побараа. И оттогаш не ги викам, сама чистам, некако многу ми се виде. Други фирми се Еурочист, Професионал, Бапал... сите сум ги контактирала кога требало да се чисти, ништо слободно немаше во наредни десет дена па и повеќе, а се плаќа 150-200 денари од час, зависи дали со твои средства за чистење или нивни. Небитно колку луѓе ќе дојдат, цената е таа. Лично искуство со тоа дали се добри или не, немам, засега. Сакам да најдам жена што би ми доаѓала еднаш на десет дена за чистење, ама нема. Навистина нема.
Jas naletav slucajno na temava... I ne bi mozela da gledam da mi se motka nekoj i da mi slaka niz doma so krpceto!
Колку луѓе доаѓаат и колку наплаќаат? Јас си викав од фирма пред коронава редовно, ама претераа со цената последниот пат, иначе три жени доаѓаа, за осум саати се средуваа, со тргање мебел (она што може да се помести), со чистење и прередување на кујнски елементи, плакари и се останато.... ама баш темелно чистење од кое сум презадоволна. Ама цената...
веројатно луѓе колку доаѓаат и колку наплаќаат зависи и од квадтратурата, кај мене доаѓа една жена со мои средства и алати за чистење 1200 ден, со нивни мислам дека е 1600. исто 8 саати најчесто и помалку, зависи се колку работа има, а бидејки доаѓа секоја недела нема многу работа
2840 ден, две жени со мои средства и сл. помалку околу 6 часа беа(имав обврски затоа пократко беше времето )и скоро се успеаа да средат А од која фирма си задоволна ?
Сфера се вика. Ја знам и газдарицата, па кога почна да работи и бев меѓу првите клиенти. Ама што е многу, многу е.
Јас 1500 и плаќам на жената.Останува додека не среди се.Некогаш се тоа 4 некогаш 6 часа.Сретствата се од мене.За поместување и се останато сама прави.Ја сум задоволна мн.
Ако можеш да споделиш контакт, јас барам жена за да ми направи генералка, и за понатаму еднаш неделно да доаѓа.