мн девојки ми пишаа лп за контакт ама не сум од Скопје Така да мислам нема да ви врши работата инфото.
Дали во чистењето се вклучени прозори, врати, тераси или сам се договараш според цената? За фирмите ова @Annath можеби имаш повеќе инфо?
Дома кога ти доаѓаат, да, сѐ е вклучено во цената. Со прередување и чистење шкафови и кујнски елементи. Кога доаѓаа кај мене беше така, одамна не сум викнала фирма за чистење.
Колку плаќате жена? Мојата земаше 1500 сега ми побара 1600. Со мои сретства чисти . Убаво чисти навистина , ама чисто ме интересира колку се движат цените
51 квадрат ми е долниот спрат, горе околу 47, кога ги чисти и двата , ми зема 3000 , ама обично го чисти долниот 51кв. што е (бидејќи горе се спална детска и тоалет кој е како нов , речиси и не го користиме. ). Значи тие се цените.
Ели што конкретно чисти? Вртев по 2-3 агенции, излегува дека за подови и вц се нафаќаат само, за прозори се доплаќа, за врати исто… кујна не чистат, тераси не чистат, плакари не прередуваат. Мака мачам да најдам жена, стварно ми треба за прозори и врати. Дајте препорака ако имате.
Се чисти Од кабел до радијатори, секое ќоше Прозори исто, си носи нејзини крпи , од мене и требаат само сунѓерчиња и сретства се договараме што да купам. Џогира исто, со мои крпи и џогер. За кујната доаѓа допилнително, зошто ми е хаос со беблаков и и треба повеќе. Ја поминува рутински и после доаѓа уште еднаш ама и доплаќам
На онаа групата на фб помош за дома си најдов жена, ама за редовно одржување ја викам. И имаше доста жени што ми пишаа, верувам ќе најдеш. А чисти тоа што се договараме. @eli25 1000 за 2-2ипол саати редовно чистење, 1500 со прозори и врати. Мал е просторот помалце од 40м2.
И мојава исто чисти, мада некогаш заборава радијаторите и пајажината да ја фати 60кв 1500 ми зима. Дај ми контакт ос твојава
Колку би ме чинела жена да доаѓа еднаш месечно за генералка, прозори, под, вц, кујна и тераса? Јас секој ден си зачистувам ама ми треба за убава генералка, бришење/смукање/џогирање па еднаш месечно ми е доволно. Инаку за дтан од 60м2
@eli25 и јас ќе те замолам за контакт, ако се работи за Скопје. Може и лп да ми пишеш ако сакаш. Фала