Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фитнес: Слабеење или затегнување?

Дискусија во 'Фитнес' започната од connie, 14 март 2012.

  1. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    89
    Еден добронамерен совет за сите што сакаат да губат тежина, значи кардио вежби и здрава исхрана тоа ви е најдобар старт со најдобри и најбрзи резултати. Под кардио се подразбира секоја вежба што ке ви го забрза ритамот на срцето. Најдобри кардио вежби се пливање, брзо одење, шетање за оние со послаба кондиција, возење велосипед, ролерки, трчање по скали, скокање јаже, секс ( :D не е смешно вистина е хаххах сексајте се за здравје и убавина )
     
  2. m.u.t.a.n.t

    m.u.t.a.n.t Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Прво поздрав од едно машко кое се реши да се регистира на женски форум... ке ме гледате само во темите за фитнес за др не се мешам хахаха :D Не ја прочитав цела тема ама само првите 2-3 мислења ме натераа да не ја читам. Едно да ти појаснам (до авторот на темата) и до др кои не знаат да дознаат дека секоја физичка активност (трчање, велосипед, тегови, пливање итн.) има улога во согорување на мастите така даа ти што си се запишала на фитнес само напред немој да се демотиривраш и да се откажуваш напротив терај така ако нешто ти затреба пиши овде или во ПП ке ти појаснам се што не е јасно. Теговите макар и др физички активности служат за топење на мастите и за затегнување... Поздрав. :)
     
  3. lilybeth

    lilybeth Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    14
    Се согласувам со Анабел-а , не се добиваат мускули туку така , а посебно ако на фитнес не вежбаш затегнување . Значи кардио вежби што ги набројала Анабел-а да не се повторувам и се вежбај со мала тежина и брзо значи вежбај си и на справи ама стави ја најмалата можна тежина евентуално до 2 тегчиња ( ако е некоја справа за нозе може и до 2 ) само прави ги брзо што повеќе да се потиш . И никако не е грешка што си почнала на фитнес , мислам дека до сите диети е препорачлива физичка активност , можеш и да си ги комбинираш вежбите на пример еден ден оди на фитнес , а друг трчај на кеј на пример , така што со трчањето ке си обезбедиш доволно кардио :) Само упорност и со среќа , ти посакувам одлични резултати па и да ни се пофалиш:)
     
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Вежбање- слабеење или само зацврстување?

    Па тоа зависи што вежбаш...
    Прво треба да ослабеш а потоа да се затегнеш...
     
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    со фитнесот го зацрвстува тоа што имаш...
     
  6. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    Да ве прашам нешто......сакам да го симанм салото во мегуножјето и спојлерите е сега дали ке биде добро да почнам со вежби за тие делови(така дали ке се топи масното ткиво) или пак кардио вежби и ако е подобро со кардио ако може некој да ми каже некои вежби без напреганје на зблобот дека го свиткав (3 пати во рокот 2 недели :$ и сега со стегач немам гајле али пак да не се напрега многу)нешто како брзо оденје може ако му текнува на некој уште нешто нека каже :)
     
  7. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Можеш да правиш комбинирани вежби кардио и за затегнување.Еве некој кардио вежби башка со нив и се затегнуваш :D http://www.youtube.com/watch?v=FTT4W8ygJ7w
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  8. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    121
    фала..... ке го изгледам цело ми се чини добри се везбиве ..на почеток ке почнам помалце па малце да ми помине зглобот и цело ке го правам (ако мозам да издрзам :) )
     
  9. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    ова иначе е цела вежба иначе може да ги најдеш на ју тјуб и на делови по околу 7-8 мин па така можеш да ги комбинираш :D
     
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    А со затегнувањето се зголемува ли обемот на тој дел на којшто се работи?
     
  11. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    Не, не се зголемува обемот, туку тој дел на кој работиш ја добива својата форма,се зацврстува, е сега ако правиш склекови тогаш може да добиеш некој сантиметар во обем, но на женските мислам дека им е потребно многу вежбање за да го постигнат тоа.
     
  12. samsung123

    samsung123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Здраво, да ве прашам јас сум слаба и сакам само да се затегнам но не и да ослабам ... кои вежби се затегнување?
     
  13. PinkDramaQueen

    PinkDramaQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Имав 68кг а висока сум 163цм.Почнав да одам во теретана и таму го користам само орбитрекот и лентата за трчање по отприлика половина час двете поединечно.За 4 дена имам качено 2 килограми.Прашањето ми е дали се топат масните наслаги со овие справи или само мускулите ќе ги зацврстам.Ве молам помош :(
     
  14. stela22

    stela22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    би сакала да ве прашам нешто....имам 16 и пол годинии и сакам са ослабам..не дек сум премногу дебела ама имам за слабеење.....живеам во Сруга па немам некој избор на клубови а најпопуларен е форма вита...сакам да се зачленам и имаат програма првиот ден вежбаш зумба следниот пилатес топки а третиот справи...е прашањето ми е дан си напрам полошо само да се стекнам а салото да си останит?:|:|:(:(
     
  15. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Па штом имаат таква програма сигурно имаат и инструктори што ги водат тие програми, слободно ќе ги прашаш како и што да правиш за да ослабнеш, и кој дел од телото ти е посебно критичен па тие ке дадат некои совети. Друго, значи неможе да се затегнеш а салото да стои, ако сакаш да ослабнеш покрај вежбањето ќе си внимаваш и на исхрана, инаку ѓабе ти е вежбањето и ќе немаш резултат.