од колку години се препорачува одење во фитнес клубиви или возраста не е важна и дали фитнесот штети на висината ?(може некои да ми одговори?)
Да те удостојам со одговор годините нема некој лимит ама мислам дека најубаво е некаде после 15тата штознам кога се оформува телото малку да се повлијае врз оформувањето на телото....ако сум во право не сум сигурна а дали влијае врз висината нее не мислам дека влијае ама баш ич! поздрав
Имам 14 години и одам на фитнес и баш е добро. А иначе имам слушнато дека фитнесот влијае на висината и додека вежбаш ти се стегаат мускулите и се забабавува растот.
јас на фитнес одам уште одамна и да точно е тоа дека фитнесот влијае врз растот али сепак ти ако планираш да идеш нема да идеш да се билдаш сигурно, туку да си ја одржуваш килажата. иако јас одам подолго време мене не ми влијаело врз висината ама баш ич
Вака значи..Од септември ќе живеам Скопје, бидејќи почнувам на факултет. Станот ми е во населбата Козле, па би сакала да ми кажете каде има најблиску фитнес центар и притоа цената да не е поголема од 1000 денари месечно. Фала однапред.
ja idev na latino fitnes nekolku meseci vo top forma(toa e karsi univerzalna) stvarno bese super, ponaporno e ama imase rezultati i kaj mene i kaj drugarki koi odea samo loso e sega so ja poskapea clenarinata od 1000 vo mart kacija na 1400 ili 1500 sega
Би сакала да поцнам со фитнес ама не сум сигурна каде. Дали некој знае некое добро место по можност во близина на Карпош и ако може да ми ја каже цената? фала ви однапред женски
хахахаха каква случајност почнав да одам баш тука од завчера и стварно е супер фала ти во секој случај
Баш убаво. Ај сподели повеќе информации како си задоволна? Колку плаќаш и што добиваш во цената? И дали има многу гужва.
А од колку саат се термините во Борис Трајковски? Ја барам нешто во карпош4 или тафталиџе2. И уште едн проблем имам што можам да одам само од сабајле,слободна сум само до 3,после на работа... Ве молам ако имате информации,да пишете,би одела и на пилатес,и на фитнес,или аеробик сеедно ми е само сакам да се активирам.
Latino fitnes e kopija na zumba da ne plakjaat licenca taka go vikaat vidi na stranata zumba.com.mk vo najdi lokacija i izberi Skopje kade ima i nasite lokacii za 2 pati nedelmo e 1000 den poz [mod-kirilica:3knmqt6z][/mod-kirilica:3knmqt6z]
Во иста ситуација сум и јас. Јас сакам деновиве да почнам во Лајфстајл Студио, во зградата на Горење е. Чланарината за секој ден до 17 часот изнесува 1.600 денари. Зборувам за фитнес, но никој немам за да ми даде повеќе информации за нив.
Не бев токму од истата причина, скапичко е зошто во Борис е 1.000 денари па планирам таму да почнам. ЌЕ ти кажам кога ќе имам мислење дали е добро за да почнеш и ти.
Искрено јас сум мн задоволна од Борис Трајковски 1000 денари месечно е ако одиш од 10 до 17 часот три пати неделно 1200 од 17 до 22 три пати неделно 1500 кога сакаш секој ден од неделата до сега кога сум била никогаш не ми се случило да чекам за справа а одам околу 8 навечер што викаат дека е ударен термин ако сакате да почнете само да ви кажам дека ќе мора да почекате до 10 декември затоа што тогаш ке им стигнат картичките и сега не вршат упис