Јас ги најдов на фб, им пишав ми рекоја дека се наоѓале кај Time out, наспроти Excalibur. колку е членарина, незнам. Ај некој ако може поточно да кажи каде е оти јас појма немам
Не знаев кај да го постирам ова, но ако сакате да се промените и да видите како во е здравјето посетете го настанот. https://m.facebook.com/home.php?refsrc= ... 2821854575
Јас почнав да одам на 12 год. но правев неколку години пауза,и еве ме пак.Одам во фитнес клубот Бертони. П.С. Како што гледам тука има многу дискусии дека билдањето го намалува растот.Тоа е точно НО на фитнес не се оди за затегнување повеќе за топење на мастите.Теретана служи за билдање
Во Капитол е многу добра теретаната, јас одам и сум задоволна. Од поединечен тренинг е 150, а месечна членарина е 1500ден. За месечна членарина имаш право да вежбаш секој ден, кога сакаш и колку сакаш. Можеш и двократно ако сакаш. Соблекувалните се супер, тушеви има. Мене ми е петка.
Билдингот не го намалува растот,баш спротивно тоа е генетски предиспозирано.Вежбам бодибилдинг од 16 години и бев 165 цм,се извишив вежбајќи до 183 цм.Какви митови се нема да слушнеш...
Карина, дали постојано ќе биде таа членарина 1500 или само на почетоков е така? Те молам ако разбериш кажи ми, оти сакам да почнам да одам од февруари.
Бевме со другарка ми до Capitol Mall да го разгледаме, меѓу другото влеговме и во фитнес центарот и прашавме, промотивна цена било сепак и ќе трае некаде до март, или заклучно со март.
И јас прашав и како што ми рекоа одоколу, мислам дека повеќе од јасно е дека оваа цена ќе биде додека го испромовираат фитнес центарот и стекнат свои вежбачи. Колку ќе ја покачат цената и кога, не знам точно, ама не верувам дека многу, а секако и ќе има благовремено известување. Башка ми рекоа и дека како опција можна за студенти имаат замрзнување на членството, грубо кажано, односно пример имаш колоквиумска и 10 дена не идеш, си ја замрзнуваш членарината, и после ако тоа било десет дена од јануари, ги имаш во февруари, кога пак ќе продолжиш и ти се рачуна истата членарина за месец, после тие 10дена ако сакаш да продолжиш си плаќаш пак од 10ти до 10ти ти важи. Што значи не е работата, плаќаш џабе, а цела недела не можеш да идеш и ти пропаѓаат парите. Ма да, јас ако идам, идам секој ден. За нет кога имам два саати, подобро ќе ги искористам за ова. И така не учам 24/7.
Јас одам во Ново Лисиче - Спортски центар, 500 е за цел месец за три пати во неделата, два тренинзи се фитнес и има доста справи (само за трчање траката последен пат кога бев беше расипана се надевам ја направиле) и еден тренинг ни е аеробик во сабота, само не сум била некои две недели срам да ми е прасе се направив.
Некој во Скопјево со тренер, чист да не е по подруми има ли? Во Софија одев во еден многу убав, за само 15 лева секој ден, неограничено, со тренер, со помош, чист, и имаше ако сакаш и да ти даде препорака за храна, да ти направи листа..Беше познат, но секогаш имаше место, беше на 3 спрата..Нешто слично додека сум тука?
Одам во 60 минути, тоа е на Рампа. Многу е убаво, ново и чисто. Инструкторите се многу мили и супер објаснуваат. Има фитнес, аеробик, пилатес се и сешто... одам на пилатес и повремено фитнес. Баш сега имате на групер 60% за индивидуални часови со личен тренер.
дечки од фебруари планирам на фитнес да се зачленам,па ми треба добар фитнес клуб околу карпош што мислите за Lifestyle? дали има некоја зачленета таму? има ли многу гужва во работните денови од пон до петок?колку е цената за месец?
Минатата година одев во Драчево,тренер е и има посевни простории,едната подоле е за машки т.е може и за женски,ама па таму се се справи,а на другиот спрат,нема справи,значи аеробик и тренерот ти кажува различни вежби.Значи многу е добро,ја се откажав поради тоа што летен период немав време да одам,а сега планирам пак да се запишам.Има добри резултати,посебно мускулите на стомакот се зајакнуваат многу..Тренерот е многу добар,знае,да ти каже што ти треба а што не треба да правиш,ако сакаш да вежбаш и плус да слабееш,ти пишува диета за 1 ден..Цената е 1000 денари,и се оди од понеделник до петок,и секој ден има различни вежби,еден ден за нозете,втор ден за рацете,па кардио..И мислам дека секоја година,се оди,да се планинари..А исто така во сабота и недела,или пак само сабота,незнам како беше има и посебно за јога..Ако е заинтересирана некоја девојка нека ми пише во ЛП ќе и кажам точни информации за каде се наоѓа,и бројче
Ми кажаа дека имало некој фитнес клуб кај Лептокарија, 600 денари било за женски, дали некоја од вас има одено таму или има слушнато, нешто повеќе да ми кажи како е што е?
^ Позади Туризам и менаџмент се наоѓа, по една уличка има знак ќе се снајдеш, клубот се вика Стронг, нема кој нема одено тука, вклучувајќи ме и мене. Стандардно, мало местенце, ако се погоди гужва - нема спас, арогантни и немтури газди, 90% од справите се наменети за машките поточно за билдање.
Во дупка, ако не знаеш тоа е огромно игралиште како стадион после Лазо основното, порано беше ептен запустено ама сега е средено и игралиштето и внатре во центарот.