И јас кога идев беше 800, ама на овој начин мислам дека поисплстливо и излегува помалку, а како акција служи за привлекување повеќе клиенти. Исплатлива акција е според мене, а и теретаната е сосема ок, исто и дечките што работат се фини.
Немам слушнато дека има теретана само за женски, ама знам за Топ форма, во центар е, некаде кај Универзална, на девојките што вежбаат им помага девојка во изведувањето на вежбите и во советувањето. Види имаат фб страна топ форма се вика, види дали те бендисува.
На рампа(најблизу до центар) 60 минути е само женска теретана. И справи има и плус индивидуални часови, групни вежбални за зумба, пилатес, јога, аеробици и што се не. Измеѓу кладилницата и казиното. 1000 денари за 3 пати неделно, 1200 за секој ден освен недела. https://www.facebook.com/60Minuti
Некој да ми препорача фитнес клуб во Козле, Карпош, Капиштец, во тие кругови, ама да е само за женски?
Девојки дали некој идел во фитнес центарот 60 минути? Знам пред некој месец имаше намалување 1200 за зумба(или било што)+ фитнес, но незнам дали сеуште важи тоа?
Може некој да сподели искуство за Магнус или да каже нешто повеќе ако знае, каде се наоѓа, колку пари е и слично ...
Важи уште а мислам дека ќе си остане вака уште долго, 1200 се било кој од програмите што се 3 пати неделно, а другите 3 пати си вежбаш фитнес. Недела не работи теретаната. Инаку работи секој друг ден од 10 до 10. Имаш зумба, пилатес, два вида на аеробик, јога и две групи на инсенити. Мој совет или пилаес или аеробик или инсенити, зумбата за мене секогаш ќе биде смешки, а со јогата јас одамна раскрстив едноставно сум прехиперактивна за јога. Ама ова е мое мислење, не мора да значи дека сум во право. За тие пари навистина е супер тераната, чиста е, има доста справи, секогаш топла вода и секој свое шкавче со клуч. Јас сум инвентар во тератанава , веќе 8 месеци секој божји ден, па може и не сум најобјективна, ама па и ако не чинееше немаше да одам 8 месеци и да не планирам уште долго време да ја менувам и да ја препорачувам на сите другарки и познанички.
Има некој намера да земе од купонот од Групер за Атлета? И дали има некој што сака друштво?! Сама никогаш нема да се решам да одам