Ај ве молам подетални информации (цена, услуга, хигиена, справи за женски, локација точна итн.) за теретаните во Маџари- Лејди клуб мислам се викаше, и теретаните во Автокоманда
Дали знае некој како се вика фитнес клубот во Драчево,ама во село погоре..80 денари на ден се плаќа..ич не ми текнува
Дали има фитнес клубови или теретани во Црниче или во близина? Нова сум тука па не знам кај има, прочитав за теретаната Атанасовски, колку чини месечна членарина, колку денови во неделата може да вежбаш со истата и слично, пошто кај нас у Куманово во фитнес центарот кај што одев, плаќав 700 денари за 3 дена во неделата :\
Атанасовски ти е во Кисела вода , 100 тина метра погоре од Пелагонија. Месечна членарина тие 1000 ден, за секој ден од 10 до 22, освен недела од 17-22.
Јас вежбам во Атанасовски,да те поправам недела е од 16 до 20 инаку е среденои чисто и има инструктури кои ти помагаат
Сакам да почнам да одам во еретана ама никогаш не сум била и малку сум песимист. Ќе има ли таму некој да ми помага, да ми каже кои везби да ги правам?
Некој фитнес клуб во центар или аеродром ама да е ефтин?Не ми треба некој не знам колку опремен со тушеви со чуда...справи да има и пресоблекувални Поитно ако може :/
Во Аеродром ја колку што знам има три,една ти е Атлета али таа е доста скапа,Имаш у бисер една фит фан така се вика некако и е 600 денари и имаш Капитол 1500 денари е
Зависи во која теретана,ако е позната и добро опремена има и инструктори кои ке те воведат во све,ке ти казуваат како се вежба на справите и кои вежби да ги праив на почеток а кои подоцна,и секко по колку д аправиш во серија и по колку серии
Девојки,ај предложете ми некои фитнес клубови во, Аеродром,Кисела вода или Центар.. по колку пари се плаќа на ден,и од колку до колку работи.. И ако знае некој за фитнес клубот Ангелиус,мислам во центар беше..Како сте задоволни и исто така по колку пари се плаќа на ден
А освен СТРОНГ-Фитнес клуб и Лајф Стајл во Карпош,Лептокарија таму негде некој друг знае ли некој, дека јас идев во Лајф Стајл ама многу е гужва? и ако сака некоја друштво да си правиме и да се мотивираме една друга ајде ...нека ми се приклучи некоја феминка