Јас одам повремено во ТЦЦ Плаза , таа во Центар. Премногу сум задоволна. И од теретаната ,и од базенот и од сауната. Конкретно за теретаната ,фул е опремена,со сите справи ,хигиената е на ниво.Има и тренер кој што ви помага во врска со било што околу вежбите и справите. Пресоблекувалните исто и туш кабините се пречисти и распространети. Не за џабе е хотел со 5* Според мене не е битно само справи да има и толку.Па макар и во некоја забутана шупа да вежбам или некаде каде што смрди и просторот е мал и мириса на пот Сепак и др фактори се битни,барем според мене. Ви ја препорачувам на сите
Има ли некој подетални информации за условите во ТЦЦ Плаза - Тафталиџе? Со што располагаат и која им е цената?
Здраво. Знае ли некој фитнес центар најблиску околу неуромедика, карпош и не многу скап и од прилика цените какви се?
Trinity ти е супер, имаш повеќе програми за вежбање од кои фит пилатесот е најпосетен и е вистина ефективен ( од лично искуство хех). 1000ден е за еден месец- три пати неделно. Побарај и на фб имаш страна.
Vo Hrom imas, Nagomy Fitness jas vezbam tamu, imaat i treneri za vezbanje i sala za kardio. Bas mi e ok
^^ нека не ти биде срам, И јас пред 1 месец почнав и првите 2-3 пати бев целата изгубена незнаев што да правам и мислев дека сите ме гледаат. Никој не те глеа, секој си вежба за себе и не се замара наоколу. Со среќа!
Цената од 25 евра во Тцц плаза што вклучува?Само теретана до часот или можат да се користат и базенот и сауната?
Дојдов на форумов зошто никаде не можев да најдам подетални информации за фитнес центарот во Ново Лисиче. Има ли некој искуство и може ли да ми каже дали е само фитнес или има и аеробик, зумба и слично. https://www.facebook.com/SportskiCentaNovoLisice
Јас од 2-ра година средно одам на теретана. Па имав некои прекини. И сега си одам во мојата маалска теретана.
Јас лани бев да видам што се дешава и искрено воопшто не сум задоволна од изгледот на "теретаната". За вежбање во "теретаната" се плаќаше мислам 500 денари, за 3 пати неделно и имаше некој ден од викендот аеробик или зумба час, така нешто. Тоа вежбалната е очајна, има вкупно 5 справи, нема никаква вентилација и мириса многу на пот, ама многу. Справите се стари и којзнае колку се исправни. Најубаво ти е да отидеш таму на лице место и да видиш. Има човек што стои таму во едно како портирница или како и да се нарекува и он се ќе ти каже се и ќе те однесе да ја видиш "теретаната". Ако ти е за зумба/аеробик/пилатес ја би ти ја препорачала la belezza (на фејсбук провери). Одев таму лани и супер е. А има и едно ново тука во новите згради на бато што се, не тие на последна 5ка. Еве ти слика. Само за тука незнам цени, работно време и остали ствари ќе треба да прашаш.
Одма псле стара рампа кај златна копачка.сеа поромотивно д о нова година е 800 денари иначе илјада. Има и други пакети ако плакаш редовно