Извини, морам да те исправам. 1000 денари е 7 дена во неделата ама до 17 часот. Инаку еве и јас да кажам дека сум задоволна, се што е потребно има на едно место и навистина ретко да чекаш за справа. И имаат професионален однос.
Да се надополнам, само еден од вработените има профисионален однос, за другите немам сеуште пофални зборови.
и јас идам на фитнес веке половина месец и се осеќам многу поубаво позатегнато...вежбам 3-4 пати неделно ,и плус од вчера си почнав со диета од 20 дена...само упорност и ништо друго
а да ве прашам, во борис трајковски со тренери ли е? Или сами вежби си правите? Бидејќи не е важно само да вежбаш како ќе ти текне, мислам треба да има професионалец кој врз основа на твоите предиспозиции и промените кои сакаш да ги постигнеш ќе направи една шема која ќе одговара на твоите барања и способности... Ова го прашувам бидејќи барам некој добар фитнес клуб, да се средиме за летово Фала многу, поздрав
Па има еден дечко што можеш да го прашаш ќе ти каже што како која вежба за што е , а и луѓето што одат се мн фини кого и да прашаш ќе ти каже, барем јас имам такво искуство
kaj idesh na fitness ?? i jas imam 14 god i bi sakala da idam na fitness ama nezz tamu se mi izgledaat kako postarii.. ama aj toa nema veze kaj idesh i kolku plakashh ? [mod-kirilica:1gtw7389][/mod-kirilica:1gtw7389]
иначе сите да знаете докажано е мислам дека фитнесот помага за раст и развој не влијае на висината, не се забавува растот, напротив!!! тие што идат да дигаат тегови, односно на машките мислам дека има влијание растот но не сум сигурна. Позз
Дај некој нека ми каже имам 13 години и дали ке можам да одам на фитнесс сакам да си ги зацврстам мускулите.. Може некој да ми каже каде има некој фитнес ценатар во Аеродром ?
ЗНАЕТЕ ЛИ ДАЛИ РАБОТИ ТОЈ ФИТНЕСОТ ВО ГАРАЖАТА НА ОЛИМПИСКИ БАЗЕН??? ПРЕД НЕКОЈ ДЕН ВИДОВ СВЕТЛО И ЛУГЕ,ПО ШТО ПРЕТПОСТАВУВАМ РАБОТИ АМА НЕ СЕ СИМНАВ ДА СЕ ОСИГУРАМ БРОЈЧЕ ИЛИ НЕКОЈА ИНФ?
^^ и јас сакав исто да прашам знам дека има аеробик, ама нз за фитнес, баш ми е блиску и сакам да одам, или препорачајте некаде во центар или аеродром фитнес ама само за жени не сакам и мажи да има да вежбаат пред или после нас, и како се цените?? фала!!
Е исто и јас барам само за женски во таа околина..а да не знаеш аеробик колку е цената лина,во тоа гаражата на олимписки или бр да ми дадеш??
не незнам колку е знам дека поскапеле и сега нз точно, а бројче немам од колешки имав слушнато, многу многу еве се собравме за во аеродром и центар па да си направиме група уште фитнес центар да најдиме јас сум за фитнес во секое време само место најдете!!
Таа "гаражата" што ја викате се всушност дел од просториите останати од поранешниот фитнес клуб Олимпик, ако ви текнува. Значи тоа е само сала за аеробик (не за фитнес), рецепција со мала гардероба за мажи (евентуални) и голема женска гардероба со вц и тушеви. Салата е во добра состојба, има огледала што за мене е многу важно и клима за летно време. Меѓутоа салата е на некој приватник така да таму држат часови повеќе инструктори, треба да одите да се распрашате. Мислам дека отвараат после 17:00. До лани вежбав таму, и ептен ми недостига таа сала, но на мојов тренер не му одговараше повеќе бидејќи му ја качија киријата, а чланарината ни беше 1200, па со тоа не сакаше да ни ја качува чланарината. Сега сме распределени во неколку групи, на други две локации, едната е во Дом на АРМ, а другата во оу"11 Октомври". Така да двете се центарски места доколку сте заинтересирани за аеробик во центар. Чланарината во Дом на Арм е 1200 за три пати неделно, а во школово е 1000 исто за три пати.
а имаш ти бројче од рецепцијата од кај олимписки?? или како што си пишала,да одиме директно таму да си прашаме,по 17часот?? а во дом на арм одев на фитнес,и нејкам повеке од х причини пак на тоа место,ни пак некое др,конкретно ми треба олимписки и ради др нешто
Rubiii можам ако сакаш да поминам во понеделник од таму и да ти земам бројче, мислам ако не ти се брза, тогаш ќе ми биде уз пат. Инаку се надевам не ме разбра погрешно, не зборев за теретана т.е. фитнес, туку за аеробик. Во Олимпик нема веќе теретана.
ејјј може,би ми завршила огромна работа китен јас поминав во понеделникот ,околу 18 часот,ама срам ми беше да слезам доле,и си отидов те сфатив за ова за арм,и за олимписки,знам дека аеробик има,скужив скужив ај баш прашај ако ти е стварно ус пат и неизмумиш,па обавести ме фала ти
па во близина ти е калифорниа фитнес , можеби одалечен од тебе половина час, ако не се лажам...не знам колку е чланарина , сигурно околу 1000ден.
Ми треба препорака за пилатес часови, негде во Центар. Бројче и информација дали има летни курсеви(од јуни до септември негде) би ми завршиле ептен работа. Фала однапред.
Во Ламбада. Јас идам веќе една година таму и на пилатес и на латино аеробик. А работат и преку лето мислам и со намалени цени, ама сепак треба да си прашаш. Иначе во Дебар маало се наоѓаат.