Во Маџари во Лејди клуб имаш пилатес и зумба со аерибик,ама мене ми е каде каде подобра инструкторката по пилатес има вежби со топки ластици и тегови,имаш две групи од 19,20 пон. среда и петок 700 ден месечна претплата ако те интерсита нешто др слободно прашај позз
Teretanata se vika Titanium(samo lokacijata e promeneta,prethodno se naogjase na Ruzveltova).Mesecno za zeni mislam e 1900 den]
Ај некој нека каже збор-два за фитнес клубот ФИТ позади Универзална сала што е. Колку е месечна чланарина, услови, справи и слично?
Теретана само за жени нема, ама во Аеродром топло би ти препорачала пилатес кај Вероника во студио Be Active, се наоѓа под зградата на НЃ инженеринг на 3та Македонска Бригада т.е 10тина минути оддалеченост од железничка. Вежбите се за цело тело, инструкторката е одлична и сега мислам има на групер и купон за пола цена од 490 ден/месечно па вреди да пробаш.
Бил ли некој во ова спортскиов центар, мижи асен да ти бајам, во Ново Лисиче што е? Каков е? Вреди ли да оди човек да види.. знам само дека е ептем ефтино 500 денари. Бадијала,споредба со секое друго место:Ама,јас сакам аеробик - микс аеробик/инсанити и сл. уствари,не фитнес..знам дека немаат,ама.. Уствари, би сакала да можев да си најдам сала - просторче, затворено...каде ќе вежбам по своему. Да не е со инструктор и чопор моми околу мене да не можам да кренам нога,испружам рака..има ли таква опција некаде,м?
Девојки ве молам кажете ми некоја теретана во близина на Козле, некоја локална доколку знаете со пристапна цена?
Девојки сакам да почнам да вежбам во Synergy со персонален инструктор, дали некој има искуство тука ?
Некој да ми каже моменталните цени за фитнес во Терминатор? Гледам немаат сајт, на фејсбук нема ништо, па тука да прашам прво да не ме шлогираат со некоја цена ако одам лично да прашам
Ме интересира дали воопшто постои теретана во Скопје во која нема гужва после 17 часот? Каде и да прашам, сегде ми викаат дека поубаво било до 17 ч., ама јас до тогаш сум на работа. Би дал и отповеќе пари (до 2500 денари да речеме), само да нема гужва, односно да може комотно да извежбаш и да си одиш со време (ако има и тренер да ти покаже вежби - супер). (Инаку машко сум, ама не знам веќе каде да се обратам )
1200 денари е месечно во Терминатор, плус за женски има и зумба во вторник, среда, четврток и сабота околу 7-8 саат. Теретаната не работи во недела.
Имаш Power house pilates, во близина на Буњаковец пазарчето. https://www.facebook.com/PowerhousePilates.mk/