Се откажувам од пливање па планирам да започнам нешто со фитнес/ аеробик / пилатес...Дали имал некој искуство со Макс аеробик?
Па прво пишав микс па не знаев како точно и макс пишав. Моја грешка. Ми го збореа луѓе ама не обрнав баш внимание на името. Инаку заинтересирана сум за аеробик.
Микс аеробик е микс од аеробик, степ аеробик, пилатес, јога, каланетика и тн. и затоа така се вика. Јас сум презадоволна од резултатите, јаки тренинзи се.
Дали некој има искуство или има чуено нешто за Sport Inn во Скопје, нешто во врска со цени, квалитет, и сл.? Гледам нудат personal training - јас тоа барам, ама нема ништо околу цени, не сакам да појдам директно таму па дамла да ме мавне од некоја цифра кога ќе ми кажат.
Одев, минато свршено Имам здравствен проблем со кичмата, па сега сум на пилатес. Одев кај Лазар Иванов, моментално ги држи во Дом на Арм. Мислам нема појаки тренинзи
Добра теретана имаш во Спортската сала, кај селската автобуска Паљото и во Кеопс и исто така пелагонка 2 Силуете само за жени
Сум бил на повеќе места во центар и според мене најдобар е Fit (позади Универзална, кај кафичот Конак) Еве ти фан страна: https://web.facebook.com/fitness.club.fit/?fref=ts Јас вежбам таму подолго време и презадоволен сум од условите. Имаш туш, свое шкавче, добра вентилација, климатизирано, супер тренери/ки, супер луѓе идат, немаш сељаци што зјапаат или женски што нонстоп се сликаат на огледало, градски луѓенца, има спротска атмосфера, добра музика и сл.
Виола и Силуете имат теретани за женски само, и Епинал. Ама на таквите места е поскапо сигурно над 1000. Оди до Пелагонка 2 прашај си. Неодамна видов Пелагонка 1 дека има теретана само за женски и планирам таму да одам есенва ама се немам уште информирано колку пари е, сигурно нема да е толку скапо колку во погоре наведените.
а овие последните две што ги кажа каде се наоѓаат ако може да ми кажиш зошто не сум од бт, и фала на одговорот
Силуете е во Пелагонка 2 на втор кат, тоа ти е кај домот на културата, кај што е база ноќниот клуб во зима. Виола е на Цар Самоил број 75, не знам и јас каде точно од интернет ја видов адресата. А ова во Пелагонка 1 е надолу од Ат пазар по Прилепска, на втор кат.
Мене сега од септември ќе ми биде 4та сезона во Борис Трајковски. Скоро све сум пробала. Аеробик, Пилатес, Аква пилатес, Теретана. Тренинзите се секој ден(од понеделник до петок) , траат 1 саат. Цените се 1500 за месец, а ако уплатиш однапред за 3 месеци ти доаѓа по 1000че. Јас сум задоволна. Ако се посветиш , за 3-4 месеци се познаваат резултати.
Близу центар ти е универзал 2, во спортската сала младост.Многу е голема, има премногу справи, опремена е со се и сешто.Иначе е мешана, за машки и женски.900 денари е месечно. Јас моментално одам во универзал 1, над болницата кај тинекс.Исто мешано е машки и женски, али поделено си е на два спрата и не доаѓаат премногу машки на вториот спрат.Мирно е, нема многу гужва, исто снабдена си е со се и е 600 денари месечно.
Здраво девојки! Вака имам 15 години, но премногу се здебелив поради недобра исхрана, но и немам многу физичка активност, сакам да почнам со фитнес,би ве замолила доколку може да ми кажете подетално за фитнес клубот во автокоманда flex и фитнес клубот терминатор. Знам и дека пред се би морала да ја сменам исхраната па и околу тоа ми треба мала помош. Ви благодарам однапред