Ај и мене пратете ми за Project fit. Јас моментално вежбам во Аеродром, ама од сепмтеври сакам да сменам на друго место...
Вчера поминував низ Капиштец, после Зебра трговскиот во зградата забележав реклама фитнес центар My Gym, има некој некакво инфо???
Дали некој вежбал во теретаната Атанасовски во К.Вода , дали даваат програма за вежбање, или мора личен тренер да си земеш за да те насочат?
Мислам дека во консултација со инструкторот таму можат да ти дадат некое програмче. Плус, во секое време можеш да ги прашаш за совет, вежби, исхрана и слично. Пиши им, ќе ти одговорат.
Ne sum bila. Inace Cenata e za vezbanje samostojno, imam drugarka sto vezba tamu. Mn mi e skapo. Ke pominam denovive pak od noviot fitnes kaj Zebra da prasam za cena pa ke ti pisam..
ме интересира дали има во близина на капиштец теретани поголеми добро уредени со личен тренер? @PetraMa каде се наоѓа поточно теретаната после зебра?
гужва има после работа 5-6-7 отприлика, сега зависи и до денот понеделник и недела обично има повеќе, имаат тренери што те нагледуваат ама се разбира ако избереш таква чланарина, кога има гужва се разбира дека трчаат навака натака, целосно внимание да ти посветат неможат, почнаа полека полека да ја качуваат центата на чланарината што реално мене не ми се свиѓа, скоро две години одам таму и од тогаш до сега еднашка ја качија чланарината, и сега мислам дека од септеври пак ке ја качуваат,а услугата им остана иста.
дали има во оваа теретана програма со исхрана што ти дава тренерот и програми за слабеењр и зацврстување и целосен надзор од личен тренер?
има програма што ти ја даваат ама таа е универзална скоро за сите,што мене не ми се свиѓа затоа што неможам да го следам тој редослед на исхрана, е сега со баш личен надзор -тренер само за тебе е поскапо и мислам дека тогаш ти составуваат и програма на исхрана, имаат разчични програми ако си почетник почнуваат со загревање три дена па одиш горен долен дел вежбање, е сега во зависност од тоа како ќе напредуваш има некои ги делат на група мускули некои на преден и заден дел вежбање, се зависи како ќе проценат и колку брзо ќе напредуваш
https://www.facebook.com/fitness.club.fit/videos/1596150330395361/ еве ги цените, а со личен тренер мислам дека цените пред некое време им беа од 3000 до 6000 денари во зависност од тоа колку пати неделно сега незнам колку им се, можеш да им пишеш на фб ке ти одговорат ако те интересира цената точно.
Вчера им поминав.. уште ја спремаат изгледа им пишува на вратата Наскоро. Одма под дирекцијата на Зегин се наоѓа.
da tolku e so lichen trener gi prashav na facebook 1800 e za zhensko, so e prilicno eftino za razlika od drugite mesta
тоа е полуперсонална чланарина со таа тренерот нема да биде со тебе цело време и да ти дава баш инструкции за хранење онака општо како што сите знаеме што се јаде пред и по вежбање,и да дека треба да се внимава на благо и останати работи и ја ја плаќам таа од 1800 со тренер као демек ама не е дека ке ти стои над глава може привете недели дур да ги сфатиш вежбите после кога ќе имаат гужва нема многу да ти посветува внимание барем мене така ми се случува пробај еден месец ке видиш, не дека ги критикувам или дека ги фалам, а ти како што разбрав сакаш личен тренер, личниот тренер е само за тебе и цело време те набљудува дур вежбаш одосно не се дели од тебе дур не завршиш и ти помага да ги правиш правилно вежбите, и овие полуперсоналните тренери помагаат ама така
а да и мислам дека од септември пак ке им се качи чланарината ја кога почнав беше 1500 па летно време како демек имаа промоција полуперсоналната пак беше 1500, и после знам дека правев пауза и кога отидов повторно ја имаа качено на 1800, и сега ја имаат истата промоција полуперсонална 1800 што реално толку ја плаќав и претходно мене ми изгледа дека од септември до кога што им трае промоцијата пак ке ја качат на 2000