Одев јас, уплатив 1 месец бидејќи ми е најблиску. Евтино е ако се плати за 3 месеци однапред и многу луѓе така уплаќаат. Но лошо е што оди се живо и диво. Мене не ми се допаѓаше. Многу гужва, туш кабините се многу прљави. Штета, Капитол е многу убав, но кога би се качила цената и би имало помалку луѓе. Второ ако си од подалеку и одиш со кола, паркинг слободен немаш. Ќе мора да се плати. Ако ти е блиску подобро Оди во Синерџи или Атлета. Не се споредува со Капитол. Нудат многу повеќе. Сега имаат некоја акција за 6 месеци однапред ако се плати, убав попуст. Хигиена е на максимално ниво. Секогаш Чисто, педантно, средено, како на Запад, Голем простор, WiFi постојано, паркинг слободен, па дури и пешкир со некоја доплата ти даваат од кај нив. Мана за почетници во Синерџи е ако незнаеш како да вежбаш и бараш некој да ти покаже, тренерите им се ужас и воопшто не се заинтересирани. Првиот месец кога вежбав дојде една девојка и бараше тренер да и покаже вежби. Никој не дојде. На крај ме замоли јас да и покажам. Тоа им е искрено мана која ја имам приметено, но ако си ги знаеш вежбите и немаш потреба од инструктори и би сакала убав и чист простор за вежбање, Синерџи е навистина една од топ 3 сигурно во МК. Може е малку скапо, но ако си платиш однапред 100% вреди. Атлета пак си е стандарт квалитетен фитнес центар со традиција и си има луѓе. Тренери таму се навистина спремни и да помогнат. Едноставно се работи за луѓе кои си ја знаат работата.
Јас во Фит лајф упишав. Не ми е блиску баш , ама ја собирам сестра ми и одиме Исто и Гладијатор било ок. Доста фалби сум чула.
Различна цена, зависи колку пати и ви кој период од денот одиш. Јави се на телефон види на веб стр., убаво ќе ти објаснат. Кај рампа е, позади златна копачка
Да прашам, колку е месечно во фитнес салата Магнус и каде поточно се наоѓа? Дали даваат и програма на исхрана?
Progressive gym мислам дека се викаше, и мислам дека 800 денари беше месечно членарина. Побарај на фејсбук мислам дека ќе ти искочи.
Теретана во кисела вода во близина на чешма? По можност да има помалце гужва, одамна сакам да одам и никако да се решам, неможам да си најдам другарка за во теретана...
Многу ја фалат Атлета. За цени не знам, не сум од Скопје, но можеш да наминеш и да прашаш. Се наоѓа точно спроти меѓуградската автобуска станица, кога се оди кон Аеродром. Едит: Повели ценовник: https://www.fitnessclubatleta.com/cenovnik/