Хаии, може ли да ми предложете теретана до 700/800 денари месечно, по можност во близина на Автокоманда.
Луѓе,некој да ми препорача теретана во карпош 3 или тафталиџе да ослабам пред се и по можност малце и мускулна маса да ставам и цена ако знаете? Фала ви.
Стронг позади УТМС, 600 за жени, 900/1000 за мажи, Лајфстајл во близина на Сити Мол, тука поскапо беше ама не ми текнува точно колку, побарај на фб страна дали имаат.
Повеќе ми одговара Стронг со цените ако во меѓувреме не се смениле.На нивната страна пишува дека за 3 пати е 700 денари месечно а за секој ден е 900 месечно ама ова од месец декември 2017 се цениве.Не видов понови цени.Фала ти за инфото.
Лајф Стајл е 1500.. Да не знаете како е во фитнес клуб Legion кај Георги средното? И колку е месечно. Кога го отворија беше 1500 за женски, но не знам дали имаат сега раст на цениве
Препорака за теретана/фитенес клуб во К.Вода? Немам проблем со килажа, сакам да ја подобрам физичката форма и да зголемам мускулна маса.
Флекс во Автокоманда,додека студирав одев таму, солидна теретана, пристојни цени, види побарај ги на фб - flex skopje
Се мислам дали да почнам од јануари пак на јога или да одам на фитнес. Дали знаете добар фитнес центар во Дебар Маало? Едно време одев во Фит позади Универзална, ама не бев многу задоволна од тренерите. Па си барам друго место.
Исто сакам да започнам да вежбам, не сакам да ослабнам сакам да добијам затегнување и добра дефениција на тело. Дали е подобро за ова аеробик или теретана? Јас повеќе би се решила аеробик од фактот дека не ми се оди сама теретана.. Совет?