Да. Тоа е фитнес клубот -Флекс. Ако мислиш на теретаната во пензионерскиот дом. Добро место. НО моја препорака ви е од 1-2 мај се отвора нова теретана во Автокоманда, со сосема нови справи. Ке се наоѓа кај поранешната Гладијатор 2. Истиот простор, друг газда. Ако некој не знае каде е тоа, поточно е кај фризерско студио Аквариус. А за девојката што праша за во Сингелич-Фаланга е во маџари, во Сингелич нема, но близу ти е и ова. Мада најтоп ке ви е ваму кај што ви велам, новово. Просторот е екстра а и плус тазе справички, за мерак.
Да, и јас имам слушнато за таа новата, ама прво ке почнам во таа Флекс (за истата збориме), ке одам 3-4 пати неделно, за да стекнам кондиција па после од мал ке се префрлам во таа и ке си плаќам месечно. А и да те прашам во Флекс има инструктори за да те насочуваат на што да вежбаш, како..? Бидејки прво имам за симнување маса, па после мускулчиња
Имаш човек таму, ке ти подобјасни. Пред се да знаеш најбитна ти е исхраната. Без средена исхрана (мислам знаеш, али ај ке кажам) ништо не правиш. Јас бев инструктор едно време. Сега работам стриктно онака само за совети, бидејки немам баш време да висам по теретани и да советувам зашто имам друга професија што ми е побитна (фул тајм џаб). Среди ја исхраната, прави минимум 30 мин кардио и вежбај со повеке повторувања во серија. Кардиото ке ги топи маснотиите, вежбите ке те оформуваат. Ако треба совет пиши ми лп. Извинете за оф топик.
Колку што знам, најблиску фитнес клуб само за жени има во н.Лисиче. Се работи за "Фит Лајф", па ако те интересира ќе ти испратам мобилен телефон преку приватна порака.
Каде се наоѓа поточно во Лисиче, ми одговара јас на граница меѓу Лисиче и Аеродром сум. Ај ако сакаш објасни ми локација подетално во ЛП
Кои фитнес клубови ги има во Кисела Вода и како се движат цените? И има ли разлика некоја помеѓу фитнес клуб и теретана или тоа е исто?
Ај некој ако е упатен нека ми препорача фитнес клуб во Охрид. Јас знам само во спортскана сала дека имат, ама некако не ми се одит таму пошо само некој разбацани батиња е полно и женски нашминкани како во диско да одат , а не на вежбање
Fitnes centri Devojki me interesira da ne znaete nekoj fitnes centar za zeni, (samo za zeni) vo blizina na Naselba Aerodrom vo Skopje...) i kolku e clenarinata ) fala
Најдобар во аеродром е Атлета, кај железничка. Не е само за жени ама е доста добар, има избор на справи ( не е како другите кај што има еден куп билдери )
vo aerodrom ima fitnes napisi na google fitnes skopje i ke ti otvori najveke se vo aerodrom i vo n.lisice, mene mi treba vo centar ili vo blizina na zeleznicka zosto ne sum od sk, dali nekoj znae dali ima i kako mozam da dojdam vo kontakt so niv ?
Кај железничка има Атлета и Терминатор. Атлета е повеќе така скапичка, бидејќи идат познати луѓе (мислам дека негде 2300 е , не ме фаќај за збор) А Терминатор е 1300 месечно, со што ја сум задоволна ептен. Идат и девојчиња таму Еве контакт за Атлета http://www.fitnessclubatleta.com/ Еве за Терминатор http://www.facebook.com/pages/Fitness-C ... 9796892670
Дали со одење на фитнес се губи и килажата и се забавува растот(висока сум отприлика 1,60) или може да се вежба на справи на кои сакаш да зацрвстиш мускули пример или затегниш стомак...?
Во атлета е 1500 ден месечно, 3 пати во неделата до 17 часот, а 1800 ден 3 пати неделно до 22 часот ( информација од прва рака бидејќи јас одам таму, а за ова другово не знам )
Дечки да ве прашам дали може да ми препорача некој во Чаир фитнес центар и дали работи тој фитнес центар блиску до поштата што беше ?? Ај срцки стее за до утре ми треба
Јас одам во Голд Џим , местенцето е кул , в центар е , ги има сите потребни справи , тренерите се многу фини , начитани и знаат да објаснат се што е поврзано со фитнес. И сето тоа за 300 денари ,кај ти го има?
хмм, поточно малце можеш да ни појасниш? каде се наоѓа, колку пати (ваљда ова е некоја чланарина) и тоа тренерот само ти подпомага додека вежбаш или лично вежба со тебе?