Дали некој има искуство со Maxifit кај Буњаковец?Тренингот функционира на принцип на елелтро-мускулна стимулација
Многу ми е блам моментот што у сите теретани после 6 е фул хаус и треба да чекаш за справа .. Со оглед на обврските овој семестар сум послободна и ќе можам да идам у понормален период од 12 до 4.. само немој да е истата приказна?Искуства?И што мислите за Гладијатор во кисела вода?
И јас сакам да почнам со теретана и се мислам меѓу Капитол и Атлета затоа што ми се најблиску... за таа во Капитол имам друштво ама за Арлета нее а повеќе сакам во Атлета...
Сакаш друштво за во Атлета претпладневно? И срам и досадно ми е сама да одам во теретана (главно пошто не знам што да правам освен точак да вртам), а само теретана ми е спас мене. Капитол искрено како дискотека ми е поише него теретана, ненормално прегласна музика пуштаат и плус гужва е таму скоро секогаш.
Се запишав веќе во Капитол не видов дека си пишала :/ Ако сакаш дојди со мене во Капитол ќе одиме заедно и ја немам поим од справите се надевам некој ќе ми покаже
да се надоврзам на темава ме интересира колку е со личен тренер некоја информација (или друга препорака во битола) поздрав
Во сити џим боро борче или мартин кочовски. Тие двата се инструктори во сити џим. Во универзал што е кај спортцката сала имаш тренерка само незнам како се вика а ја фалат многу оти има знаење. За персонални тренинзи цените се од 1500денари па нагоре.
Имаат на страната нивна ценовник мислам, а ако ти треба за жени е 600 денари секој ден, кое било време да вежбаш.