Најдобри теретани во Центар? И други фитнес клубови, кросфит и слично? @neo добра е Гладијатор? Малку ми е далеку, но може некој тренинг да направиме.
Добра е, но малку е гужва навечер. Не знам колку би ти одговарало ако си од Центар. 1000 ден. е месечно, на знам колку е за еден ден. Оваа е на Тоше Зафиров кој скоро секој ден го гледам таму. Имаш тел. или преку месинџер да ги прашаш што те интересира. Инаку сега правам пауза најверојатно околу 1 месец, не ми одговара времево за вежбање, а и планирам да одам некде на одмор. Бодибилдинг и фитнес клуб Гладијатор
Дечки, ми треба совет Никогаш до сега немам вежбно, значи ми треба фитнес центар каде што ќе има некој малку од малку да ми каже што да правам оти јас немам поима ни какви справи постојат, ниту како се користат, ниту колку се користат. Значи скроз тапа сум. Ми се врткаат неколку: Синерџи Јане Сандански Мојтренер.мк Ако имате искуство со кој било од овие споделете, а секако може да дадете и препорака. Би вежбала секогаш од 19-19:30 попладне, бидејќи само прва смена работам, идеално 3 пати неделно.
Јас вежбав во фитнес фит, тоа е зад универзална можеш да вежбаш сам, со полу личен и личен тренер. Јас вежбав со полу личен и сум презадоволна, сама одбираш со кој ако сакаш повеќе инфо пиши ми лп му кажуваш што сакаш да постигнеш со своето тело(да изгубиш тежина, качиш мускулна маса итн) и според тоа тој ти одбира вежби и дава начин на исхрана мене многу ми помогна И да, можеш да одиш колку сакаш неделно, кога сакаш
Повеќето фитнес центри имаат инструктори, они ќе те упатат во се'. Мој совет, избери некое што ти е поблизу до дома
Муабетот ми беше ако избереш место што ти е далеку можда ќе те мрзи да отидеш, вака што поблиску тоа подобро
Е па чим е така немаш гајле Во Автокоманда ми фалеа едни дечки, Fitness House мислам дека се викаше местото.
@CameliaMiller Synergy имаат тренери ама соленки се цените ако плаќаш и за нив. Можеш пример да платиш првиот месец, два додека се научиш па после да продолжиш сама. Имаат често некои промоции на пакети. За Јане Сандански не знам како е, а мој тренер ми се чини 1500 месечно за 3 тренинзи, ама убави вежби, и секој час ти е предводен од инструктор, групни часови се. Многу задоволни другарки имам од таму. Групни часови исто има во Training room во Автокоманда, и таму се предводени од инструктори и така околу 1200 до 1500 се цените. Ти си строго за фитнес или за аеробик/пилатес заинтересирана?
Месечно не знам бидејќи постојано имаат акции 3 месеци за 2000 мкд или пола година за 3000 мкд. Следи им ја страната на ФБ, таму обавезно објавуваат.