За почеток фитнес, затоа што со последните 10кг што ги качив, почна кичма да ме боли ужасно и тешко ми е подолго да стојам. На аеробик сум била, ама не волку тешка, знам доста стоевме...
Искуство со Атлета во Аеродром? Колку е гужва претпладне? Дали таму ако дојдам и кажам што сакам да постигнам ќе ме упатат на која машина како да работам на почеток? Фала!
Во Powerhouse Pilates Центар, ако ги прашаш даваат да присуствуваш на час да видиш дали ти одговараат вежбите. Прашај ги во Кисела Вода би требало и таму да дозволуваат. Јас така се решив на времето, баш за нив.
Дали можи да ми препорачате добри фитнес клубови во Штип?? И дали можеби во некој од нив се одржуваат часови по ареобик??
Дали некој оди во фитнес станица кај олимписки? Ме интересира за пилатес-микс часовите.. Во истиот влез за олимписки базен е или одделно се?
Што е работава со Капитол фитнес, секоја недела некоја “ексклузивна“ понуда - плати 2000, вежбај 3 месеци/ плати 3000 вежбај 5 месеци.. Бил некој последниов месец-два, го искористил ова? Условите океј се?
Знае ли некој колку е месечно во теретаната позади Т.Ц Бисер? Не знам како се вика ама веднаш е позади Бисер во влезот од десно до кладилницата. И ако некоја знае како се справите во Спортскиот центар во Ново Лисиче.
Да ве известам, има нов фитнес центар во Капиштец , Клуб90. Презадоволна, двајца тренери се ептен посветени. Почнав пред две недели за сега само пофални зборови.