За Фитнес Станица имаше прашања - добра е. Нема многу гужва, има многу ленти за трчање, статични велосипеди и слично, секогаш има слободни справи. Плус инструкторката е супер, ти покажува нови вежби кога и да ја прашаш. Случајно почнав таму да одам, ама сега не би менувала.
Да, во Олимписки. 1700 месечно за 12 влеза. Е сега има нестандардно работно време, од 15-22, сабота 12-20, недела не работи. Не е голема, ама само за жени е и има претежно “женски” справи. А и многу жени со тегови и ластици вежбаат.
Добро место, и културни луѓе одат. Ако сакаш и фотки ќе ти пратам внатре како изгледа, али според мене не е битно дали е Парис Хилтон Стил теретана или нормално.
Да почнав. Мене ми се допадна многу најмногу затоа што е чисто и луѓето таму се мноогу фини. На почеток одев сама и ниту еднаш не се почувствував како навистина да сум сама на вежбање, секогаш има пријатна атмосфера. Според мене е одличен избор, ти сакаш таму да одиш?
Женски, да ми препорачате фитнес центри во маџари или автокоманда што се подобри и по можност со инструктори или што имаат некој со обрнува внимание околу користењето на справите
Девојки, ве молам за инфо на Фитнес клубови во Аеродром? Ги знам Атлета и Хотел Русија знам дека има, постојат ли некои други?
Баш и на тој ми текна. А дали има некој што вежба во Терминатор теретаната? Да сподели какви се условите.
Има ли негде што работат Автокоманда, Ченто, Хиподром па и Центар за зумба, кик бокс, аеробик, танц, што било освен теретана