Дали знаете некој женски фитнес центар т.е женска теретана во Кисела Вода или Аеродром, освен Фитнес станица кај Олимписки?
Во овие две во автокоманда има само теретана или аеробик/зумба или нешто слично? Ги има на фб/инста, телефон нешто да не знаете?
Здраво. Дали знаете фитнес центар во Скопје кој има исто некоја активност за децата или нешто со што можат да се занимаваат додека вежбам јас. Со месеци се мислам да се запишам но нема кој да ми ги чува децата (2 год и 8 год)
Треба да исправам грб. Почна да ми смета и се чувствувам како баба. Доктор ми кажа да зајакнам се во теретана. Од една страна ми е срам да одам од друга сакам. Дали може да ми препорачате теретана впо можност во Аеродром, колку пати се оди неделно и по колку време и колку е цена со инструктор. Некој да ми каже како се користат справите зошто не сум била никогаш. Фала.
Ако ти е срам во теретана можеш да одиш на пилатес или таков вид на групни вежби каде што одат претежно жени. За справи да ти објасува некој вака ќе треба да напише цел ферман, најубаво е да си отвориш на јутуб видеа и да видиш како се користат. Сепак, најискрено не препорачувам да почнеш сама (најмногу заради можни повреди), туку ако можеш да одиш со некој искусен што би ти покажувал или ако можеш да најдеш теретана што има инструктор би било многу подобро. Крај краева, дури и да вежбаш онлајн (со оглед на ситуацијава) пак можеш да зајакнеш. Девојки што држат онлајн часови редовно, а се многу фалени се Драгана фит лајф, Елена Бубало. Побарај ги на инстаграм, дури мислам дека можеш да си имаш еден бесплатен пробен час за да видиш како се одвива тоа. А и многу поевтино од теретана. Конкретно кај Драгана е 800 ден месечно ако не се лажам.