Каде има некои програми како со боксерска вреќа нешто слично како кик бокс за жени само по лајт да не е со спаринг туку индивидуално како вежби?
Strong e vo Taftalidze. Atleta e vo Aerodrom Epten si se pomesala. Fitness stanica e samo za zenski mislam.
некој да ми каже искуство за теретаната my gym ,како е,дали има гужва ,дали даваат исхрана и дали ти покажуваат вежби?
Девојки здраво, пошто воопшто не можам да најдам мотивација и да вежбам дома сакам да пробам пилатес или аеробик во некој клуб. Се мислев за во Тринити кај Јасна пилатес ако може да пише некој искуства со неа или да предложите некои други пилатес клубови во околина на Кисела Вода, Капиштец, Центар, Црниче. Благодарам однапред, спортски поздрав
Во Центар позади пазарчето Буњаковец е Powerhouse Pilates https://www.facebook.com/PowerHousePilates.mk/
Титаниум пред година-две беа во Тафталиџе, дали знаете каде точно се преместени сега? И дали некој знае чланарина во TCC Grand Plaza за теретана?
Пилатес студија ова она такви има многу. За класична теретана а да биде само за женски јас лично неам сретнато. Иди една страница наназад на темава го има истово твое прашање, некои пишаа некои имиња на теретани. Ама што како се појма немам. Ама толку многу се повторува прашањево на форумов, што се мислам ако некад во иднина се бавам у тој правец, ќе отворам и теретана шо ќе биде само за женски хахах. Изгледа добар бизнис ќе испадне...
Дали има некој од Битола да ми препорача добра теретана со фитнес тренери кои стварно се заинтересирани за напредок на клиентите,а не како во теретаната што одам сега ем тренерите се незаинтересирани ем 4000 е да вежбаш со фитнес тренер.
Има некој искуство со личен тренер во Атлета? Се мислам да се зачленам таму, ама сакам со тренер да работам. И што мислите дали 3 месеци со тренер е доволно, а после да продолжам сама?
Би требало да е доволно за да ги научиш вежбите и формата, за после тоа сама ќе си ги комбинираш кога веќе ќе ги знаеш. А и после е многу полесно од интернет да си видиш вежби и да си ги вметнуваш во рутина.
Искуства со Елена Бубало некој? Има ли програми за од дома? Работа во смени не трпи тренинзи во сала многу