Универзал над тинех. Игор и оливер лазов ти се добри башка има посебен спрат само за жени и сите справи ги има.
За персонални тренинзи кај секој земаат различно. Од 1500 па нагоре се цените. 1 месец е доволно да ги научиш вежбите па после си тераш сама. Исхраната ти е многу побитна да ти ја менува во зависност од напредокот.
nekoj iskustvo vo Legion? Dali ima guzva i ako mozhe da mi kazhe sto se e potrebno od oprema za vo teretana
Гужви претежно има навечер, ако имаш време оди преку ден. Од опрема ти требаат чисти патики и пешкир. Јас одев до март и тогаш воопшто не се почитуваа мерките за корона вирус.
Па во смисла не опоменуваа членови што не носат пешкири а ги гледаа и нели потта се лепи за справите и гадно е после тоа ти да вежбаш на таа справа, а не па за време на пандемија.. Исто и ретко ги дезинфицираа справите, ама тоа беше во март можда сега е смената состојбата...
Мислам дека е уште 1000, 800 е до 17h, а и има некој попуст за студенти само не знам точно колку беше..
Тогаш имаше ама не знам колку се почитуваше тоа, затоа што одев во термини кога немаше гужви.. Сега не знам како е, најдобро да прашаш во теретаната.