Само теретана е 6000 ден а ако сакаш со личен тренер 9000 ден. Ова се новите цени у Гранд Плаза. Нема поевтини пакети.
Здраво, од друг град се селам во Скопје поточно населба Ченто на влезот на Скопје што е , дали во Ченто има теретани и да ми кажете кои се достапни.
Не знам каде да го напишам ова, па ај тука.Добро дали некој контролира по фитнес клубови дали тие што држат часови се сертифицирани за тоа?И која е постапката за да се стигне до сертификатот?На местото каде што идев претходно, девојче почна да си држи часови без некоја посебна обука после 1 година одење(зборувам за спорт што е специфичен и има огромни шанси за повреди), сега сменив и океј е ама пак не знам дали тренерите имаат познавања од анатомија и механика на движењата бидејќи не приметувам дека нешто премногу се замараат за правилна положба на телото со цел да се минимализираат повреди.Мене искрено ова многу ми пречи( иако плус ми е тоа што имам познавања од анатомија ама пак и со оглед на тоа ми треба време да се снајдам).Значи не е тоа поентата да се искршиме додека научиме, нели?Затоа ме интересира дали воопшто некој ги контролира тренерите или не.
Нема потреба од сертификат. Ќе си побараш напреден вежбач кој има искуство како тоше зафиров, александар стоименов, урко и наплаќаат по 200евра од сеанса. Ти менуваат исхрана, тренинзи и ти водат напредок. Тие шо се вработени во теретаната тие можат само да ти покажат која вежба како се изведува а за да ти следи напредок ќе мораш да си побараш од него приватни часови. Теоријата и праксата се скроз различни така да анатомијата неоди заедно со праксата. Иначе сертификат се зема од кај бобан ѓоровски али за тој сертификат барат премногу искуство.
После година дена вежбање ама прилично посветено вежбање зборам, реално возможно е да си спремен да подучуваш други. Повеќето теретани бараат 3 годишно вежбачко искуство. Што се однесува до теретаните, оние кои се дел од Бодибилдинг и фитнес федерација на Мк, треба да имаат инструктори и тренери со сертификат (прават мала разлика помеѓу фитнес инструктор и фитнес тренер). Останатите фитнес клубови кои не се регистрирани во ББФФМ не се баш контролирани од некого, додека ББФФМ сноси одговорност само за регистрираните. Постапката за сертификат е завршен курс организиран од федерацијата што трае шест недели. За тренерите со активни лиценци еднаш годишно се организира и семинар со предавачи од странство. Друг начин е да се дипломира на ДИФ. За добар тренер секако потребни се основни познавања од анатомија, и механика на движење, но и не е некоја научна фантастика. Движењата се тие... Фитнес тренерите не знаат све, туку цел живот се надградуваат и учат, бидејќи секој клиент е различен и е потребен различен пристап.
Ве сфаќам што зборувате, ама не одам во теретана и затоа мислам дека е малку поспецифично.Најверојатно се работи за ова . Од мое искуство, кога почнав да вежбам, поради неправилни техники добив страшни болки во врат, грб и со месеци се прашував што ми е сѐ додека не сфатив дека сум научила потполно погрешна техника и требаше да гледам инструкторки на јутуб за да сфатам дека заради мали ситници сум си нанела повреди.И уште барам начин како да ја санирам веќе нанесената штета. Ама кога веќе плаќам, очекувам тие што ме учат да ме научат, не да барам на јутуб.Затоа и некако сум малку револтирана што најверојатно во вакви помали фитнес клубови и спортови што не се баш мејнстрим никој не се замара да контролира кој и како држи часови а штетата може да си ја носат тие што плаќаат за услугата.
Јас долго време не можев да почнам да вежбам зашто не знаев како, а имав ептен желба. И размислував за теретана, ама од друга страна пошто немав финансии, тоа ме инспирираше буквално за секоја вежба да барам техника, грешки, како да се поправат, кои мускули треба да ги осеќаш, кои не, башка оти имам онака од физика познавања за сила и механика, и тоа ми помогна многу да научам и за телото како (треба да) се движи. Али за ова ми требаше долго, и уште учам одредени работи. Немам намера да станам тренер бтв, него ти кажувам дека као некој што вежба, дека не сакав да се потпрам на тоа дека секогаш ќе има некој до мене да виси и да ме поправа, туку морам да ги совладам сама еднаш, вклучувајќи и зашто на пример треба грбот и нозете така и така да стојат, а не само дека треба да бидат така. И многу нормално дека постојат добри тренери и дека е подобро со добар тренер, али она што сакам да го кажам е дека било кој да сака да вежба, треба да е самиот запознаен со теоријата, без разлика дали сам вежба или со тренер, наместо да чека дека за секоја ситница некој ќе го поправа. Буквално и од тренер сум прочитала дека при squats колена не идат пред прсти, па некој што ќе биде во негови раце ќе прави упорно половина чуч со месеци за да не му преминат колената или ќе наведнува кичма ептен напред, ако сам не истражи малце. Или пак една познаничка што вежба неколку години ја гледам еднаш става стори како вежба на преса ама ногата ја исправа до крај со заклучување на коленото. Што дека ѝ висел тренер на почетокот со месеци, кога пак сама не знае како е правилно.
хахахах теретана е онака разговорно. На истото се однесува. Фитнес клуб/студио/центар, теретана, whatever. Теретана не е македонски збор секако.
Не не така напишав зашто друго вежбам што не вклучува теретана, справи и сл, ама секако не е битно сега, и така друго ми беше прашањето.
Препорака за пилатес или аеробик ( би сакала да изгубам масни наслаги најмногу околу стомакот) , што би било поефективно, покрај исхраната секако, и предлог за пилатес или аеробик во Центар,Аеродром?
Powerhouse Pilates. Imaat i vo Centar i vo Aerodrom. Vo Centar se pozadi pazarceto Bunjakovec. https://mk-mk.facebook.com/PowerHousePilates.mk/