Мислев на што сакаш да се запишеш зашто држат часови за многу работи.Инаку јас одев порано и задоволна бев, часовите си беа океј, се како што треба, тренерката исто, цената не е најефтина ама не е ни прескапо.
Девојки, имам тримесечна картичка за во Miss Fit во Топанско, меѓутоа не можам да ја искористам, а пари не враќаат. Дали можеби некоја би сакала да ја земе? Теретаната е само женска, имаа акција: 3 месеци за 2600денари со неограничен број на влезови месечно. Воопшто не е користена и тие три месеци можете да ги почнете кога сакате.
Само преку некоја фирма. Или да се договориш/побараш од шефот/менаџерот/газдата да ти извадат. Како индивидуално лице не може.
Девојки дали имате вежбано онлајн со Драгана Фит лајф или Елена Бубало? Која од нив 2 би ми препорачале?
Може ли нешто подетално да ми пишеш за тренинзите со Драгана, исхрана итн? Можеш и во лп, јас неможам да ти пишам.
Здраво, дали некој знае нешто повеќе за Power Station Center, на Систина е од лани нов фитнес центар, ама нема некои информации во врска со цена, услови итн, па ако знае некоја нека сподели?