Јас одам во клуб ,,СТРОНГ,, одма позади туризам и менаџмент е. 600 денари месечно, нели одиш секој ден кога можеш, додека 80 денари е од час.
ги прочитав сите мислења..незнам што да кажам.Видов во Атлета и за скапо...ИЗГОР СКАПО Е!!!! Незнам друг фитнес у близина на аеродром освен да ми препорача мене некој....било што...фитнес,зумба,аеробик....само да е за скокање,трчање
Би ви била бескрајно благодарна доколку некој ми каже каде точно во Аеродром има местенце за вежбање (аеробик, фитнес, теретана, зумба, енитинг), или пак телефонски број. Само да не е многу гужва. Фала однапред.
Малку сум оффтопик ама пак да прашам. Имам спондилозно-артрозни промени на ц5 и ц6 вратен пршлен . Сакам да прашам ако некој е информиран дали можам да вежбам фитнес ? Однапред ви благодарам за одговорите
Како е таму? Мислам ако сакаш нешто повеке да ми кажеш, голем ли е просторот, хигиена, вентилација и сл. зашто блиску ми е и би сакала да одам ама никаде на нет нема слики или сл ( немат веб страна а на фб ја има само локацијата на мапа )????
Просторот не е премногу голем, но е доволен . Значи има место и кај да се свртиш, и да застанеш без да се ,,убуткаш'' во некого. Инаку јас баш поради добрата локација, хигиената која морам да признаам е на високо ниво и сите оние пропратни детали ја одбрав теретанава за кога имам слободно време да одам. Секогаш чисто, уредно, со норми и правила кои мораат да се почитуваат. Добри справи има, сите се нови и во функција. Само мислам дека плус некои справички како на пример лента за трчање и слично, би завршиле работа.
Чувајте си ги убаво работите бидејки на дечко ми му дрпнаа 4000ден. од јакна во теретанава, заборавил дека ги оставил во неа - во внатрешен џеб и отидоа
А нема шкафчиња со клуч во соблекувална кај што си ги оставаш работите? Баш сакав за поточна локација да прашам зашто ја барав летоска теретанава и не можев да ја најдам, па отидов во друга. Сеа ова ме замисли, искрено.....ако нема шкафчиња кај што можеш на сигурно да си ги оставиш стварите.
anabel-a нека ти каже поубаво, јас ова ти кажувам пред неполна година, тогаш мислам мобилни и такви работи оставале кај шанкот кај вработената...
Грин Ајс, шкафчиња мислам дека нема - барем јас како што имам разгледано територија. Женската соблекувална е прилично многу мала со оние за закачување за палта, јакни итн. Друго мислам дека нема. Јас дека секогаш доаѓам подготвена од дома за вежбање и таму само патиките ги сменувам и блузата на крај, така да немам потреба од шкафче или слично. Инаку се наоѓа одма позади туризам и менаџмент факултетот, има една бандера и на бандерата има знак на кој пишува Fitness Club и стрелка. И од стрелката само право, нема шанси да утнеш.
Феминки, дај препорачајте некој фитнес клуб во капиштец, карпош, центар и како се движат цените? Ајде редно време е да почне да се вежба
https://www.facebook.com/pages/Ladys-Cl ... 62?fref=ts за оние на кои им е близу маџари .. 700 е пилатес(со аеробик), фитнес , 3 пати неделно .. п.с. има и соблекувална со шкавчиња
Имам посетено повеќе теретани од елитни па до подруми со 2-3 тега Ако сакаш да вежбаш, ќе вежбаш во било кои услови. Како и да е според мене најдобра теретана е Гладијатор во студентски дом пелагонија, во женскиот дел на објектот на 6ти кат. Сега е реновирано, има нови справи, инструктори и секако ептен јака вежбачка атмосфера. Месечна членарина е 700 денари со неограничено вежбање, а работи секој ден од 10 до 10 освен недела од 5 до 10
ДЕВОЈКИ АЈ ВЕ МОЛАМ ПРЕДЛОЖЕТЕ МИ НЕКОЈ ФИТНЕС ЦЕНТАР ШТО Е БЛИСКУ НОВА КОЛОНИЈА-ИДРИЗОВО! (ЕТЕ НЕКА БИДЕ МАЏАРИ, ПЕТРОВЕЦ ИЛИ СЛИЧНО) ЈАС ТАМУ СУМ СМЕСТЕНА ДЕКА СТУДИРАМ НА ПОЛИЦИСКА АКАДЕМИЈА, И НЕ МОЗАМ СЕКОЈ ДЕН ДА ПАТУВАМ ДО ДРУГИТЕ ОПШТИНИ ПОЗЗ Модератор: Користете големи букви само ако сакате да потецирате нешто.
Не ми се допаѓа фитнес центаров, зашто ги нема тие справи јас што ги сакам орбитрек, степер и лента за трчање