Ако мислиш на таа теретаната што е во склоп на СЦ Јане Сандански, јас идев, ама пред едно 5 години. Тогаш бев многу задоволен, цената беше прифатлива, вежбаш колку пати сакаш во месецот, никад немаше гужва, пространа широка теретана.
Ако си студент на уким може да се направи група од 2ца по 4400ден од човек или од 3ца по 3300ден, имаа таква понуда. Ова за емс20 на рузвелтова што е.
Дали има некој предлог за каде да се зачленам за фитнес тренинг во група, каде што цела група ќе напредуваме заедно истовремено? Може, но и немора да се работи за класична теретана, локацијата не е битна, само да е во Скопје.
https://instagram.com/kocevska777?igshid=YmMyMTA2M2Y= Девојкава ќе држи во премиум од нареден месец како што видов, размислувам да пробам кај неа. Ја знае некој? Што мислите
Предлог за пилатес студио или нешто слично што се вежба во група во Влае, Ѓорче, Хром? Само да не е крос фит. И мислење за Бранимир и Бранкица во СП планет што се?
Не се сите со групни... А зошто најмногу ветува она? Само има "најдобар" инстаграм профил. Другите таму се премногу постручни од неа.
Па и не ради инстаграм профилот, типот на тренинг можеби, правев споредба само меѓу овие девојкиве што држат групни тренинзи таму, едната е кик-боксерка, не бев баш за тоа, ова другово ФМТ појма немам што е, нешто новоизмислено… затоа ја издвоив девојката.
1100den maski 900 zenski Gledam imaat renovirano i doneseno novi spravi tehnogym se site i izgleda mnooogu jako gi sledam na insta. Jas vezbav tamu porano sega sum preselena i daleku mi se
Здраво, дали знаете теретана од Ѓорче до Капиштец, Центар каде има групни тренинзи или барем надзор од тренер за правилно правење на вежбите? Не сакам фитнес, туку баш теретана да оформам тело, но многу е битно правилно да ги правам вежбите.
А која е разликата помеѓу фитнес (клуб) и теретана? Исто е... Ретко кој нуди групни тренинзи во склоп на теретана и вежбање со тежини и справи. Обично групните тренинзи секаде се одвиваат со минимални тежини, аеробик топки, ластици, јажиња, степери и така натаму. Групен тренинг со тренер во теретана - евентуално ако се соберете 2-3 другарки и да се договорите сите да вежбате си тренер во ист термин па така да ви дојде малку поефтино. А надзор од тренер, односно персонални тренинзи има во секоја нормална теретана (фитнес клуб). Само што треба да си платиш дополнително.
Сакам да го постигнам ефектот од теретана во смисол да зголемам бутови, задник, раце да зацврстам… Сум одела на фитнес и таму повеќе се затегаш, не зголемуваш делови од телото. Во други градови имаат групни тренинзи во теретана или барем тој што работи во теретаната ги надгледува тие што вежбаат за правилно да ги прават вежбите - така ми кажуваат. Затоа прашувам тука дали има такво нешто бидејќи до сега не сум чула. Или сам си вежбаш теретана или личен тренер што е скапо.