Мислам дека премногу сонуваш деновиве, почна да мешаш сон со јаве . Ти посакувам добар и брз опоравок .
Која теретана е подобро опремена во Скопјево, Кисела Вода поточно? Атанасовски или Гладијатор, или некоја друга има што не ја знам. Овие први ми паднаа на памет, може и само тие се. Вака за девојчиња, да зголемам малце ноџињава и задников, која би ми ја препорачале, во однос на опременост и слично
стронгест магнус скроз се опремени атанасовски немој, овие од пелагонија идат и ми има кажано другарка дека е ко у џунгла
Баш се мислев атанасовски, дека ептен блиску ми е тука, кај општината сум блиску. А овие магнус кај се наоѓаат поточно, не успеав да ги најдам на maps вака нешто што пребарав сега набрзинка.
Дали некој вежба во Спектра? Ме интересира дали е добро опремена со справи, од објавите не се гледа добро. И дали има smith machine или squat rack?
Дали има некој што вежба преку Фит Кит? Прочитав негде дека месечно плаќаш една чланарина, и можеш со истата да вежбаш на повеќе места.
Апсолутно можам да потврдам. Од 10 до 22 е гужва, не може да се разминеш, доаѓаш на тренинг и чекаш за секоја справа. Магнус ги дуплираа цените ама па затоа е празна скроз. Таму е најдобро, најчисто ама најефтината членарина 2200 за 3 пати неделно до 17 ч, па ти види.
Искуство со ЕМС тренинг? Од било кој клуб? Сакам да вежбам, имам потреба поради слаба килажа и ред други проблеми, но имам доста траума од теретаните (и луѓето во нив) што ми се во близина. Не знам дали ЕМС-ов е ветер и магла, а и прилично скапо е, па ако имате некое искуство, пишете ми
Зависи од тоа кои ти се потребите. Емс тренинзите се океј за зацврстување и тонирање на мускулите но само до одреден степен. Причината зошто се скапи е затоа што си со тренер и користиш поскапа опрема. Зошто имаш трауми од теретани? Ако веќе си спремна да плаќаш повеќе, ти останува и варијантата да си најдеш персонален тренер кој ќе те вежба во некоја теретана, а можно е и поефтино да поминеш.
И мене ме интересира, иако читам дека ЕМС ја споредуваат со хербалајф, дека исто толку ефикасно било, ама што знам. Наводно има резултат за опоравување кај луѓе со повреди, како и луѓе на постела за да не им атрофираат мускулите, иначе тешко се добива ист резултат од вежбање вежбање. Сите позитивни ривјус што ги видов се од самите страни што промовираат ЕМС или веќе од билдери и инфлуенсери што ги плаќаат, па и не ми е баш веродостојно, а сакам да пробам.
Дали некој знае да ми каже некоја теретана со фитнес тренер кој ќе ми покажува вежби бидејќи никогаш немам вежбано и не знам ни справите како се користат ниту ништо, само да не е прескапо?
Здрави женски да предложи некоја од вас Фитнес клуб во кој идат само жени во околина на Тафталиџе или Карпош би ми одговарало за после работа или Аеродром пошто таму живеам.☺️ Но до сега не сум идела во теретана па ако може да кажете и искуство дали има некој инструктор за почетници додека се уходаме со машините за вежбање и вежбите генерално, дали се доплаќа и слично...