Значи малце е поскап од овој Трипуновски. Со тоа што кај Трипуновски мораш да уплатиш ,а 3 месеци, не можеш еден по еден.
Види скапо е да не викам не меѓутоа доколку стварно професионално си ја вршат работава во ред…Мене ми е дека јас сум изгорена од тренери и тоа многу да не напоменувам имиња.На една и платив 4000ден и буквално не добив ништо буквално само некој совети ова ќе јадеш тоа ќе јадеш ми прати некој вежби како што вежбавме у средно физичко ..После тоа кај друга уплатив исхраната беше лудило 80грама риба за ручек имав…И затоа сега се мислам да не давам пари и повторно исто да биде…
Е да, во право си. Не сум пробала јас со тренер ама многу размислувам дали вреди баш од тие причини што ги кажуваш. Ако вреди и ако си ја вршат работата, со задоволство ќе платам, само да ја постигнам целта.
Една блиска пријателка работеше со Ице околу 1 година и имаше одлични резултати, ослабе околу 30кг и плус што е најважно и го реши проблемот со тироидната и конечно почна редовно да добива менструација. Програмата беше изработена според нејзините потреби и според тоа колку била активна дотогаш. Исхраната си беше строга, тренинзите според мене одлични. Исхраната ти ја прилагодува според тоа што сакаш да постигнеш, за секого е различна и исто му кажуваш што не јадеш за да не ги вклучува во планот. Тренинзите според тоа што видов си беа напорни, ама многу добро осмислени. Исто така пред да почнеш со него треба да направиш крвна слика и мислам дека уште некои испитувања правеше девојчето, не се сеќавам точно, тоа можеби си е и индивидуално..
Што значи строга исхрана? Дали се гладува? Јас едино тоа не можам да го правам, инаку би се придржувала доколку има доволно храна. И дали има секојдневно тренинзи.
Мислам дека гладуваше на почетокот, додека да се навикне. Строга инаку во смисла мора на точно неколку часа да јадеш, после 6 не смееш да јадеш и некои сл правила... А за тренинзите колку што се сеќавам имаше 5 пати неделно.
Додуша и тоа гладување зависи малце и тоа колку кг треба да намалиш. Јас му пишав, рече дека немало гладување Ама тоа нејадење после 6 јас не верувам дека би го издржала
Да секако, јас ти кажувам конкретно за девојчево, за други не знам... Требаше да намали многу кг а и од скроз нездрав начин на живот одеднаш започна со програмата, па нормално дека така е потешко. Друго е ако претходно си бил активен и ако немаш некоја сериозна бројка кг што треба да ја намалиш. Во секој случај девојчево беше презадоволно од него, еве 2 год подоцна уште си го практикува тоа што го научила од програмата
Супер е што успеала да си ги смени навиките, тоа е најголем успех, а и кога си задоволен од телото и изгледот мислам дека само ќе се трудиш уште повеќе.
И јас имав исхрана од него и дефинитивно не се гладува, иако понекогаш ако ми се јадеше повеќе знаев да каснам поголема количина месо (пр. Ако пишува 150 грама пилешко, јадев 200-250). Има 4 оброци дневно. Исто и јас задржав многу од навиките. За 4 месеци колку што ми траеше исхраната, ослабев 15тина килограми (колку што и планирав). Со вежбите не бев премногу дисциплинирана, ама со храната бев (освен понекогаш поголема количина месо или зеленчук, не јадев ништо надвор од пропишаното). Има повеќе од пола година поминато од тогаш и освен мали осцилации од 1-3 кг, немам вратено ништо од тежината.
Дава витамини, повеќето во ДМ ги најдов за разумна цена и да, опционални се. Исто и протеински прашок има во некои оброци.
Здраво, ми треба препорака каде да вежбам на релација Карпош 4 - Ѓорче, каде што имаат термини околу 19ч? Не знам ни што сакам да вежбам, претпоставувам пилатес
Разгледај ги Бранимир и Бранкица, кај Тинексот во Ѓорче се наоѓаат. Јас не сум била ама другарка оди во тие термини и е задоволна.
Zdravoo Dali e dobro vo fitnes stanica so licen trener i kolku pari e ako znaete ili imate isksutvo kazete
Dali nekoj vezba vo teretanata sproti o.u dimo hadzi dimov vo vlae i iskustva od spravi ceni i se ostanato