Функционален групен тренинг да не знаете, тренинзите да се рано сабајле, 7, 8 или 9 часот. Може да е било што, пилатес, боречки, хиит.. битно ми е да е утрински. Локација аеродром, лисиче
Д Функционален со утрински термини 8 и 9 провери во Fitness Avenue имаат ново студио во Порта Аеродром (Тобако 2)
Pilates со Кристина, програма од чист класичен пилатес и чувство кое не се опишува со зборови. Една уличка подоле од Рузвелтова
Феминки дали во Скопје има теретана која што работи 24/7 и доколку да ако може да ми посочите која?? Ви благодарам ♥️
Здраво девојки/момци Веке трета недела како одам на kangoo jumps, и мислев дека нема да имам кондиција, (имам околу 25кг за симнување,а плус и пушач сум),ама не,супер се чувствувам. Дневно не сум без 7км пешачење, и кг пак исто.Имам инсулинска резиденција, ми треба совет од поискусните овде .Сакам да вежбам ,ама незнам дали фитнес или аеробик да запишам.Насабајле пред тренинг пијам livsane шејк. Може и предлози за шејкови и теретана/фитнес центар/тренер... за во Аеродром, Ново Лисиче Thanks
Џабе ти е што и да вежбаш, и колку и да вежбаш, се додека телото добива повеќе енергија отколку што троши. Односно, треба да си во калориски дефицит. Во поглед на важноста за да постигнеш резултати, храната и вежбањето се со удел 70/30 отсто. Ако после сето тоа движење килажата ти останува иста, разгледај каде грешиш со искрената. Инсулинската резистенција не треба значително да го отежи губењето тежина (дали имаш добиено диета и дали се придржуваш за неа?). Магични шејкови за слабеење не постојат. Треба да ги гледаш како додатоци во исхраната. За веј протеини џабе да ти препорачуваме кога најдобро е да се консултираш со докторот што ти го води случајот и да се види каков ти е распоредот на макронутриенти во диетата што ти ја дале. Шо се однесува до вежбање, битно е да се движиш, па што повеќе сакаш - тоа одбери. Теретани исто, нема што нешто посебно да се препорачува. Имаш таму терминатор, фит во бисер, капитол, Синерџи, скајвелнес. Кај ти одговара со дистанца и цени - таму. Сите се океј.
Sakav da prasam dali nekoj e informiran,gledam vo leptokarija kade sto e 7ca ima dolu nesto kako fitnes.Dali e fitnes klub ili nesto drugo?
Дали некој оди на кросфит во Фитнес Фабрика во населба Лисиче? Може ли да споделите искуства и дали фитнес клубот може да се користи како теретана за самостојно вежбање или само се оддржуваат групни часови по кросфит?
Месечна колку е, дали има можност со тренер пошто појма немам од кај да почнам. Ии кога нема мн гужва (после)
1500 до 16:00 секој ден. 1800 без ограничувања. Тренери има, генерално за почеток би ти кажале која справа за што е, и некои генерални насоки ко за прв пат, но повеќе од тоа не би требало да очекуваш. Тренинзи со тренер се многу поскапи, цените се според тоа колку тренинзи месечно ќе имаш. Гужва после 17:00 има во сите теретани.
Некој да знае добар личен/а тренер/ка во Скопје со кој може да се работи неколку индивидуални тренинзи во месецот? Некој што си ја знае работата бидејќи се опоравувам од операција и морам да внимавам. Знаете ли како се движат цените? Фала ви
За само неколку тренинзи месечно генерално рачунај дека цената би била некаде над 1.000 денари од тренинг. Пакети од 3-4 дена неделно за цел месец е од 7-8.000 па нагоре.