Јас одев до пред неколку месеци. Членарината зависи од бројот на термини, 1800 денари беше за 10 пати во месецот, 2100 денари за 12 пати во месецот (за теретаната зборувам). Имаат и некои групни вежбања со музика и со инструкторка во другите простории, ама за тоа не знам цени. Просторот е супер, голема соблекувална, имаш шкафче со клуч, чисти тоалети, проветрено секогаш. Теретаната работи од понеделник до петок од 14:00 до 22:00. Не начекав никогаш да биде многу гужва, секогаш има некоја слободна справа за да вежбаш, и многу реквизити имаат. Сега гледам дека донеле и дополнителни справи, пространо е, воопшто не е лошо. Се сеќавам после 17:00 доаѓа и инструкторка во теретаната, секогаш расположена да помогне било кому, посебно на почетници за правилно вежбање.
Да да, супер е. Јас поради обврски не се погодував со термините, во тие термини што мене ми одговараше немаше место. Инаку, супер беше.
Zdravo, me interesira dali nekoj vezbal vo Sonrisa vo Aerodrom, kako ste zadovolni od trenerite i uslovite?
1.200 денари за жени 1.400 за мажи. 1000ка ако идеш од сабајле и некоја промоција имаат 15% попуст за студенти. Јас почнав да вежбам од понеделникот и ок е салата не е нешто луксуз али е културно
Здраво. Дали некој може да ја препознае теретаната на сликата? Во Скопје е, најверојатно Аеродром или околината.
Најблиску ми е затоа прашувам... Видов на инста како програми да имаат, мене конкретно ми е за намалување тежина. Дали е со тренери или сам си вежбаш кај сакаш? Искрено појма неам барам некој да ме упати под итно морам да почнам
Не мислам дека ќе згрешиш ако одиш. Сепак имаат добри ревјус. Особено ако ти е блиску, тоа ти е плус. Во однос на програми, не сум сигурен на што мислиш. Со месечната членарина, како и во секоја теретана, си вежбаш сам тоа што сакаш и знаеш. Ако сакаш да вежбаш со тренер, си уплаќаш приватни часови. Рачунај тоа е прилично поскапо.
Здраво. Во потрага сум на некоја теретана во која има место каде што можам на раат убаво да направам вежби за истегнување пред да почнам да вежбам. До сега се што сум гледала се мали и натрупани со справи. Имам проблем со грбот, па за да немам болки после вежбање препорачано ми е од доктор прво да правам вежби за истегнување. Благодарам однапред.
Здраво дали некој вежбал со Марина во фид во автокоманда, да сподели искуство? Вака од сториња изгледа фино, па сакав да прашм како стр задоволни од пристапот и резултатите?
И јас ја следам подолго време Марина фид на инстаграм, многу интересни рецепти има. Ама за делот околу теретаната малку сум скептик во однос на просторот. Некако од сите сториња што ги гледам многу вежбачи има внатре (што е за пофалба), ама местото делува мало. Пример вежбање со тегчињата, на моменти помислуваш ќе се судриш со тој што е до тебе. Или гледам девојка вежба со тегови, а позади неа нема ни пола метро една девојка легната си вежба чиниш у секој момент тегчето од другава на глава ќе ѝ падне
Даа и јас тоа го приметив. Еднаш им пишав на профилот, ме интересираше како се со термини, ми имаа вратено дека по 8 луѓе се во група. Затоа и сакав некој да сподели, дали да се почнува воопшто.
Здраво феминки, дали може да ми препорачате некоја теретана во Хром/Влае. Да нема многу гужва и со пристојни цени.