Здраво, дали знаете кои се салите за групно вежбање во Тафталиџе? Нешто слично на Trinity барам. Знам дека Ритуалс е овде..но дали знаете и за други места? Може и за пилатес. Фала однапред
Здраво дечки каде можам да купам боксерска вреќа? Но по ефтина цена, не се работи за сериозен тренинг. Издувување е во прашање
Ефтина цена е релативен поим. Во скоро сите продавници за спортска опрема и реквизити има и боксерски вреќи. Најлесно е да си изгуглаш "боксерска вреќа" и да си го најдеш тоа што ти е потребно. Цените се од 60-70 евра за помалите, па нагоре.
Здраво, од скоро сум преселена во Тафталиџе и се мислам дали да променам теретана. Најблиску ми е Strong, а тука некаде и Legion. Некој што ги посетувал било која од двете да ми каже искуство или споредба? Важно ми е да има избор на (функционални) справи и да е чисто.
во двете сум одела, strong е подобра, малска теретана, ама ги има сите справи, нови се, проширени се сега, вентилација добра, е сега ако одиш после 5-6 има многу гужва, во legion нема воздух
Фала ти на одговорот. Во меѓувреме дознав и за Олимпиа во ТЦ Олимпико, планирам да направам по еден тренинг во сите па да одлучам за долгорочно. Ќе пишам импресии доколку на некој му треба мислење плус.
Klasicna garaza. Na vremeto bese servis za gumi. Plus 60% kineski spravi, za toj sto se razbira... vezbas gradi ramoto te boli... za parite tolku.. Srekno vo izborot, barem vo TFT imas izbor na teretani
А па класично, не се ни дизајнирани тие справи за жени со ситна градба, што е и причината зошто тие вежби си ги правам со тегови, поважно ми е да се океј справите за hyperextensions, assisted pull up, leg press и слично.
Шо има врска шо бил претходно просторот лол. Сите горе спомнати теретани се подруми и гаражи како и 90% од теретаните во државава. Бтв, тие справите со слободни тежини се турски а не кинески. Во Скопје освен во палестра за справи со слободни тежини сите ги користат овие турскиве, спартан српските, или амила грчките, а има и многу домашно (мк) склопени. Сите други машини во гореспоменатите 3 теретани се Техноџим.
Во Омерта во капитол бил некој да сподели искуство? Дали има доволно простор, дали се ствара многу гужва? Инаку за наутро ме интересира.
Дали Палестра вреди и дали ја оправдува високата месечна членарина? Од септември ќе бидам на привремен престој во Скопје, и барам теретана каде вежба покултурен народ, чиста, без многу гужва и да не мора тројца пред мене да ги чекам за справа. Палестра ми фати око е сега членарината ми се гледа како прилично висока, па си викам ако имате искуства да споделите дали вреди или не. Исто така може да ми препорачате и друга теретана од која сте задоволни, во околината на Ист гејт или Аеродром.
Vredi. N1 teretana vo Sk. Mene licno ne mi se sviga deka e vo trgovski.. Vo blizina ti e Sinergy isto dobra teretana so ok ceni.
Добра си е. Само чисто информативно, 99,9% од членовите се машки. Сите женски им се запишуваат во мис фит (таму нема машки членови).