Ajronmen kaj vezbas ti? Gledam imas dosta info za klubovive vo Sk sto e dobro (da ne me sfatis pogresno) Samo okolu spravive ne ti odi bas
Жал ми е ако те разочарам, ама работам во фитнес индустријата па сум прилично сигурен во тоа што го зборувам . Ама океј ми е ако некој не се согласува. Битно да вежбаш тоа што ти е интересно и таму кај што ти е убаво.
Дечки вреди ли високата цена на Synergy? Најблиску ми е до дома и сакам да одам во off peak часови односно посабајле па ме интересира дали вреди/не вреди.
Здраво! Дали знаете теретана во околината на Ченто/Маџари/автокоманда и која е цената? Особено цена по ден/тренинг благодарам однапред
Одлична е synergy. Широко е и има голем избор на справи. Персоналот е услужлив. Хигиената е на ниво. И најбитно културен народ вежба таму и има пријатна атмосфера. Омилена теретана.
Здраво дечки, Дали некој знае дали во месечната членарина во Палестра е вклучен и личен тренер со кој ќе работиш и ќе ти помага на секое одење - или за личен тренер кај нив се допаќа плус? Фала ви многу. п.с. Им пишав на Палестра но уште немам одговар затоа решив да прашам во темава.
Не... Како може да е вклучен тренер?! Ниедна стандардна чланарина во ниедна теретана не вклучува личен тренер. Личен тренер секаде се доплаќа плус. Во палестра персонални тренинзи се 12 до 15.000 месечно. Во другиве теретани низ Скопје цените се движат од 7.000 до 12.000.
Здраво ) Во која теретана во Скопје има stairmaster справа освен во Парк? Супер би било во околина на Карпош, Центар да биде Фала
Во crooks и мислам гранд плаза. Инаку Stairmaster е кардио вежба. Ако мислиш дека нешто посебно ќе ти помогне во растење на задникот се лажеш. Истите резултати можеш и на лента да ги добиеш.
Баш за кардио ми треба, супер фала ти. А другата во гранд плаза мислиш на Play Fit Move или има и некоја друга?
Дали теретаните нудат можност за бесплатен прв тренинг, и каде? Како за првпат сакам да пробам на повеќе места да видам каде најмногу ќе ми се допадне. Не ми се ризикува да уплатам месечно и ми е смрт да одам..
Провери си на апликацијата или веб страната. Ако има таму, значи има. Ако не, не. Вака од нога мислам дека имаше некаде 10%-20% попусти за масажа. А за целосно бесплатна тешко. Масажа е 1000-1500 денари, неисплатливо им е Спортмастер да покрие. Најчесто не. Мислам дека во палестра имаше ама изгледа веќе немаат. Еден тренинг во секоја теретана си има своја цена. Најчесто околу 200 денари. Плати си дневна, извежбај, види дали ти одговора.
Немаат веќе во Палестра. Неколку пати пуштија така бесплатно ама одамна беше тоа. Сега еден тренинг таму е околу 1000ка...