Здраво, дали имате искуство со Нагоми фитнес? Видов на инста дека е 2800/месец и ми изгледа интересно. Немам некое искуство со фитнеси/ теретани, почетник сум и сакам да почнам да вежбам бидејќи сум многу залегната и да ослабам!
Сечие искуство е различно во зависност од потребите. Прашај ги дали може да платиш еден тренинг пробно, па види дали ќе ти одговара. Премногу индивидуално искуство е фитнесот...
Здраво, дали има фитнес клуб Терминатор во Ново Лисиче или само во Мичурин и ако постои каде е точната локација
Ме интересира дали некој има уплатено и ги користи месечните претплати на Елена Бубало на Healty.me платформата? https://healty.me/mesecna-pretplata/ Сега ги има поделено на три нивоа - почетник, херој и легенда па дококлку имате искуство би ви била благодарна ако споделите.
Некој да сподели искуство од фитнес фабрика како сте задоволни, дали имате резултати и дали тренинзите се ептен тешки?
Здраво дечки, Дали можеби имате предлог за персонален тренер од Карпош3 до Влае релација? Дали некој има искуство и со Инфинити во Хром теретаната ? Фала
Мислење за теретаната во хотел Русија? И теретаната Терминатор, Ново Лисиче или Мичурин (Хром не ми одговора)? Предлог за добри теретани во околина на Аеродром до кај 2000 месечно?
Здраво, ме интересира мислење за Atanasovski Gym во Кисела Вода. Каква е теретаната и какви се цените, бидејќи никаде не успеав да најдам ценовник
Здраво, ве молам за препорака за теретана во Аеродром во околина на Џевахир, Бисер и воен базен? Не мора да е многу опремена, само да е пространо и да нема многу гужва. Знам за тие во Џевахир, премногу гужва има ☹️