Дали во теретаниве се туширате? Мене ми е некако шубе, а не можам да се враќам дома пошто временски не ми одговара. И дали имате искуство со Play Fit Move?
Некогаш се туширам..зошто шубе? Пошубе ми е да им мирисам на луѓево околу мене а и од здраствени причини исто.... да малку е непријатно ама ништо лошо не е, баш напротив
Здраво, дали е во ред на 46 години да се оди во теретана? Јас мислам дека годините не треба да бидат пречка.
Ти благодарам многу, ова ме мотивира. Слушам коментари од типот: џабе ќе одиш, нема никакви промени да имаш во таа возраст, тоа е за млади, не за возрасни на оваа возраст. Затоа и пишав. Благодарам многу уште еднаш
Прво и основно вежбањето не е само за изгледот, туку за мене и најбитно здравјето, јас и дома со моите борби водам, значи 10мин да пешачиш во денот боље него ич. Терај си, запиши си се кај што сакаш, кај што ти е пријатно, пробај смени теретани, сали ако не одговара.. Еве како човек што е долго време во сала во која свртеле милион луѓе, има и постари, а јас не ги ни приметувам, односно не ги перцепирам како што праат стариве тука, баш напротив.
Кај мене има пар од 70 и кусур години кој сега почна да вежба. Ако не можам дома да се вратам се туширам таму. Ако е нечисто нема ни во теретаната да одам.
Он е пример дека за ништо не е касно во животот, пошто има и неколку месечно бебе Сериозно, секогаш кога ќе помислам стара сум за ова, ми текнува на него и се мотивирам
Фала ти, почнав во теретана ама не де снаоѓам баш а и некако глупаво се осеќам па планирам да почнам со тренер
Можеш неколку месеци да вежбаш со тренер додека да ги научиш вежбите и справите па после терај си сама.
Јас вежбав со Кристина Недел во Атлета, пред две години ми земаше 7500 за 3 пати во неделата, сосе вежбање + исхрана.
Ви благодарам на сите , јас инаку почнав веќе една недела одам и вежбам. Значи преубаво било чувството после тоа цел ден имам енергија за се и сешто. И што е најважно ништо веќе не ме нервира. Дефинитивно ова било лек за смирување.