И мене ми треба таму негде, изгледа многу сме да потпишеме петиција да ни отворан некое како за нас Знам за Атлета ама скапо ми е, сакав до 1000 барем, а во Терминатор колкава му е цената?
Девојки, да не знаете дали сеуште постои Фит Лајф во Лисиче и дали е на старото место( ја идев таму пред 3 год., а не сум поминалата од таму да видам дали работи). Ако постои ќе ве молам да ми пратите тел број во ПП. Фала вииии
Леле глупост, нека не се понаша тој многу. Јас кога идам во теретана вежбам 40 мин на орбитрек+60 мин точак+ 30 мин вежби за раце,нозе,грб и стомак. И не само јас, туку и машките кои одат се оставаат повеќе од 2 часа, а одам речиси секој ден работен, а исто горе доле и машките. Инстуркторите со мерак ми помагаат и некогаш што е мн често кога ме мрзи, не ме оставаат додека не го истерам редот за сите справи и вежби. Млади се и друштвени, се зезаат, и те тераат да вежбаш, да повториш нешто ако не го правиш ко што треба, седат до тебе... Терај си слободно ако не ти е ограничено вежбањето евентуално...Во спротивно терај и не се замарај, искористи ги максимално парите
Дали некој го знае фитнес центарот Ангелиус кај соборна? Искуства? или пак да ми предложите некој друг во близина на грчка амбасада? Фала многу
Па за еден саат не ни може се да се извежба. Јас во период кога одам на фитнес имам обратен проблем, секогаш брзам и немам време два саати да останам таму, а инструкторот се лути, не сум ја почитувала програмата за тој ден сум брзала и после вика ќе нема резултати, па ќе нема. Само карди вежбите одземаат повеќе од пола саат. Ич да не ти е гајле да си вежбаш.
Јас баш барав во Капиштец,ама не можам ништо поточно да најдам за овој фитнес клубов на интернет Плус најдов кај Рамстор некој Проксима,ама гледам никој ни таму не ојт од вас да прочитав искуство,мислење нешто
Спојлер Ах, зошто морав да го сменам фитнес клубот Летоска почнав да одам во еден фитнес клуб далеку од мојата населба, на околу 40 минути пешачење. Си пешачев до таму и назад, плус вежбање таму, топ ми беше. Зимата паузирав, морав. Сега кога сакав пак да се запишам, бев во стариот клуб, арно ама имало премногу гужва, па во овој месец не примаат нови членови кои би вежбале после 16 часот, зашто тогаш е најголемата гужва. Се разочарав и видов-не видов се запишав во еден фитнес клуб на 10 минути од кај мене. Значи клубов е ептен шминкерски и позерски има еден куп нашминкани девојки, пренапувани инструктори и инструкторки со за мене неразбирлива програма за вежбање. Ок се, те следат што и како вежбаш, те поправаат, ама претеруваат Сум приметила дека едноставно не може да не те поправат, дека мора барем за милиметар да ти ја мрднат раката, демек не си ја фатил на право место шипката Истата програма ја даваат на сите девојки, без разлика дали девојката е висока или ниска, дали е покрупна или поситничка. И само трупаат на килажа, додаваат, па не се вежба бре од нецела недела сташ вежбање 60кг на нозе Ах колку се без концепт тоа е чудо едно. Уствари, имаат концепт, ама тотално погрешен. Во претходниот клуб многу повеќе вежбав кардио, се гледаше за некое време вежбање како се топат спојлерчињата околу мене. Овде не знам што и кога би стопила, зашто овие за кардиото викаат „не мораш да губиш време на тоа“ Мене ми е несфатливо ова. И така јас, морав да си се искажам Се надевам дека некако ќе издржам овој месец додека не се ослободи место во претходниот фитнес клуб, да си вежбам со асални тренери, на раат, без шминкерај околу мене. Освен тоа, и пешачењето до таму многу ми фали
Мојот фитнес ден (+ мотивации) сакам за прв пат да почнам да вежбам али незнам во која теретана да одам малку сум страмежлив 1-2 дена после се опуштам, можи некој предлог да ми дадете каде да одам на вежбанје??
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Јас накачив зимово некое килце.Сега почнав со фит камп,пешачам,и кога имам време чат пат зумба.Веќе5ти ден ми е денес,и симнав 3 кг. Иако не ми се познаваат воопшто.... И внимавам на исхрана,секако.
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Може да ми кажеш каков е тој фит камп? Слушнав и од друго девојче за тоа, ама немав можност да прашам.
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Прво кажи ми од кој град си.Јас живеам во помал град,и затоа дури сега се отвори.Па правиме најразлични вежби.Планк,стомачни,склекови,за нозе,за задник итн...Прво загревање секако,и после истегнување,Час и половина.И после супер се чувствуваш.Фитнес си е фитнес... http://doktori.mk/element/view/501b0f9852418/fit-kamp-vo-skopje Погледни тука,појасно ќе ти биде.Иии,секако,си се дружиме,вежбаме и забавуваме.И музика си тече...
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Не знаев во која тема да се обратам , па се обраќам тука. Прку глава ми едојдено ако тоа, сум се подебела и подебела, а скоро цел ден гладувам. И многу многу сум здрвена за моите 20 години.-.- И на цела мака со оној факултетот од кој што глава не можам да кренам, решив, да најдам место за вежбање па пребарав на Google фитнес центри во близина на мојата адреса на живеење и најдов 2 кои ми се најблиску. Па ако некој ја одржува неговата/ нејзината линија во некој од нив ве молам да ме просветли околу цените и условите. Едниот е Титаниум на Рузвелтова а другиот е Fitness club Fit - California покрај универзална има уште еден некаде кај соборна ама тоа ми е многу далеку. Ве молам за одговор.
Фитнес клуб кај што одат само жени/девојки и има услови за туширање после вежбање.Не е важно која населба (за Скопје мислам) ,кажете ми дали постои таков фитнес клуб и ако да,колкава е членарината? Ако сте запознаени и со условите,наведете.Ќе ми биде од голема корист ако ме информира некој !
Во Калифорнија фитнес месечно беше 1300, ама не сум сигурна околу термини и денови кои спаѓаат во ценава. Мои другарки вежбаа таму и беа задоволни. Одеа околу 12-13 часот, немало мн гижва тој период, убава средена била теретаната, и дечките кои работат ти се како инструктори, те пратат додека вежбаш, и добиваш совети околу исхраната. Во вечерен термин беа еднаш и рекоа дека фул било, посебно машки. Најубаво јави се на телефон и прашај за цената сега и условите, ама мислам нема да згрешиш ако ги одбереш.
Пред некое време на Групер имаше попуст за оваа теретана и многу беше примамлива понудата.. еве ти линк, па види што како, има и бројче, распрашај се https://www.facebook.com/60Minuti/info
Еве јас да споделам искуство. Јас одев во Карпош до пред некој месец, блиску улица Рузвелтова мислам, сега се префрлив и одам во близина на Кисела Вода. И од двата клуба сум ептен задоволна, иако релативно нова сум ваму сега, али се навикнувам полека. Кисела Вода ми е далеку поблиску од што ми Карпош па тоа е прилично олеснителна околност. Разлика - во Карпош е поскапо, да не речам многу поскапо, и мноогу помалце гужва има од каде што идам сега. Тука е доста поефтино, и ако фатиш гужва, а попладне скоро цело време е гужва, ќе има мењавање на справа со уште 3-4 души се шалам..тоа се екстремни гужви веќе..со 1 менување најчесто Инаку тренери има и на двете места, и тука сум со тренер, ако си почетник убаво ќе ти објасни се, и ќе ти зададе вежби за тебе нели, и ќе те надгледува дали ги правиш вежбите како што треба.. јас дека не сум почетник, скоро година дена вежбам, па прилично добро се снаоѓам па затоа не ми треба некој особен надзор, иако се они тука и за мене Фитнест центар си е фитнес центар мислам дека нема "добар" - "лош", секаде е добро, само 2 важни, тоест НАЈважни работи се да е блиску (по можност) и да има вентилација! Иначе отидовме
Слушнав за некој фитнес центар позади факултетот за туризам, било 80 денари од час или 600 денари месечно, па ако има некој да ми ја потврди информацијата што одел таму и да ми каже како е, некое искуство