Zdarvoo jas sum nova na forumov imam 15 god i ziveam vo cento, dali nekoja od vas znae nekoj pristoen fitnes klub vo blizina na cento, madzari.. po mozhnost da bide zamo za zeni ( ako znaete pisete lokacija, cena i dokolku ste odele tamu kazhete mi kako ste zadovolni od spravite i od celokupniot izgled na klubot ) [mod-kirilica:2ysilquq][/mod-kirilica:2ysilquq]
Претпоставував донекаде дека имаат лупнато волкава цена, со оглед на тоа што веќе стана привилегија да вежбаш таму, а јас обичен смртник, што барам меѓу буржуазија. Што сум јас тука? Другарчето што не го лиже капачето од јогуртот? Барам фитнес клуб со нормална цена, еве да речам што би терала до 1,000-че, чекам некој предлог, по можност во некој од Карпошиве да е лоциран објектот.
Не ти е блиску знам, ама ценава е ептен ептен приступачна, и тоа а секој ден одење, уф екстра. http://grouper.mk/skopje/deal/fintes-60 ... chlenarina
Наскоро и јас ќе отворам,ќе биде еден на еден персонален тренинг,ќе има потење и резултати. Ќе биде се нормално само ќе биде инвидуализирано и постигнување на вашата цел. Ќе има посебна просторија за вежбање и ќе се вежба фитнес со ластици,TRX suspension и со слободни тежини. Ќе бидете обавестени наскоро
Барам за од сепметври/октомври фитнес центар, во Аеродром или Центар, исклучиво само за жени, сакам да вежбам секој ден и тоа не само 40мин, туку барем час и половина минимум. За цена ако ми е ок, ќе дадам и повеќе парички.. Некој предлог, каде ??
Не ми е познато да има само за жени. Од Аеродром до Ѓорче сите што ги знам се мешани: Атлета, Терминатор,(кај железничка) Fit&Fun(Бисер), Давид&Марјан(Ѓ.Петров)... и тн. Зошто бараш да биде само за жени? Што менува тоа?
40 минути интезивен тренинг , ти е подобро од 1 и 30 мин тренинг од кој пола време ке ти отиде на сликање за на фб и зборење ,можеш и дома да си вежбаш само се е до тоа колку си мотивирана и одлучна
Ако знаете некој фитнес клуб пишете ми. Се изјаснив кои услови ги барам, ако може некој да ми помогне во ред, ако не, не мора да напише одговор на моето прашање. Мислам дека нема потреба да објаснувам зашто и како сакам само за жени, секој индивидуално со своите потреби. Тоа е тоа.
Овој претпоставувам дека е новоотворен фитнес центар за жени го најдов вчера на нет https://www.facebook.com/pages/Fit-Life ... 1670159421 И јас сум од Аеродром ама ако ми одговара сакам таму да одам
Има едно,заборавив како се викаше,стално поминувам од таму и случајно го видов.Кога одиш од ул.Димо Хаџи Димов кон Рептил,на една мала уличка е,спроти книжарницата Тримакс ако знаеш каде е.
И има едно 60 минути се вика,кај Рампа,одма позади обложувалницата се наоѓа. Околу 1200 денари им се тренинзите,ама мислам дека има само аеробик и зумба.