^ Aко велиш за планк, вежбата беше објавена на Фемина и јас исто така ја практикувам секој ден. Стигнав до 50 секунди, малку напорна е ама многу ефикасна Еве ја http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... %B8#photo8
Нов предизвик: Комбинирано пешачење секој втор ден (30 мин по угорница, 10тина по рамна патека и 30 мин по удолница ), другите денови вежби за стомачните и спојлерите, најверојатно тие Планк вежбите што ги има на фемина. Се надеевам дека овај пат ќе се придржувам до распоредот, нема да забушавам ко и секогаш
Не можам да си поверувам, ама вистина успеав 6 кила да симнам. Уште 4, и целосно си го исполнувам предизвикот што си го поставив! Не дека се гледа нешто на мене, ама супер е чувството.
Браво Црешичка, ајде заедно одиме понатака. Јас имам маки со долниот дел баш како тебе, слични ни се само што јас да речеме сум поголема за 5-6 цм. мака мачам со тој дел, најкритичен ми е заедно со бутовите, пишав во другата тема па очекувам од булетбоди одговор. Не се одкажувај, чекори упорно кон твојата цел, ќе се исплати сиот труд, само кажи што правиш за да слабееш, вежби, диета или комбинирано? И на крај една фотка од пред и потоа и таман.
Лукс не знам дали е за мене наменето прашањето што правам ама ете ке одговорам. Ова е за мене преголем успех бидејки не се одкажав од храната, тоа не би можела никогаш да го направам. Единствено не пијам газирано, пиво, и нескафе. Пијам многу јогурт, трчам и правам по 2 серии по 75 стомачни на ден. Тоа е се. Не се скратив од хамбургери и ништо што се вика храна. Што ми се јаде си јадам ама гледам да останам во форма па така има некој си баланс. Инаку јас намерно форсирам горни стомачни, прво нив да ги оформам па некаде од септември ке почнам да форсирам горни и долни. Долните се многу тешки за оформување и ми ја одземаат целата енергија па полесно ми е вака. Како што реков бавно ми оди оформувањето бидејки сепак не скратив воопшто храна количински. Значи цел ми е да оформам стомачни да не да слабеам.
Верувале или не јас првпат ја гледам темава , еј ... Инаку и јас се придружувам. И си давам предизвик дека ќе ослабам 5 килограми до 8 септември МАКСИМУМ Таман ќе сум 53 килограми. Инаку се откажувам од диетата на Ирена. Лани имав доста напредок, годинава не баш... Си продолжувам со возење велосипед, внимавање на исхрана , вежби кои ги имаше поставено Дузи во темата „ Морална подршка за сите што сакаат да ослабат “ и аеробик. Денеска ме потресе еден телефонски повик ( врска немаше разговорот за мојата килажа ) и решив за нив Спојлер ( некои ај да речам луѓе, макар не знам колку заслужуваат ) да се стегнам малку и да ослабам. Поголема мотивација ми дадоа. И пред се за поздрав живот.
Мојот предизвик е да ослабам 4 кила до почетокот на септември . Си имам планче,ми треба само мноооогу волја да избегавам благо ,грицки и нездрави напитоци .
До 31 декември си давам предизвик да имам 51-50 кг. Па ќе ве частам со слика пред и потоа после, само да биде.
Јас се префрлам во темава бидејќи во онаа другата веќе не ме сакаат и нејќат да ме дружат Со оглед на жештиниве ми е многу тешко да се придржувам кон некој редовен фитнес тренинг, а под клима не можам да вежбам и така стагнирам веќе некој период. Среќа вчера се погоди посвежо времето, па и ја како Вест направив "зграпчи го денот" секако не во таа смисла, и се извозив добро на стаза. Добро е, не сум изгубила кондиција и со либето изролавме околу 10км, од парк до Влае и назад. Feels so damn good али има уште многу до ова третово газенце додека да се стигне
Здраво девојки, Ви се придржувам и јас Мојот предизвик е стомачни до 31.12. Имам време и воља,тренирам напорно, па не би требало да биде посебен проблем предизвиков Ветувам слики после успешната мисија... и дајте малку да се мотивираме... кажете како напредувате
Ако не е до 31 поубаво ќе биде и до 4 Ноември, за мојот роденден поклон да ми биде убавата фигура. Имам уште три месеци до тогаш, па ќе видиме дали ќе се фалам порано или до Нова година. Како и да е, морам да успеам. Темава некако замрела. Не ја посетувате дека заврши летово или не а? Мене зимава најголема инспирација за слабеење ќе ми биде зошто претходната се опуштив.
^ Зимава никако нема да дозволам да се повтори истото од претходната и таа пред нејзе. Времево ми е таман подзаладено и јас се фрлам на повеќе физички активности покрај тоа што внимавам на исхрана веќе 2 месеци. Орбитрекот ќе го активирам многу скоро заедно со некои фини вежби што ги најдов на нет и до наредното лето има џоа манИкенка да станам.
Aj со среќа, и како што рече да ставиш слика Како што гледам многу си упорна , па здравје и тоа ке биде
здраво девојки слабеењето е една работа , секси мускулчиња друга уште понапорна од првата хахах Мојот фитнес предизвик , до 1 ви јуни 2013 година , ова мое ослабнато ама пудингче од тело да го претворам во фитнес ремек дело шалата настрана , осланав со УН , се држам уште по некои мои здрави режими и почнав на фитнес . Се надевам ке успеам со напорна работа до здравје јуни 2013 година да го подигнам и зацврстам задников и стомаков , се надевам следново лето нема да се кријам во марами и долги фустани на одмор Сакам да имам мускулчиња и да не ми се тресе се кога одам Знам дека ке успеам , а си давам и голем рок , мислам дека до тогаш ке успеам . епа ајде со господ напред и срекно на сите !
Јас сакам да се здебелам! Си давам предизвик дека до Нова Година ќе имам барем 3-4 кила повеќе. Иако, веќе работам на случајот и на добар пат сум