мојот предизвик ми е до 1 јуни 2013, да си ги дооформам стомачните мускули (како на сликата сакам да сум а блиску сум )
Јас за еден месец сакам барем 5 килца да симнам точно на 24ти мај сакам да видам барем толку резултат се надевам нема да губам надеж и воља, пошто иначе таква сум..
Да го затегнам стомакот и да ми се испакнат стомачните (да де логично е, ако ми се затегне стомакот со вежби ќе „никнат“ стомачните ).
Затегнување на стомакот и зацврстување на нозете најдоцна до 1. Јули годинава Задолжително џогирање, орбитрек, вежби и правилна исхрана... Уфф што се би направила за вакво стомаче
Мој фитнес предизвик е да не се откажам од теретаната за време на лето Можам да ослабнам 3-4 килца, но побитно ми е да направам рамен стомак и да си го зацврстам газот и нозете, да се потам цело лето
Мојот предизвик е да го достигнам ова: Ама да се вратиме во реалноста, само сакам до мојот одмор да си го подигнам газето. За цврсто, цврсто си е!
мојот финтес предизвик е до 30 јуни(на свадба сум)да го затегнам стомачето и да го направам рамно од денес до 30 има точно три недели ако го рачунам и времето за кое досега сум вежбала верувам дека ќе успеам. ај со лесно
Денес почнав со Brazil butt lift... Нема душа во мене останато, ќе умрам, ама мора да издржам 4 недели не се многу. Со среќа нека ми е
Многу ви се краткорочни и скромни предизвиците Мојот предизвик е поголема мускулатура, датум да речеме 2,5 години од сега
Мојот предизвик е билдање на стомачни мускули, немам одреден датум до кога би го постигнала тоа, незнам за колку време ќе успеам да ги направам ама работам на тоа веќе 2 месеци.
mims-89 сигурно ќе постигнеш добар резултат но само со упорност секако и јас сум за стомачни еве си давам предизвик до јуни
Мојот фитнес предизвик (од вчера почнав на фитнес, денес се ме боли ) е да го ослабам стомачето, подигнам и стегнам газето, се надевам до јули ќе успеам