веке 2 недела вежбам дома вежби, пред месец и нешто одев на пилатес(мислам дека коските и мускулите ми се одвоија од болки ) ама не се откажав, издржав, а тоа што пешачам 2 пати неделно на Водно(за одење и вракање за медитација) и плус преку ден низ град со обврски наваму-натаму да се стопли малку времето пак планирам да одам на пилас, и здравје летно време трчање по кеј нема лабаво
i'm in! еве и јас од нова година наваму 3 пати неделно си вежбам, а планирам од сега секој ден да го праам тоа. Се надевам ќе имам убави резултати. Имам многу глупа конструкција, се поправам само во стомакот, а газот ми е слаб и спуштен еве ја моменталната ситуација со сличе, и добредојдени ми се вашите совети како да ја поправам оваа градба-дивоградба
После три месеци вежбање, задникот видливо подигнат во кожњак. Знам дека нарцисоидно звучи, ама си го обожавам сеа. Спојлер
Одлично, се приклучувам и јас. Планот е до јуни да симнам што е можно повеќе килца, тоа се 4 месеца. Се надевам на успешна реализација. Ќе шкрткам од време на време дали има напредок. Спојлер
мммм, многу секси навистина! Имаш со што да се гордееш девојко... Би те замолила да споделиш со останатите кои вежби најмногу ти помогнаа за подигнивање на задникот? Би ти биле благодарни поздрав4е
И јас се приклучувам многу убава тема, вака се дава мотивација. Почнав да вежбам пред 2 недели, на орбитрек и си купив пилатес топка и со неа правам стомачни (многу ми е забавно со топката вежбам додека гледам турски серии , сега за сега ми се збира 4-5 пати неделно а планирам и повеќе имам време сега, слика понатака. Поздрав
Ти благодарам на комплиментот, се надевам и другите феминки ќе имаат одлични резултати на критичните места кои сакаат да ги доведат до перфекција. Инаку за добар гз народњачки кажано се потребни четири вежби и џогирање. Вежбите се следни: 1. Најефикасна вежба за гзот се чучњевите. Тие го подигаат, особено ако имате и притисок на раце, на пример шипка која треба да биде најмногу до 10 кг, бидејќи ако е повеќе ќе набиете бицепс и ќе добиете премногу развиен бут. Видео: http://www.youtube.com/watch?v=c8B71p6j ... r_embedded 2.Следните вежби на видеово ги има во темата за задник, но ќе ги ставам тука затоа што се одлични за одлепување на гзот од бутовите и заврстување на централните мускули. Видео: http://www.youtube.com/watch?v=u83bMnU- ... _embedded#! Тие се одприлика вежбите кои што се супер за домашни услови, потребна е само желбата. Комбинација од сите четири во две партии од десет ви се доволни за да добиете резултати после еден месец. Најубаво е наутро да се вежба, но може и навечер, секој ден. Ако имате нешто за прашување, слободно. За гзот ете погоре совет. Е сега спојлерите.... ахх и ја имам сеуште мака со нив иако трчам и вежбам. Најтешки се за слабеење ама мрднуваат малце од малце. Ќе правиш странични стомачни. Ако не најдеш на нет, кажи ми ќе ти пратам видеа. Само со нив и со трчање ќе ги зацврстиш и обликуваш. И имај на ум секогаш, ама баш секогаш загревање пред да вежбаш. Под загревање мислам убаво да се истегнеш, врат, раце и раменици и да направиш барем 10 склека и чекаме резултати за еден месец, само трпеливост имај.
И јас се приклучувам! Здравје да имате што ви текна да ја отворите темава. Ми требаше друштво за вежбање, за да вежбам редовно, без откажување. Мене ми треба зацврстување. За линија - добив, и многу сум задоволна, па се надевам дека со вежбање ќе ја усовршам. Најмногу сакам да ги зацврстам стомачните, зашто при дебелеење најмногу ставам на стомакот. Почнувам од утре, здравје и мило ми е што ќе се дружиме!
И јас се приклучувам Немам нешто посебно килограми за симнување, освен спојлериштево на стомакот и затегнување на и оформување на нозете. Линијата ми е ок и сосема прифатлива за мене. Не морам да стигнам до плочки на стомакот, среќна ќе бидам ако успеам да го израмнам стомакот. Инаку, вежбам на Орбитрек. Некаде 3-4 пати неделно, зависи како ќе се погоди и како се чувствувам. Вежбам скоро 2 месеци активно. Почнав да забележувам минијатурна промена на стомакот-малку се намали И појма немам дали е од Орбитрекот. Од што и да е, нека продолжи така Скоро секоја недела се качуваме со дечко ми на Водно, пешачам многу секој ден, планираме да одиме на скијање една недела за еден месец, па се надевам на дополнително затегнување и од таму....Само ми е криво што не можам да возам ролерки, премногу ми недостасува возењето ролерки И исхраната почнав да ја регулирам малку повеќе. Насабајле кога ќе станам обавезно цедам по еден лимон и еден портокал. Штом стигнам на работа јадам овошје, најчесто банана, зашто ми регулира дигестивни проблеми За доручек јадам житарици со јогурт, и едно ѓеврече. На пауза повторно овошје. За ручек си јадам регуларно се' како и претходно, немам никакви ограничувања. А вечера немам, скоро никогаш не вечерам, имам многу голема мака со киселини во желудникот и не можам да заспијам ако каснам било што. Исто приметив дека задникот почна да се оформува, тоа не е баш мала промена, се забележува бајаги Режимов сама си го направив, зашто осетив дека организмот бара нешто да се исфрли -тестенините и пецивата Сега многу полесно се чувствувам со житарициве, не ми пречи што ги јадам многу често. Иако имам само 2 главни оброци во текот на денот-доручек и ручек, од време на време јадам овошје, мали чоколатца на Виталиа, пијам чај два пати на ден, некогаш салата си правам...Никако не се оставам да прегладнам и да јадам само 2 пати на ден. п.с. Немам слика сега, ме зафркава камерата на мобилниот. Во најскоро време штом се оспособи ветувам дека ќе надополнам со слика. Се надевам сите што пишуваме овде и што се трудиме ќе имаме резултати на нашиот труд и ќе имаме на што да се радуваме
I'm in too. Не можам да вежбам секој ден поради работни обврски, ама 3-4 пати неделно сигурно можам. Мојот предизвик е зацврстување, килажата ми е ок само ми треба малку да се зацврстам. Ве поздравувам и само упорност
И сега не сватив што ви е предизвикот, некој си слабее, некој се здебелува, некој стомачни, некој задник Или сами си давате предизвик и до април треба да поставите слики?
Секој си поставува за себе и си кажува што ќе му биде предизвик и после ако има резултати да ги видиме од пред и потоа. Мислам дека сега е појасно.
Challenge accepted Утре тамн 1 фебруари, си поставувам цел за цел месец да симнам минимум 4 кила Секоја недела по едно, ништо недостижно, само добра мотовивација дава темава, екстра е! Ќе ми биде како дневник
И пред да ја отворам темава планирав од денес (01.02.) да почнам да работам на враќање на моето тело во формата од пред 2 години. Се здебелив, се запустив, не којзнае колку некои 7/8 кила, но најтажно е што од тие 3 имам во стомаков. Таму најбрзо се дебелеам а најтешко слабеам. Но оваа тежина не сум ја имала одамна од пред сигурно некои 4-5 години кога се кљукав со хормони. Се приклучувам кон темава, значи до крај на Април сакам да смалам на килажа и да се стегнам малце. На крајот ќе поставам слика пред и потоа, а во меѓувреме ќе пишувам резултати. Моментално немам вага дома, за да пишувам килажа меѓутоа ќе се мерам со метро во обем, стомакот и бутовите т.е, критичните делови. А кога ќе набавам вага ќе ви пишам и за килажата. Од утре почнувам рестриктивна и умерена исхрана, неможам да држам диета, но ќе си кратам од оброците наместо по 3 кришки ќе јадам по 1,5/2 и никако брза храна или било каква храна во доцни ноќни часови. Првиве недела дена започнувам со кондициони и кардио тренинзи, зошто лап-топот ми е на сервис а кога ќе дојде ќе почнам и со конкретни вежби и видеа. Ќе известувам за резултати на 7 до 10 дена. Па ајде девојки со среќа и истрајно. Заедно да се радуваме на постигнатите резултати.
Епа женски, јас сум веќе 2 недели на медицинската диета и плус вежбам 15 мин на орбитрек, неможам повеќе, збеснувам.. Имунитетот ми е нула, опаднат ми е многу, диетиве ме уништија... Имам доволно енергија, ама приметувам дека концентрацијата ми се губи некогаш и имам потреба да каснам нешто.. Ама јас сепак издржувам и не јадам. Досега се немам мерено, планирам во недела да се измерам. Ако немам ослабнато (а по мене ич не се познава, иста сум си) жива ќе се изедам!!!
Демек требаше и јас од денес да се ставам на режим Ајде нека е на здравје... би требало да ве дружам од утре
Која е поентата од вежбањето и диетата ако ти се осеќаш мизерно додека ја држиш? После вежбање и исправна исхрана (диета) треба да се осеќаш супер и здрава а не со нула имунитет, не е тоа воопшто ок. Да е до мене би прекинал секаква диета на два месеца да зајакнеш, би зел стварно добра храна и лежерно вежбање па откога ќе се средиш енергетски и имунолошки можеш да почнеш со здрав режим на вежбање, вака нема да имаш голем ефект. 15 мин на орбитрек е малку за да имаш видливи резултати. Не го сфаќај ова како негативна критика туку како најдобронамерен совет.