^ да се надоврзам.. не е поентата да не се јаде, секогаш кога ќе почувствуваш глад стави нешто во уста, но да биде здраво (и лесно ако е навечер), но ако не јадеш ќе си го доуништиш имунитетот, па после плукни се и на изглед и на се
Се е во ред со мојот план до сега, уште сум на почеток, нецели 2 недели од кога решив да вежбам 5 дена во неделата (предходно 2-3 пати едвај) резултатите што ги сакам ќе стигнат за некое време ( не се мерам уште тоа после 1 месец) само имам еден огромен проблем!!!! ШТО ЈАДЕТЕ ЗА ВЕЧЕРА? Што е тоа лесно и здраво што се јаде во зима?! Цвекло и морков ќе ми никнат во стомак периодов, жива туршија и кисела зелка не доаѓаат во предвид навечер, нема да спијам од киселини! често јадам и супа... ама тоа се 3 работи, а мора да се јаде секој ден... ДАЈТЕ МИ ПРЕДЛОГ!
Пр. 2 јајца варени, или виршли варени (иако не се баш здрави ама ај), јогурт, кисело млеко, пуканки салата зелка (малку е тешка за варење па не јади ја премногу касно) исто е супер пр парче мало пилешки стек со салата без леб ако си мераклија на месо... исто и туна од помалите со салата (и таа е тешка сварлива храна па не е за доцна вечера). Друго не ми текнува
Житарки, иако се препорачуваат за наутро, јади малце и навечер, бонжита една ксни и ќе те засити. Или јади интегрален леб премачкан со мед, џем ... само порано вечерај накај 7
Ќе ти кажам јас што јадам (со јак тренинг) па ти види дали нешто можеш да искористиш . Свежи салати од морков, зелка, пашканат, целер јадам со секој оброк плус магданос кога има. За протеин, јајца мешани или како омлет, леќа (црвена), грав и понекогаш грашак. Месо јадам, млечни не јадам (односно многу ретко). Леб од пченка (нема глутен) и варен (печен) ориз, печен компир. Кисела зелка свежа како салата. Обарен карфиол најчесто со јајце. Од овошја банана, мандарини, лимони, повремено крушка. Овесни снегулки повремено. Свежи бадеми и семки од тиква. Зејтин само ладно цеден од сончоглед. Тоа е ми храната во глобала, може ќе добиеш некоја идеја идеја .
Јас немам за цел видлива промена на моето тело, туку самиот процес ми е цел. Во следните два месеци имам два предизвици: 1. Да правам стомачни секој ден (да почнам од 10, па да стигнам до 100); 2. Да имам било каква физичка активност три пати неделно по половина час: орбитрек, пешачење, пливање кога ќе го отворат базенот, прошетка на Водно... Предизвикот не ми е многу амбициозен, ама важно ми е да е остварлив, инаку би се откажала пред да почнам. И не ми е важно како овие активности ќе ми се одразат на телото, важно ми е да ги правам, ми треба раздвижување.
Мала сублимација за рамен стомак и јаки стомачни . Јаки стомачни не мора да се познаваат. Може девојка да има тренирани стомачни и слој салце преку нив, тогаш нема да се гледаат а ќе бидат јаки. За да се симне салцето во задоволителна мерка и стомакот да е рамен треба да се пазат одредени правила: 1. Редовно одење во вц, еднаш на ден е обавезно, на два дена е веќе лошо а се повеќе од тоа е катастрофа и треба да ѕвони аларм. Џабе трудот ако се цревата подуени. За тоа треба правилна исхрана, редовно вежбање и евентуално млечни производи и глутен на минимум. 2. Кардио тренинг е обавезен за да се стопи салото кај стомакот вклучувајќи ги и спојлерите. Барем пола саат на ден. Може да се почне прво со два пати неделно па се зголемува на три пати па секој ден. 3. Вежби за стомачни и за спојлерите. 4. Правилна исхрана без многу јаглени хидрати (сложени и прости шеќери) зашто најмногу дебелат. Газирани пијалоци. колачи и торти, тестенини и бел леб, алкохол, се тоа на на МИНИМУМ, сите тие дебелат директно или индиректно под услов калориите да не се потрошат со тренинг а најчесто не се потрошуваат. Зашто и како алкохолот здебелува (индиректно) има многу на нет која сака да чита. И најбитно, никогаш не се прејадувајте и пополека со пијачките . Ако ова се пази во рок од неколку месеца секоја ќе добие линија каква што посакува без тешки диети и плус ќе биде поздрава него пред да почне со тренингот .
Јас не конзумирам бел леб, веќе со месеци. Наместо тоа јадам црн, баварски. Едноставно не можам без леб да јадам некоја манџа која има месо или ми е силна. Океј ли е по две тенки парчиња црн леб во денот??? Вежбам 4 дена во неделата. Понеделник,среда, петок и сабота, дома. Размислувам да одам во теретана. Не јадам после 8 ништо. Вода пијам по 2 литра максимум, неможам повеќе. И за одење во веце, секое сабалје пијам оцет мешан со мед. И јас имав по некогаш проблем не одев редовно, вака одам барем 2 пати, или после оброк. Делува и тоа сигурно, има резултати до сега кај тројца И плус намалува маснотии и топи сало.
Плановите ви се ужасно лоши,затоа завршувате со намален имунитет. Појадокот мора да ви се состои и од масти,протеини и од јаглени хидрати. Леб,без разлика дали е црн или бел,леб е,со иста калорична вредност,нитруционистичка мање-више. Пченкарен наутро е најубаво. Правете омлет само со белки,на палмово масло,можете да додадете печурки,малку варена шунка или маслинки и само едно тенко парче леб. Имате фора за две ужини во кои едната треба да вклучува или банана или портокал,тоа обично првата или белки од варени јајца или 5-6 апетисани. Ручекот треба да ви е чист протеин,вечерата исто. Тоа подразбира зелечук (никако компир) варен, бело пилешко месо, манџи без леб,варени јајца,ама само белките. После 7 нема јадење и 2 литри вода за една просечно висока жена,се созема доволно. Кардио секој ден,ама вежбање со отпор и тежина не,освен ако не одите на боди билдинг такмичење.Доволно е три пати неделно активно вежбање и не само обични стомачни до 100,туку повеќе типови. Гледајте после вежбањето да биде протеинскиот оброк. Чича-мича,готова је прича. Подебелките ќе ослабат,слабите ќе се стегнат. Икс мен мислам дека премногу им комплицираш. Јас како што си ветив,од вчера сум си на режим. Појадував пред да излезам од дома,парче леб,со полумасна павлака,тенок слој и ливче варена шунка и денес исто,утре ќе правам омлет,ужина имав банана и само вечера зошто немав време,пилешки стек и печурки потпечени после вежбање. Денес истиот појадок, ужина портокал и една чинија леќа која ја мразам од дно на душата и половина лажица голема павлака. Ако ми се пријаде до вечер,белки од јајца и боранија варена ќе јадам. Денес само кардио на орбитрек половина час до час,ќе видиме колку ќе ме мрзи. Едит.авокадо бе,авокадо. За одење во тоалет,ако не ви се важни дејствата на ленот,конзумирајте го цело зрнце,затоа што пушта слуз,мелениот малце и предизвикува апетит. Употребувајте миризливи зачини. И барајте фитнес рецепти по нетов. Аспарагусот е супер како прилог. Имате варијации. Можете и житарки,особено овес варен за појадок,една шољичка,место леб. И сега она овошјето или некои викаат дека припаѓа во зеленчуци на а што беше,леле на врв јазик ми е,е супер посипано со лимон за ручек и малце бибер или кари врз него,го има во веро,еднаш неделно сигурно можете да си го дозволите.
Вака сега, да прашам нешто. Планираме да се запишеме во теретана со другарка ми (планираме не е ништо сигурно) и сега мене ми е страв уште толку да не ослабам. Јадам мислам и повеќе од доволно: За доручек во школо ѓеврек и чоколадно млеко, ручек, како ручек во доволни количини со 2 кришки леб, а за вечера 2,3 кришки со 1 чаша млеко и + во меѓу време чоколаце некое. И дали ако продолжам вака да јадам и да одам 3 пати неделно во теретана ке ослабам или ке се здебелам. Затоа што само со јадење тешко ми оди .
А јас мислам дека грешиш . Тоа што тебе ти е просто не значи на секоја и е просто како и обратно. Намерно пишав 4 важни точки за да биде прегледно и јасно инаку ако одам во детал 4 страни ќе напишев. Нема да си ставам цензура на темава, која сака да чита ќе чита која не нека скрола .
Дајте некое клипче, кардио вежби, јас почнав да правам вежби за стомак и задник, но изгледа дека тешко ќе се ослободам ос сопјлериве. Совет некој?
Савана разгледај по другиве теми, таму има објавувано, јас вчера постирав 2-3 клипчиња, сигурно ќе најдеш.
Јадам се и свашта, од храна неможам да се лишувам, сакам се. А телото само од вежбање ми е оформено, без никакви диети. Порано кога тренирав пливање ми беа отцтрани стомачните, сеа сакам со др вежби да го постигнам тоа. Друг предизвик ми е да го подигнам и зголемам задникот, ми паднал малце Фотки мислам дека е глупо да ставам од задникот.
Е сеа и ти ми скрши филм И јас тоа сакав да кажам, дека не е морално да се ставаат слики, мислам кој сака бујрум, ама како да сликам дека сум стопила масни наслаги на грб, жити се Целта е да се се поситигне резултат, не да се лажеме ко мали деца
Вежбите кои се во спојлерот ги правам веќе трета недела, вежбам секој втор ден, дневно по 2л вода и сега засега сум задоволна. Се гледа и мало подобрување, визуелно а и на вагата. Ту,ту, се испофалив, ама па среќна сум.. Спојлер http://www.youtube.com/user/URBANOGcom#p/u/10/PxwD8pmZ-jI http://www.youtube.com/user/URBANOGcom#p/u/28/BL6l9xdm2zo http://www.youtube.com/watch?v=v8eQxP7lszM&feature=player_embedded http://www.youtube.com/user/URBANOGcom#p/u/37/PLqxHdrOLTY
Од пред месец дена сум на режим на исхрана и фитнес, 3 пати во неделата. Целта ми е да симнам уште 3-4 кила, да се намали обемот на нозете, да се зацврстат мускулите и стомакот да се зарамни, а за плочки после ќе ми ја мислам До средина на април има да бидам фит, па што сака нека биде. Само упорност, придржување до планот и без откажувања ве молам
Така е Свити, откажување-НИКАКО. Предизвик сега ми е да си дојдам пак до 50 кила, а за плочките ќе правиме муабет преку слика. Две-три кила покачив па сеа морам да ги вратам назад зошто плочките сами нема да се направат. Само храбро и упорно, тоа е гарантиран успех. Ете така, мене почна тежината да ми варира, а според мои замисли не смее тоа да се случува, еии ќе отвориш тема за предизвици и ќе накачиш. Брзо ќе се вратам во форма земајќи го во предвид фактот што вежбам 6 дена во неделата и ја држам УН.
И јас како тебе сакам 50 кила да постигнам. Тогаш ќе сум задоволна со килажа, а за плочки има време, уште сум кај "малтерот" А бе секоја зима легачам и после касно ми текнува дека иде лето и си кукам. Оваа зима навреме се свестив дека претерав со килажа и почнав со режим и вежбање. Уште од одма се забележува промена, а тек во април-мај. Ние тоа го можеме, знам