1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фитнес-предизвици

Дискусија во 'Фитнес' започната од Lux, 19 јануари 2012.

  1. ivinakit

    ivinakit Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2012
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    577
    Пол:
    Женски
    и јас ви се придружувам, ке пукнев од мака вцера кога видов дека фармерките (неколку пати облечени) едвај успеав да ги закопчам, а од страна се стрчи и виси. па како за почеток да си го вратам обемот од пред месец дена, па за понатаму здравје :)
     
  2. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    И јас се придружувам. Почнав да правам разни вежби за зацврстување на телото и гледам исхраната да ми се базира на протеини. Мада рокот не ми е до Април, еве нека биде до Мај, Јуни таму некаде :)
     
  3. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Јас го прифатив предизвиков, вежбам скоро секој ден од 01.Февруари, само два-три дена немам вежбано, првенстевно зошто ми се воспалија мускулите, а еднаш зошто многу ме мрзеше.
    Прекинав со јадење навечер, јадам минимум 4-5 саати пред спиење, намалив со внесување леб, благо и газирани пијалоци. Ако ми се пријаде навечер земам чаша јогурт или 2-3 тенки парчиња чајна или неколку маслинки, тие ме заситуваат.

    И да се пофалам ослабена сум, доста луѓе ми забележаа дека сум ослабена, но имам уште доста. Салцево на стомаков почна да се топи, но има уште доста за топење.
    Во план ми е овој и наредниов месец да работам на симнување масни наслаги, а во Април на дефиниција.
    Не ми е целта плочки на стомак, туку рамен затегнат стомак, без спојлери и потенки нозе.

    Засега добро ми оди, тоа што подослабев ми е уште поголем мотиватор да не се откажувам, башка што сега си ја повратив кондицијата.
    Малце ме кочи што ми следува сесија, и од денес ќе почнам да учам, ама па реков наместо да правам пауза пред компјутер, ќе одвојам еден саат за пауза и ќе вежбам.

    Не се откажувајте девојки, трпеливоста и истрајноста се најбитни.
     
    На Hopeful и XMaN им се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мене искрено слабо ми оди, се разболев и неможев да вежбам 2 недели :(
     
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    И јас продолжувам со предизвиков. Си стојам генерално на режимот на исхрана кој најмногу ми одговара, ете еднаш неделно си допуштам на работа место житарици да каснам бурек :tmi: (слабост ми е :( ). Вежбам просечно 4 пати неделно. Снегов инаку добро ми дојде, зашто не возам на снег (немам зимски гуми :D ), па си најдов изговор да пешачам до работа и назад :) Од дома, т.е. станов кај што живееме со дечко ми има 40 минути онака лежерно пешачење, и наутро неверојатно добро ми доаѓа, ем се освестувам побрзо :D , ем многу подобро се чувствувам. И за назад си доаѓам пешки. Вежбам 30-40 минути на Орбитрек кога ќе дојдам од работа. Иииии.....задоволна сум. :nod: Претходно помалку се познаваше намалениот стомак, сега се познава дека е намален. Не е којзнае колку, ама се намалува. Го гледам тоа и по облеката, и кога ќе седнам немам многу спојлерчиња како претходно :lol: . Вчера во темата „Како до рамен стомак“ налетав на еден линк со едни прилично добри вежби и планирам да ги правам секој ден после вежбањето, со мала пауза од 5-10 минути.
    Единствено проблем ми се деновите кога сум дома (не во станот со дечко ми), дома немам Орбитрек па не можам да вежбам :doh:
    Голема надеж имам и во скијањето кое ми претстои, прво еден викенд во Бугарија, после уште една цела недела.....Мора да има уште резултати, мора!
    И да не заборавам......едвај чекам да почне сезоната на стаза, да се ставам пак на ролерки, ненормално ми недостига :doh:
     
  6. The.Complicated

    The.Complicated Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    235
    Пол:
    Женски
    И јас се придружувам :)
    Си поставив рок до лето, втора половина од Јуни да го затегнам телото и да намалам тежина, а потоа вежбањето да ми стане лесна навика.
    Почнав на орбитрек, прво по пола сат, сега веќе по еден сат и 10-15 минути трпам..
    Рано легнувам и сабајле излегувам надвор на трчање. :)
    Ајде со Господ напред :D
     
  7. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Февруари ми беше најавена првата слика :tmi: ама ќе почека недела дена :D
    Таман почнав режим, мавање малери воспаление бубрегот и дозирање со 14 инфузии, вкома 2 недели :x
    од вежбање ни В не се виде тој период.
    Ама ај, да не е лоша работата дотолку, инфузиите ме ослабнаа (покрај енергијата) за 1кг некаде.

    Не треба да си барам оправдувања, ама стварно имав болки бе, а пак сила за вежбање нула. :worried: Денес се враќам со нова сила на старото вежбање. Се надевам резултати за мн брзо, а и некоја слика за споредба со таа втората во април.
     
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Пак јас се моткам низ темиве со диета и фитнес :tmi:

    Од денеска пак почнувам со вежбање на орбитрекот комбинирано со медицинската диета па ќе пишам резултати ако воопшто има.

    :hai:
     
  9. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Баш сега гледав тоа Тае Бо многу помагало. Имало видни резултати за една недела. Па пробајте . НА youtube напишете tae bo level 1 и додека не направете се како нив и толку да издржите не преминувајте на друго. Па со среќа. Мене плочки малку почнаа да ми се прават ама и јас учествувам во предизвикот. ВЕтувам оваа ми е последна чоколада штп сега ја јадам. :$
     
  10. Celest

    Celest Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Здраво девојки, еве и јас се приклучувам на предизвикот иако ова ми е одамна предизвик. Значи накратко да ви ја раскажам мојата историја со слабеењево и вежбањево :) . Некој да ми кажеше пред 3 години дека ке станам зависна од вежбање ке се убиев од смеење :rofl: , ама па сеа не ми е така смешно. Кога завршив факс имав 72 кила (максимум сум имала 74 кила) висока сум 166см, ми пукна више филм и купив Орбитрек, иначе закон машина. Се фрлив на вежбање, ко да сум се фрлила на сладолед и чипс :rofl: мојте дома се крстеа :^) . Не ослабнав којзнае колку некаде околу 2 кила ама немав строг режим на исхрана и + не бев запознаена со сите можни финти и совети за вежбање. Почнав да стагнирам со слабеење, но затоа пак се затегнав, добив суоер кондиција и целулитот почна некако да се намалува. Почнав по 2 литра вода на ден да пијам, додека вежбав правев сауна ефект на нозете, за на крај Орбитрекот да ми здосади :@ и ми се одмили скроз. Минатово лето ја држев УН диетата, но не вежбав уопште зашто ми беше ужасно жешко и неколку пати ми се случи да ми се слоши и баталив, само ја држев диетата, но и од неа ништо посебно не се деси, кој знае што чудо ке бев :swear: Значи заглавив на 66 кила и толку, застој во сообраќајот :D Ме фати страв зимава пак да не рикнам у килажа, и чепкав по нет и ја најдов Jennifer Nicole Lee. Е таа типка дефинитивно знае што прави, а вежбите и се закон. Вежбите и се комбинација од аеробни вежби и тегови за рацете со кардио во исто време и дефинитвно после 2месеци вежбање сеуште не ми се здосадени зашто постојано се менуваат. Ефектот после 2 месеци вежбање секој втор ден по 45 мин ( не вежбам кога имам добиено) е феноменален. Зима е, внимавав на храна ама колку можев во зима со слави и празници, целулитот уште малце и збогум :rock: , кондиција неверојатна, никад у живот не сум била толку флексибилна, ми се промени држењето на телото, се исправив, се стегнав... + ептен ми се забрза метаболизмот, знам да си каснам чоколадо, а да не ми биде после криво. Повеќе протеини (месо, јајца,соја, јогурт и сл), леб исклчиво црн, легуминози за ужина, овошје и зеленчук во изобилие јадам, зелен чај и магдонос, вода, кафе со малце млеко и малце шеќер, се избалансирано и без мешање на скроб и протеини...тоа му е мајката. Деновите кога не вежбам гледам барем саат време да скитнам надвор по улициве...и еве ме после два месеци 62 кила, газот не ми виси, фармерките си ги стеснив...до 30 јули (тоа ми е краен рок) планирам да стигнам до 55-56 кила, како што си бев некад, таа тежина ми одговара на мојава висина. Ви ја препорачувам типкава, дефинитвно знае што прави, зашто и она самата имала 90 кила, па скинала 31 кило со вежбање и победила на натпреварување за бикини модел. ја има на јутуб со вежби, нема да се разочарате, јас не се разочарав :rock:
     
    На BurstBerry и lackygirl им се допаѓа ова.
  11. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Мене почетниот предизвик ми е да стекнам навика да вежбам редовно. Да не престанам по 2-3 недели.
     
  12. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501

    Гледам нема активност во темава, па да ја освежам со еден update од мене.
    Еден килограм помалку, јееее. Вежбањето сега е со зголемен интензитет, посилна сум, поиздржлива. Сите фармерки и панталони ми се широки. Стомакот е рамен. Обемот полека, но сигурно се намалува. :rock:
    Добив пофалби. Се израдував. Тренерот ми вети дека до мај ќе бидам slim & fit. Не се откажувам, со радост одам на тренинг, а богами и се враќам. :D
     
    На Cacy, mia9184, XMaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Ај да си се испофалам и јас :D
    Веќе трета недела редовно вежбам , паузирам 1 до 2 дена во неделата.
    Вежбам отприлика по час до час и половина ,во зависност колку време имам. Правам комбинации од стомачни ,вежби за нозете и задникот ,зумба,бум бум (брасилиан бат лифт) и скокам на јаже (барем 500 дневно ).
    И има мали резултати ,се забележува затегнување на нозете :)
    Што се однесува до исхраната ,ја држам диетата на ирена ,но поради празнициве малку прекршував со благо :tmi: па затоа шеткам горе доле со килажата,ама јавно ветувам нема повеќе :P
    Ќе се трудам да продолжам со ова темпо до летово. Бич боди хир ај кам :D
     
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Кој ќе се фали а, а, а?
    Јаааасссссс.

    Да ви кажам под ослабев и тоа доста, со конкретни резултати на 01. Март т.е. утре или задутре.
    Иначе стомаков ми е доста спласнат, не ми како подуен, туку се послаб и послаб ми е 8) , и струкот ми е ослабен.
    Е сега нозете малку, што ме изненади, зошто секогаш нозете први ми слабееа, ама па си викам стомакот прв ми ослабе зошто таму имав најмногу за слабеење, сега посетепено почнуваат и другите делови.

    Последниве две недели ја држам диетата на Ирена, ама забушавав со вежбање :tmi: .
    Имам некои непланирани овбрски што ми излегоа, а морам секојдневно да ги извршувам, паралелно и морав т.е. морам да учам, па и немам многу време, но не се откажувам тоа НИКАКО!
     
    На Shery и nela.oh им се допаѓа ова.
  15. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Баш ми е мило за сите што имате резултати.

    Јас се повратив после болеста и вежбам секој ден без исклучок, храната ја доведов до еден ред, внесувам одреден број калории според мои пресметки колку ми се потребни за да слабеам.
    Има резултати веднаш, половината ми се намали... облеката ми стои подобро. По вага не се водам, не ми е битна килажата, а и плус знам дека во место ќе тапка ради вежбањето и мускулите. Па ако се мерам ќе се разочарам :D
    За кратко ќе бидам спремна за стомачни вежби и истите да се познаваат до април или пак, во краен случај доволно ќе ми е ако до април го запазам затегнатото стомаче.

    Уште ако ми го поправет апаратот деновиве ќе сум пресреќна, да сликнев сега и после да видам до април преку слики кој е ефектот. Вака не ми е веродостојно по моја проценка да се водам :D друго е со доказ.
    Ајде бидете великодушни, пратете некој апарат :lol:
     
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.641
    Допаѓања:
    6.468
    Хмм, јас да си поставам едно прашање. Отсекогаш сум имала рамен стомак зашто сум си природно слабичка јесда не ми бил затегнат. Висока сум мислам 158 а имам 50 кила со некои мали варијации, некогаш имам за едно кило помалку,некогаш едно кило повеќе. Имам физичка активност од 7 месеци-8, значи спортувам..ама сега бев 2-3 недели болна и запоставив вежбањето а јадев повеќе и веднаш почна да ми се опушта стомакот, ми се поду. :( Сега пак почнав да вежбам ама заради школово отсуствувам по некој тренинг и стомаков.. хее-хе. :D
    Имам малку вишок значи, спојлери имам ама ако малку го потсоберам и стегнам се забележува во горниот дел блааго познавање на две мускулчиња. :D :D ..Или можда јас само си ги замислувам. Е сега прашањето ми е каков тип на стомачни да правам и по колку сега од почеток пошто уште не сум влезена во кондиција како што треба, и како да ги стопам непотребните масти. Сакам до мај, јуни да ми се познаваат стомачните така да пуцајте. 8)
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Што убаво сите се фалите...Јас од почетокот се навежбав односно се изморив...и сега планирам од утре да почнам ама СТВАРНО :!: :) Пополека... :)
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ете се мерев со шивачко метро, и да ви кажам дека во просек по некои 3 сантиметри сум ослабена во сите регии. Мерев струк, стомак(во висина на папук), па доле стомакот, онаму кај што се слива (висина на половина) и бутот.
    И ви кажав негде 3,5, негде 4, негде 2, ама ослабена сум, вака од ракав ќе треснам дека ете можда некои 2-3 килца се тоа.

    Некој ќе рече малку за цел месец, ама мене не ми се малку, таман се, помалце од кило неделно, што е според мене природно. А овие полека и природно изгубени килограми најтешко се враќаат.
    Со вежбањето забушавам, ама пак не се откажувам, кажав вчера.

    Иначе и Петко е со мене на режимов на рестрикции и на диетата од Ирена, и кај него има резултати, и тој е подослабен.
    Првата половина на Февруари јадевме све и свашта, во помали количини по некој наш режим, но последниве две недели бевме на диетата од Ирена и мислам дека од тоа ослабевме.

    Планирам и овој и наредниов месец да си продолжам со овој режим, па ако иде вака како досега во Мај ќе бидам пресреќна, со минус некои 5-6килца, што ќе ми биде тамански.
    Стомаков не ми е подоуен, баш си е онака сега природно малце само подрипнат, ама тоа си е салце, на кое му треба време да се истопи, али и тоа ќе биде, само полека.

    Единствена лоша ствар е што ми се направило целулит, може и претходно сум го имала ама не ми се приметувал толку, сега не е којзнае колку воочлив, ниту пак многу, но јас никогаш не сум го имала.
    Сега покрај на стомаков, му објавив војна и на целулитот, ќе го решам до Мај, па мајка Јана нека ми е.
     
    На irenna и Celest им се допаѓа ова.
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Ја почнав четвртата недела како вежбам 4 пати неделно на Орбитрек по 30 мин.
    Нов предизвик - зголемување на минутите +10 и -3,4 килца до 1ви Април 8)
     
  20. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Да се пофалам и јас.
    Пак сум подослабена, не знам колку, не се имам мерено ни на вага ни во обем, туку приметувам по фармерките.
    Вежбам 4 пати неделно, поактивно последниве две недели (сакам секој ден ама не можам, немам некои услови тука) и забележувам дека мускуливе на стомаков и половинава ми се подзацврстени од претходно. На нозеве ми беа добри и пред да почнам да вежбам, но сега се подобруваат. Задоволна сум, не е кој знае каков резултат, но мене за почеток ми е задоволитетлен и ми е добра мотивација да продолжам да го обликувам телото, не се откажувам!