1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Фитнес-предизвици

Дискусија во 'Фитнес' започната од Lux, 19 јануари 2012.

  1. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    4.776
    Имам пред мене ооогромен предизвик.
    P90x - 3 месеци!
    Се бара од мене да не забушавам,да дадам се од себе.Мотивација и инат веќе имам.

    Before and After P90x
    [​IMG]

    Бидејќи три месеци се во прашање не идам со ригорозна диета.Од вчера ја почнав таа на Иренна.
    Ќе ви пишувам резултати :)
     
    На inn му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Ајде и јас да дадам еден рапорт. Значи вежбам три пати неделно тае-бо, после тоа еден час вртам на орбитрек и на крај малку вежби со тегчиња за бицепс, трицепс и рамо. За слабеење мислам дека сеуште нема некои значајни резултати, но почнав со диета и чекам да се подзастопли малку да почнам со џогинг. Имам и слики од пред да почнам да вежбам, но ќе ги споделам на крајот од предизвикот заедно со тие кои ќе ги сликнам тогаш.
     
  3. T-cent

    T-cent Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    12
    Ае и јас да си кажам.. од понеделникот почнаф да одам на фитнес, дури да појдам на фитнес имам 15 мин пешачење и 15 назат :) јадам еднаш на сабајле и еднаш ко ќе си дојдам од таму, сега уште да се обидам да не јадам толку благо и да пијам поќе вода и се ке биди како подмачкано :!:
     
  4. The.Little.One

    The.Little.One Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    6
    Е девојки и јас од денес почнав.. си вежбам стомачни на почеток само по 50 да не се напнам наеднаш па да ми се воспалат и мускули и све па за џабе сум почнувала.. и некои други вежби за затегање газе ова она :P :lol:
    Морам до крајот на мај некаде да издржам да бидам за летово тип топ стегната.. малце иам проблем со моиве "љубовни перничиња" или сполјери кои ги мразам премногу и ми сметаат! Али ај да се надеваме дека ќе ги снема.. 2ипол месеци па и не се баш малку за да се стопи моето не многу големо стомаче :$
    :* :*
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува! Толку сум даун и покрај преубавово време и прекрасниот ден денеска.
    Јас ја отворив темава со идеја и со предизвик, и не знам што ми се случува, како клетва да ми е фрлена, ја место да ја одржувам линијата и да слабеам ја се здебелив :o :devil:, 4ри кила не е којзнае каква бројка, но побогу како можеше вака рамномерно да се здебелам буквално во секој дел од телово за месец ипол?
    Ми се плаче, ми се рика(се срамам што вака јавно признавам,ама тоа е, им плачев дома на моиве три дена, засрамота) И многу сум разоачрана и уништена од ваквиов одговор на телово, зарем се да ми падне во вода, цел напор и труд и одкажувања?
    Си викам не е можно вака да ми враќа, ама ете било можно, фала му многу, крајно ме разочара, ако до пред 2 месеца ме правеше среќна(не слабиот изглед туку чувството кога ги носиш омилените фармерки и прекрасно ти стои секое парче облека) сега за жал не е така, ама ќе сторам се за ПАК да биде, јака сум јас, можам. Ми треба поддршка и некој совет плус, во заблуда сум сега со вежбањево, ми е страв да продолжам да вежбам да не ги призголемам мускуливе кои моментално многу ме болат(вчера се префорсирав чучњеви) денес возев ролери, не знам кои вежби да ги одберам и дали орбитрекот ќе ми помогне за слабеење(иако знам дека помага, ама ми е страв).
    Утеха ми е тоа што имам искуство со слабеење и успешно имам симнато 20 кила па си викам кога можев пред три години толку да сметнам зошто да не и 4ри кила, ама не знаев дека ќе ми претставуваат олкав терет и товар и измачување и психичко и физичко. Проклета да сум, и проклето нека е се што сум внесла в желудник! :x
    Ми иде да престанам да јадам(знам дека е штетно да не се јаде и дека може да настанат други компликации, ама толку сум разочарана.)
    Друга работа е што очајно ми треба и сакам да ги снема овие кила и зголемени облини во што е можно побрз рок, ако се може и за десет дена ќе направам се само да ги снема, спремна сум и два саата да вртам на орбитрек и да јадам пет дена само овошје, ама не е тоа тоа, ми треба некаков показател уфф не знам и ја веќе што ми треба....
    Најмногу ми е мака што многу труд имав вложено и што се здебелив во обем, ај да беше само во кила, зошто 4ри повеќе од мојата идеална(според моја замисла, во кила според табели килажава ми е идеална) не е нешто премногу, ама премногу е да ми се затеснат фармерките, да ми се прошират колковите и слабинките и малку да ми се подуе мешето.
    Разочарана, НО НЕ НЕПОБЕДЛИВА, УПОРНА И СЕУШТЕ МОТИВИРАНА, здебелена :worried: и тро проширање со желба да се врати старата Лукс.
    Мојата исповед на рапорт во долгометражен пост. Фала на сите што ќе го прочитаат...
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Лукс... добро се сеќавам на едно мотивирачко видео што го имаше направено, погледни го сега сама затоа што твоите сопствени совети од некогаш се се’ што ти треба сега. Нема магичен начин, продолжи да си вежбаш затоа што и да се создадат мускули од тоа - нема да биде сало, а вишокот ќе го стопиш само со здрава редуцирана исхрана. Рецептот не може да биде поедноставен кога е кажан вака, но бара жртви и упорност што си способна да ги дадеш, си се докажала во тоа. Ако ти е страв од фитнес и орбитрек, побарај само вежби за истегнување (посебно торзии за струкчето) што ќе те вратат во добра форма.

    Разбирам што си се разочарала, но плачење и паѓање во депресија воопшто нема да ти помогне, напротив - потребна ти е сила и упорност.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  7. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Де, де, де, ко рогови и опашка да ти пораснале па сега сите ќе ти се смејат :D. Ај да си ја загубила сенката како Петер Шлемил па да тажиш, ама 4 килца :D . Што се за тебе 4 кила да симнеш, детска играчка ;).

    Ако ти треба нешто поконкретно што да јадеш и вежбаш ќе ти напишам иако верувам знаеш и самата ама признај ти се јаде а не ти се вежба, камо јадењето да беше вежба сите ќе беа топ развежбани :D.

    Морав малку хумор, живни, не е трагедија а тоа што си проширила колкови е баш секси :P :D.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ливинг :hug: фала што ме потсети на видеото, не ми текнало да го пуштам, во право си, морам да бидам истрјана и упорна.
    Хмен ме насмеа :) фала ти за тоа, за јадењето, во последно време после разочараноста ич не ми се јаде, а за вежбање кога се мора и да не ми се вежба-вежбам(инатот и совеста не ми даваат да невежбам)
    Не знам дали да ја продолжам УХ, до50ти ден ќе ја држам и ако нема ефекти ќе ја прекинам дефинитивно иако ми беше добитна комбинација пред многу време.
    Само колковите да беа лесна работа, рамномерно бе, рамномерно по цело тело фрлив салце :devil:
    ЕДИТ: еве го видеото http://www.youtube.com/watch?v=6Bw2f24Y ... oTSWJ97Co=
     
    На XMaN и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Лукс ако ти е некаква утеха јас веќе трета година како си качувам и си симнувам (овој пат сеуште работам на тоа) горе долу околу 10 килца :tmi: Пролет и лето се доведувам во ред, што со исхрана, што со вежбање ама затоа пак на есен и зима паѓам под некаква депресија и утеха наоѓам само во полниот фрижидер. Чиста среќа што имам еластична кожа инаку ќе бев божем зебра од стрии.

    Туку друга работа што сакав да ти ја кажам, поважна. Од диетата на Ирена имав лично негативен исход т.е. накачив 2 кила за 2 недели и покрај тоа што не се осеќав најадено и плус внимавав што и колку јадам. Е тоа не да ме докусури... покрај целото салце што го натокмив зимово тоа како ѕвезда на елка ми дојде. Сега терам на УН (имам и јас позитивно искуство од оваа) и се мерев пред недела можеби и ги симнав тие 2 кила, а сега можеби и повеќе. И немам намера да се откажам овој пат ќе ги држам сите 90 дена макар и да ме снема ама морам да го променам овој проклет метаболизам. Така да еве мој предлог е да продолжиш да ја тераш (со исклучок на големи дози суво овошје, бадеми, лешници и ореви) и заедно со Орбитрек се супер добитна комбинација и тие 4 кила ќе ги симнеш за 2-3 недели сигурно. Тоа што е скоро наталожено брзо се топи, она што си тлее со години е поголем проблем.

    Од мене имаш поддршка и ајде заедно во борба против салцето :punch: :)
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    Лукс ти плачеш, ама за ќотек. Чудо големо ако си накачила 4 килограми. И јас се пофалив пред извесно време дека имам 1 килограм помалку, па еве сега си го вратив. И јас се придржувам до диетата и 3 пати неделно по 2 саати вежбам во теретана. И не се откажувам, се борам и се мачам. Силна сум бе!
    И НЕМА гладување и форсирање со вежбање, добро?
    Нормално вежбај си :sweat:, мастите ќе се стопат, верувај не е така лесно мускули да се набилдаат. За тоа треба бајаги време, многу вежбање и којзнае каква исхрана со суплементи. УН диетата ако ти годи продолжи со неа и се ќе е ок. Не се преоптоварувај со тежината, опушти се и не се качувај секој ден на вагата.
    И да, предизвикот беше за до мај-јуни, а дотогаш има време.
    Нема откажување. Само упорност. Силна си, можеш! :*
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.190
    Пол:
    Женски
    Лукс, можеш да успееш, не се разочарувај, знаеш и самата колку е упорна шкорпијата :) ;) кога ќе сака да постигне одредена цел :) Вежбај упорно, периодично за повторно да се навикне самиот организам и внимавај многу на исхраната, особено да не се обемни оброците, не јади грицки и слични работи, тие најмногу придонесуваат за поправање, повеќе вода пиј, неколку чаши дневно, но тоа да не е премногу, а најдобро е насабајле и навечер пред спиење, една-две чаши, затоа што тоа е исто како да го измиваш организмот одвнатре, самиот организам ќе ти даде знак колку се доволни.Мислам дека вака ќе биде подобро и полесно :) Совет од една шкорпија :D :hai:
     
    На Ema.Sk и Lux им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.212
    Допаѓања:
    56.852
    Пол:
    Женски
    Лукс уште еден совет од мене, додека уште има ефтини грејфрути. Купи си некое килце и половина час пред секој оброк јади по половина грејфрут. Ова е докажано со многу истражувања дека дејствува со топење на маснотиите.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дечки фала ви на сите за утешните зборови, да ви се пофалам (вчера пишав дека вагата не мрднува), ама сабајлево се мерев и имам симнато 1 кило. Толку толку, битно почна да се слегува надолу што ме радува. :)
    Ми значи вашата поддршка, се надевам до крајов на месецов ќе се фалам со изгубени килограми. :o:
    Шишето до мене, пола час извртен на орбитрек, 30 чучњеви и 10 минутно(немојте да ми се смеете) трчање околу врати. В ходник си трчав едно добри десет минути :lol: мојата инспирација и мотивација не се изгубени и покрај се.
    После планирам пак да се потам и да завршам со вежбање за денеска, а вечер масирање со копија на рилекс енд тоун. И тоа би било тоа.

    Грејфрут и цитрон едно исто е, она што горчи така? Ако е да, изедов прееска еден(денеска ми е овошниот ден)
     
    На JaneAusten, anabel-a, Artemission и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271

    Од целиот твој пост, само ова ми остави впечаток. Иако е малку навидум тажен, но колку си упорна во се, нема сомнение да ќе постигнеш многу. Четири килограми не се ништо, ќе ги стопиш за една- две недели ;) .
    Очекувам/е позитивни резултати за многу брзо време! Само напред, без предавање.
    Верувам во тебе :) .
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Фала ти Серафима, нема да дозволам првобитно да се разочарам самата себе.
    Мора да има успешен завршеток и без никакво предавање. Јас сум ти борец(колку работи имам преживеано ехее), не се одкажувам лесно, не пак во борба каде што еднаш имам извојувано победа.
    Ќе извојувам по втор пат и веќе никогаш нема да дозволам да се повтори ова.
    Немој сега да помислите оваа леле којзнае колку се здебелила и кука овде или што и е на оваа за четири кила тажи и плаче, ама верувајте не е лесно, не е посебно за човек како мене кој многу време и труд вложи во своето тело, за на крај да изгледа како ич да не сум се трудела(а верувам се познава дека сум вежбала, истите фармерки ме собираат само со помалку простор и маалку поинаков изглед и со малку зголемено меше).
    И ич не се каам за потрошеното време во вежбање или за деновите поминати без кришка леб, зошто знам дека тоа е здраво и со тоа правам две добра.
    Едно добро за здравјето -во здраво тело здрав дух, друго добро внатрешното здравје и чувството на задоволност и сатисфакција од сопстевеното тело.
    Ми се чини колку и да сум стегната и слаба никогаш до крај нема да бидам задоволна од своето тело(имам плус причина), а и сум строга кон себе.
    Тоа би било тоа, следен пост во темава сакам да ми биде со фалење за изгубени уште некои килца.
    :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Лукс, ако додека трепнеш се здебели, на истиот начин можеш и да ослабиш. Само не се нервирај! Нема ништо да добиеш со нервирање.
    Сега времево е потопло, а се менува и часот, повеќе време минувај надвор, пешачи, трчај, што и да е, а така и помалку ќе мислиш на јадење, кога си надвор во движење. ;)
     
    На JaneAusten и Lux им се допаѓа ова.
  17. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.903
    Вежбам со вежби за стомачен појас,но не класични стомачни вежби,за намалување на струкот и обемот,ги вежбам вежбите на Тифани на You Tube,а додека вежбам за поголем ефект да има вежбањето користам сауна појас електронски кои поти само во пределот на стомакот,а назад не и да ви кажам во просек од 10 дена се губат 2см на обемот.Испробано :hai:
    Исто така секоја вечер правам 30-50 чучњеви за подигнување и зацврстување на задникот.
     
    На JaneAusten му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sawyer

    Sawyer Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2011
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    3.034
    Пол:
    Машки
    Еј,а може да се мами ? Јас на пример имам плочки више година и нешто,дури почнав да забушавам со правење стомачни,па да ставам слика од минатата година,дека боље ми беа од сеа :^) :P :D
     
    На JaneAusten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.156
    Допаѓања:
    138.704
    Се преправам дека не ја гледам темава.
    Ништо од тоа што реков не направив, а малку работи имав за правење.
    За ќотече сум!
     
    На JaneAusten му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    ^ Леле и јас :wasntme: :$
    Симнав само едно две килца од омразените пет..
     
    На JaneAusten му/ѝ се допаѓа ова.