јас си задавам предизвик дека за еден месец почнувајки од утре ќе симнам 4 кила. ќе вежбам и ќе трчам виш ми лак
Лејди ја ти се придружувам. До крајов на месецов мора да се симнат 4 кила. Со лесно нека е. Само толку ќе кажам.
па ќе споделиме што како. хаха мислам дека морам нешто поригорозно , и плус доста исти желби на кафе тапшам хахах
Две недели не сум пишала во темава Ај па да се пофалам. Сеуште сум на истата стаза- диета и 3 пати теретана. Добро де, диетата почнав да ја прекршувам т.е. си каснувам и благо понекогаш, ама леб, тестенини и газирано никако. Сепак килограмите се намалуваат. Всушност и не ми е толку битно колку кила имам туку колку од тоа е сало. Мускули видливи на рамената и грбот, дури и пофалби добив, што да бидам искрена уште повеќе ме мотивираше. Обемот на нозете е мноооогу видливо намален. Во сите фармерки влегувам, дури и оние од пред 6-7 години. Стомакот е рамен, освен малку оној долен дел Спојлер (Xman точно знае кој дел ) што е најтежок за дефинирање. И пак ќе кажам само упорност, без откажување и разочарување и секако вежбање и здрава исхрана. Резултатите се загарантирани. Со лесно на сите...заедно сме посилни
Многу ми е мило ко ќе прочитам успешна сторија како на Свити твити, браво ! Кај мене уште ништо, ќе ве известам за неколку дена што како. Мора да сме упорни. Заедно сме посилни
Јас вежбам редовно со години. Но, во зимските периоди од самото седење, дури и вежбите не даваат некој посебен ефект, но колку толку ме `држат` во форма. Значи слаба сум, но зимава изгубив цврстина и еластичност околу бедрата и стомакот. Отакоко се затопли почнав со поактивно вежбање и уште повеќе пазење на храната. Но, не знам зошто, после две недели ме фати ненормален апетит, јас дури се здебелив 2кг. Навистина се чувствував виновно и си се лутев на самата себе си. Ама, помина тоа чувство и еве се вратив назад да продолжам по патот. Не се префорсирвам, за да немам контра ефект и за да не бидам на лице испиена и уморна. Малку по малку, има време до на лето.
Фала Лукс, многу значи поддршката. Ти немој да се преоптоваруваш, опушти се и уживај, и покрај тоа што некогаш вежбањето е болно и напорно. Држи си се до твојот план и режим на исхрана и верувај дека ќе има резултати. И по не знам кој пат ќе речам: Нема откажување, разочарување, гладување. We are strong and will be slim and fit
Се вклучувам и јас во предизвиков поради еднен злобен коментар што добив Ама си создавам мој, до јуни некаде додека фатат горештините, сакам да се стегнам малку За почеток ќе ги правам овие вежби, ми изгледаат добри, а и гледам според коментарите се задоволни, па ќе пишам ако има резултат http://www.youtube.com/watch?v=TeHSOuEW8l0 Чао
Признавам дека не вежбав претходниов месец Ме нападна лош вирус и плус додаток кашлица, кои ме дружеа цели 3 недели....Немав сила да дишам, а не па да вежбам Среќа што барем исхраната си ја терав како и обично, па за среќа немам качено килограми, или некој цм плус во обем. Самото тоа ми е мотивација да продолжам со малку понтензивно вежбање, придржување до исхраната и возење ролерки. Само уште времево да не послужи за ролеркиве....
До први септембри ќе симнам од 5 до 10 кила, а ако можам и порано! Ќе го изобликувам телото со скоро секојдневно вежбање!
5 кила за месец дена морам да симнам, морам! Поентата е што редовно вежбам, се исхранувам здраво и сега? Пак стојат тие пет кила. Морам да се префрлам на диета. Ко што доаѓа напорен период за мене ќе ја ставам храната во втор план и ќе почнам со некоја диета. И а да, морам дупла доза вежбање. Ахх, лето мора ли да дојдеш пребрзо? Дојди штом ќе ги симнам килцава. Однапред сум ти благодарна.
Од денес почнувам со мојот предизвик Да се здебелам барем 3-5 кила. А и воедно ќе сум физички активна, само времето да се попрај малку
Предизвик: Од Понеделник да се вратам на вежбањето и -2,3 кила до мојата идеална тежина (не дека ме мрзи од утре туку нема да бидам дома неколку денови за празников ). А до кога? - вежбањето да си биде континуирано, да створам навика, а за килцата си давам 2-3 недели најмногу, не ми се брза.
Oд денес Brazil butt lift + Hip hop abs + теретана значи секој ден по 4 саати вежбање...овие 4 недели,за другиот месец здравје планирам и професионално...исхраната - само протеини,единствен јх е овошјето сабајле за доручек (до 13 часот) после тоа само протеин (варени јајца,стек,туна,телешко,печена риба,шопска или марула салата).Епа нек се угоде
Од денеска го почнав мојот предизвик трчање и вежбање и секако намалена исхрана и очекувам пролетва, па и некој ден од летото јас веќе да бидам послаба 10, а може и 15 кила. Само упорна да си бидам ништо повеќе
Мене ме интересира колку време пред/по вежбање е најдобро да се јаде? Ако јадам 2 часа пред вежбање потоа кога вежбам ми е тешко, а ако јадам после вежбањето имам чувство дека правам нешто што не е добро, дека така џабе сум вежбала, а секаде читам различни информации во врска со ова. Знае ли некој како е правилно?
Арно си правиш што јаддеш пред вежбање 2 часа, но гледај да не е тоа некое мрсно јадење, за да не ти се стежува. Најдобро пред тренинг е да јадеш јаглехидрати (шпагети, банана, ред темно чоколадо)- даваат највеќе енергија. После тренинг јади нешто по лесно супа, салата...
Ако пред тренинг јадеш здрава и лесна храна нема да ти биде тешко. Ама да биде барем еден час пред вежбање. А еден час после вежбање храна богата со протеини.